Замислете колку смрдела. Да носиш живо месо на тебе тоа смрди Колку е проѕирна со постапкиве, желна за внимание. На овој или оној начин. Оваа да излезеше на времето кога растураа Агилера, Бритни, Пинк, Џенифер Лопез, Бијонсе, никој немаше ни да ја зауши. Само светов е во неповрат отиден и веќе се е нормално. Нормално е кој поголем кловн ќе излезе. Постојат 4 рода. Женски род Машки род Среден род И четврти род - изрод. Оваа е во четвртиот.
Јас дури сеа глеам дека е од кременадли цела Колку луѓе немаат за јадење она капчиња и чевличиња си прави
За мене ова е преминување на црвената граница. Толку е одвратно и одбивно, што дури кога коментирам за овој фустан(ако така може да се нарече) се гадам. Разбирам желба за внимание, да се биде поинаков, ама ова е веќе претеризам. А што е најбитно, сигурна сум дека ни она самата немала толку јака желба да го носи ова, туку го облекла зошто занела дека ќе ја има низ сите медиуми! Заради Лејди Гадна сега доживотно кога ќе јадам кременадли ќе замислувам како јадам чанти и чизми!
Сакам кажам, не знам ШТО да речам е работава за Лејди Гага ОК, дефинитивно донесе некаква иновација на музичкава сцена, само што иновацијата се состои во тоа како да изгледаш ко што поголем идиот за да привлечеш внимание. И што е најстрашно сега сите забегаа по нејзин терк, и тоа веќе ужасно ме нервира, дури и пејачки кои ги сметам за квалитетни како на пример Кристина Агилера. Опни бор машина на глава со љубичици, доле стави танги и најлон ќеса и ајде иди шетај се и привлекувај внимание. Ужас. Видов некои стари спотови како пеела во живо, не е лошо, дури и се дрзнувам да тврдам дека има добар глас, ама ете презаситеност од музика па ајде да привлечеме внимание на друг начин. Мислам, алал и вера, успеа, си го фура своето. Ама мене не ми се допаѓа. Картмен повеќе ми се допаѓа, ма одличен е! <object width="640" height="385"><param name="movie" value="http://www.youtube.com/v/8WnCdf04ba0?fs=1&hl=en_US"></param><param name="allowFullScreen" value="true"></param><param name="allowscriptaccess" value="always"></param><embed src="http://www.youtube.com/v/8WnCdf04ba0?fs=1&hl=en_US" type="application/x-shockwave-flash" allowscriptaccess="always" allowfullscreen="true" width="640" height="385"></embed></object>
Гага се појавила на настап во некој клуб во Њу Јорк носејќи ја оваа, ако може да се нарече креација од коса. Што е следно се прашувам. Инаку ми се гади штиклиштана кога и ги гледам.
Кременадли , коса !? Што е следно ? Од толку пари што ги има не знае што да прави со нив , како и повеќето познати . Јас да имав толку пари на облека ќе ги трошев , а не кременадли . И на нив ама ќе ги јадев
Лејди Гага инспирација за плашило за гаврани ..се изнасмеав Спојлер Лондон, 11 јули 2010 (МИА) - Еден британски земјоделец дошол на идеја да направи плашило со ликот на познатата американска поп ѕвезда Лејди Гага. Најџел Бритен од областа Сара во југоисточна Енглија, гледајќи го настапот на Лејди Гага на овогодинешнто доделување на Брит наградите, која била многу ексцентрично облечена и исчешлана, добил идеја како да се ослободи од гавраните кои го уништувале неговиот посев. Сопругата на Најџел му помогнала да изработи фустан, идентичен на оној копј го носела Лејди Гага. Но тој не бил задоволен само со фустанот, па решил гавраните да ги плаши и со перика со што сличноста меѓу плашилото и Лејди гага била доведена речиси до совршенство. Трудот вложил со плод, бидејќи од тогаш гавраните не доаѓаат на неговото поле.
Без разлика дали ја сакате или не, дали ја слушате или не или дали ви се допаѓа нејзината ексцентричност или не - факт е дека има глас, талент за свирење клавир и пишување хитови(комерцијала е, да, ама само така се прават милиони). Не ја слушам активно, само кога ке фатам некоја песна на радио или ТВ. Ова ми е една од омилените нејзини изведби - http://www.youtube.com/watch?v=l3R3KqrJAI4
Лејди Гага е звезда во вистинска смисла на заборот, барем за мене, знај да пеј, несекојдневна и необична облека и контраверзна за неа
Мене Лејди Гага вака како особа не ми се допаѓа.Се упропасти самата. Песнана Алехандро што ја коментиравте ми е убава . Ама спотот ми е Го видов еднашка и не мислам друг пат да го гледам.Песните и се убав,певливи. А ова со фустанот од месо прочитав негде дека тоа било имитација. Ама не знам колку е точно н ме фаќајте за збор.
Ја обожавам, мислам нема што да ја споредуваме со други се знае дека е најдобра, тие имаа по цели 10 години да се истакнат, таа за 2 години од ништо стана нешто, го освои светот! омилената изведба http://www.youtube.com/watch?v=1nhDwoy79DM
ја сакам многу лејди гага, песните посебно оваа телефон со бијонси! инаку за спотовите, облекувањето..упсс! -соблекувањето ...не е баш по мој вкус искрено, али можам да ја наведам во омилена пејачка
Не ја сакам , ми се гади од неа и сметам дека е потполно дебилна. Се обидува нешто да изведи као у фазон Гага- револуција и сега и дечиштава ќе почнат на неа да се угледуваат. Го велам ова зато што не знам дали гледавте на детската Евровизија имаше девојче кое го нарекувале нешто како втората Гага и не знам ти што. Само знам беа излезени на сцена во грди облеки и се притресуваја ко дамлосани. Жално.
Не сум некој голем нејзин фан но можам да ги слушам нејзините песни. Ми се допаѓаат. Само некако во последно време почна ептен да изведува глупости како што беше фустанот од месо .. не знам мислам дека претерува со ексцентричноста и желбата да биде ептен различна. Како и да е Poker Face песната многу ми се допаѓа и ме потсеќа на убави времиња
Не сум и некој фан, али има убави песнички, да речеме што ти се фаќаат за уво и можат да се слушаат. Не се нешто посебни, туку се онака просечни. Мене најубава ми е Love Game. Има убав глас, ама не до толку како што сите ја фалат, има сто пати поубави гласови од нејзиниот. Она некако и со сто кила шминка не е убава, т.е многу е грозна, а без шминка е страшило.. да не речам. Имам наидено на нејзини слики кога била помлада, дали едно 17 години, имала кафеава коса и била многу слатка. Ама сега.. Ексцентрична е, има интересен стил, ама најчесто знае да претера. А и оваа нејзина слава стекната за неполни 2 години сигурно не е стекната толку од гласот, отколку од однесувањето, нејзините изреки како ' little monsters ' , стилот, мада она повеќе се соблака отколку што се облака ама ајј А и некако песните сите и имаат такви некои мистериозни пораки и се напишани во чуден стил, што ги прави уште попривлечни. Баш еднаш зборевме со другарка ми и ми покажа едно видео, за тоа дека Лејди Гага соработува со ѓаволот ( Луцифер ) ама јас не верувам баш во тие работи. И има превртени песни, на пример таа Paparazzi и незнам како има сосем поинакво значење кога е reversed. А и баш одсекогаш сум се прашувала какво значење има песната Poker face... Ама, ни Лејди Гага не е сама што прави песни со скриени пораки, тоа го прават и други пејачки, еве како Бритни, во песната If you seek Amy.. погодивте што значи? Сепак девојката си фура свој стил, има добар глас и си ја стекнала ко што треба славата.
Славата си ја стекна со појавување во јавност облечена во вреќа за ѓубре, обвиткана со месо или со притресувања како штотуку да ја погодил гром, а не со својот убав глас. И плус текстовите на песните се живи глупости. И сега сите како да се натпреваруваат кој е поголем фрик, отколку кој има поубав глас. Ете на таа листа „Најголеми фрикови“, може лејди Гага да го завземи првото место, а Мајкл Џексон второто. Јесте да и тој беше ексцентричен, ама неговата ексцентричност се простуваше заради тоа што, беше еден и единствен, затоа што воведе нов правец во музиката и постана Крал на поп-музиката, заради неговите вокални и танцувачки способности, кои и ден денес траат и ќе траат. Се прашувам што од тоа има Лејди Гага па да ја простиме нејзината ексцентричност? Се изменија вредностите... Не се цени добрата музика сега. Се ценат Фејм Монстерите (богами поголем монстер ни имало ни ќе има). И на крајот само ќе ја спомнам позитивната работа во врска со дотичната, конечно Баба-Рога може да се одмори. Од сега децата ќе ги плашиме со Лејди Гага...