Пијам чај,многу,секаков и секогаш!
Тоа ми е еден вид на задоволство.КОга бев помалечка тешко беше да ме убедат мислев дека тоа е само кога си болен,ама со тек на време чајот ми стана омилен напиток.Па нели го бидува за во секое време,за зима да се стоплиш,во лето ладен чај како освежување.И плус старите не биле будали штом го пиеле редовно,секоја тревка си има свои квалитети,помага при одредени ситуации на организмот и слично.Од страна на вкусот,не пребирам,пијам секаков,еве на пример сега пијам зелен чај,многу ги сакам оние од шумско овошје и тие најчесто ми се на мета во лето,си варам поголема количина,еден лимон во тоа,шеќер,и правец фрижидер,поубаво амин,замена за сок,еме здраво ем вкусно.Сакам планински чај,многу специфишен мирис има,сакам од камилица.Единствено не пијам од нане(освен кога морам,нели за стомачни болки е препорачлив)ми има чудна арома,и грд ладникав вкус.
И доста се изнапишував,сите чаеви ги изрекламирав
Само морам да ви кажам дека моиве дома зимава се навлечени на чај од босилек,кога се вари,прекрасно мириса цела куќа,и плус многу убаво делува на смирување.Навистина делува,при нервоза само тоа помага,многу опушта.И доста е
