се обложувам дека пред типкава никој не може да е рамнодушен ! или ја сакаат или ја мразат ! можеби нема глас ко марија шерифовиќ или ко јелена розга ама има стил на кој сите би и позавиделе.јас со нетрпение го очекувам концертот на 20-ти ноември, и единствено стравувам тоа што немам сеуште набавено карти, па да не се сите распродадени ? како и да е , очекувам добра забава на 20-ти со јк. а вие? ќе одите ли и колку не има на форумов што ја обожаваме?
јелена карлеуша Распродадени? Хахаха Се кладам дека до последна секунда ќе има карти. Карлеуша ќе направи шоу на концертов. А сепак Карлеуша нема ни 1 асална песна, ниедна. Додуше освен Слатка мала и грдана песна Инсомнија јас друга не и знам. Кога пее таа јас тампони во уши би ставила. Ама дека е шоумен, нема тука двоумење. Девојката не ја интересира ништо, си живее свој живот, има свој стил, кој си го фура без око да и трепне. Има толку за неа трачеви, а гајле и е. Иако јас мислам по тоа што го имам видено на Големиот брат, Карлеуша е една девојка зад сцената, а друга кога е на сцена и пред публика. Нека си продолжи да си биде ексцентричната Карлеуша, очигледно си има фанови, јас само чат пат може да ја видам како се облекла на некои настапи и сл, ама последен концерт да е на светов јас нема да отидам.
јелена карлеуша Ниту ја сакам ниту ја мразам.Ја слушам понекогаш по дома,ама нема да одам на концерт.За неа ни 20 ден. не давам Мене ми е многу глупа и воопшто не ми се допаѓа нејзиниот стил.Целата е силиконска-ни тоа не ми се допаѓа.Единствено нејзино што ми се допаѓа е мажот и. Има некои добри текстови,ама што кога сите песни и се украдени.А и врска нема од пеење...Ама да е позната,позната е,и стварно често пишуваат за неа...
Значи да ни донесат едно обично дрвце од државиве во бивша Југославија ние можеме од него да правиме идол. Женава нема ниту г од глас. Ама тоа е, виделе цицки и задник и оп - баш је лепо бити ја. Мада не знам што толку убаво гледаат во неа - комотно Лего коцки можеме да си направиме. И фалат уште многу скалила за да се карактеризира како пејачка, а за ѕвезда да не зборуваме. Песните и се катастрофални. Никаков концепт, замисла, емоции, наравоучение...
Воопшто не сум фан на Јелена Крлеуша! Нити ми е убава нити пак пее нешто посебно! Се разбира не одам на концертот!
е толку негативни зборови не очекував ! има добри песни, само треба добро да се заслушаат вие сте создале грда слика за неа и нормално-уште пред да слушнете некоја песна не чини ! сепак, секој со свој вкус нели? штом не одите останува да пишам после 20-ти како било. а очекувам невиден спектакл
Значи пари да ми даваат да одам нема да отидам. Сум слушнала 2 - 3 нејзини песни и искрено не гледам ништо убаво во нејзиниот начин на изразување и интерпретирање. Да видиш какви концерти има, ретки се тие што остануваат рамнодушни. Изливи на емоции, солзи, врискања. Публиката дише како едно во такви моменти. А ова се сведува само на џингрлака џикица. Гајле ми е што нејзиниот сегашен се сплеткал со нејзината другарка, а она го варала со нејзиниот поранешен.
Дол па убаво да си поминеш на концерт,па ќе ни ги кажеш впечатоците.Инаку за Карлеуша имам неутрален став.Не ја слушам,знам неколку нејзини песни од тоа што другите ја слушаат.Можам само да кажам дека на тие песни што ги знам,на сите е украдена музиката,се е плагијат.За да направи шоу можеби ја бива,но изгледа премногу ја форсираат.За физичкиот изглед што да кажам ептен ми е вештачка,како некоја кукла од излог.Нема ништо кај неа што би било во мој стил ниту музика,ниту изглед, со ништо не ме е импресионирала. А за тоа колку е интелектуална неможам да кажам ништо никогаш не сум ја гледала во некоја емисија,не сум читала неко нејзино интервју незнам ништо за неа, а ниту пак се трудам да дознаам.
Си фура некој филм и баш ја заболе што мислаѕ за неа. Едино тоа ми се свиѓа. Другото што да се каже. Не мислам да одам на концертот да слушам некој како рика. И така има доста рикање, без неа
Знам само две песни од неа: таа Слатка мала мислам дека се викаше (и тоа ја знам зашто ја пееја во Големиот Брат, правеа некој спот) и Инсомниа што ја отекоа сите (и што е плагијат невиден, вистинската верзија ми е поубава). Не ми се допаѓа како пејачка, не ни ја следам. Од она што сум ја слушнала знам дека нема гласовни способности, сака да направи шоу, ама не е оригинална. На концерт дефинитивно не одам.
Не ја сакам ич.Некако ми е вештачка,но секако секој има свој вкус.Негов избор негов живот.И кажи ни како ке си поминеш
па добро сега и јас не ги знам сите нејзини песни на памет али за разлика од поранешните овие новите се баш супер.
Не ја слушам, немам ни добро ни лошо мислење за неа, ама ќе одам на концерт чисто од љубопитност. Сепак Карлеуша не е пејачка која често доаѓа во МК, ова всушност и е прв концерт. А со оглед на тоа што долги години е на сцената, вреднувана е како една од најголемите музички имиња во Србија. Концертот во Белград бил на многу високо ниво, па се очекува нешто слично и кај нас. Ќе видиме во сабота А од песните и ја знам ИНСОМНИА, и уште неколку од постарите... КАко „Жене воле дијаманти “ А тоа дали е целата од пластика или не, воопшто не ми пречи,
абе не дека ја несто којзнае колку ја сакам, не дека сум нејзин фан, ама знам една добра песна од неа добар текст во секој слуцај http://www.youtube.com/watch?v=9d9qJbz9vhk
Нити ја слушам , ниту пак гледам. Се сложувам дека е пластична, посебно устата и е за никаде. Постов го пишувам само затоа што се сетив на една стара видео лента на братучед ми од 90 тите и многу убаво се гледа таму дека нема ни ц-од цицка, ни у- од уста. Така што , на кој му се допаѓа нека си купи карта и нека оди.
Тело гром - фаца лом! Нит ја слушам нит сакам. Едино таа Слатка мала ми се свиѓаше, интересна беше. А онаа Инсомнија, ми се повраќа од неа еве вака исто