Еурокрем

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Alesii, 31 јули 2012.

  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Мислам дека нема ваква тема и бидејќи нема мислам дека треба да има ваква тема? :?:
    Дали и колку јадете еурокрем?Кој ви е омилен??
    Јас обожавам еурокрем..Иначе сега воопшто не го конзумирам ради диетата... ;(
    А омилен еурокрем ми е Луна и тоа само белиот..ммм..ми се пријаде :inlove: :inlove:
     
    На Liljana15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Си јадам и тоа како :lol: Ни диета ни ништо не важи кога ке се спомне еурокрем ;) Најубав ми е овој :

    Посебно сеа кога е потечен од топлото време мм
     

    Прикачени фајлови:

    На Lilly8, Vik4e, Monique995 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    159
    Целосно се согласувам :) Не постои подобар ајокрем од Еурокрем..едноставно е совршен !!! :inlove:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oag8

    Oag8 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    7
    Јас секаков ждерам,само не нутела,ми се одмили од шмизлине шо го преценуваат по фб,али реално,ќе се насркаат од манџуриине на баба им и одма на фб lelelele srcinja ma4kinjaaa jadeev nuteli4ka4ka4kaa
    ПАТЕТИКА. :swear:
     
    На GoodGirl99 и Alesii им се допаѓа ова.
  5. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    ‘‘ И јас не сакам нутела.Не знам би јадела било каков а нутела не одбивам само кога немам друг избор. :D
    Иначе јадам премногу благо ,можам една тегла од 750 г за 3-4 дена комотно да ја јадам.А најповеќе што можи да издржи е недела дена.
    Имав другарка шо со месеци јадеше една нутела од оние помалите. :D

    Зависност е едноставно кажано. :lol:
    Ама еве чесен збор овие три дена не сум ставила в уста ни трошка еурокрем.Се трудам да го сведам на минимум благото ,бидејќи без ич ќе си приумрам. :worried: Така до 2 лајчиња шеќер на ден или домашно сокче си растворам и се враќам во нормала.
     
    На Alesii и Oag8 им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.103
    Допаѓања:
    137.838
    Јас сум порасната на еурокрем.
    Кога бев мала, па и не толку мала, до кај 2-ра - 3-та средно моите ме тераа обавезно дома да појадувам пред да одам во училиште, што сакам, само да не одам гладна. И секогаш бирав еурокрем. Секој ден, денови, години, за појадок имав леб, еурокрем и млеко, и не ми се здосади.
    И сега знам да имам такви периоди, кога јадам дома да јадам еурокрем.

    Сега дома обично купуваме по три различни - нутела, еден бел, мислам дека е од Лино, и Агрокрем - нели мешан. Да има за сите, кој сакал црн, кој бел, кој мешан...

    Сега омилен ми е нутела, вкусот е единствен. За мене нема поубаво благо од Нутела.

    Како мала главно јадев агрокрем, и продолжив да го купувам од патриотски побуди :) . Го сакам малку потстопен, и измешан, значи ни црно, ни бело, туку мешано. Мераци!
     
    На mimi****, LittlePinky и Alesii им се допаѓа ова.
  7. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Едно од омилените нешта кои можам да ги јадам непрестајно е еурокремот!
    Омилен ми е Луна, мешаниот - и чоколадо и ванила. Не е преблаг, тоа е супер. Само него го признавам како еурокрем, баш ми е погоден. Никој друг.
    А најубаво е кога е изладен, горниот дел можеш комотно да си го изедеш како чоколадо. :lol:
    [​IMG]
    Мх, мх, мх .. уште малку имат, ама чувам за палачинката утре. :wasntme:
     
    На LittlePinky, Alesii и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Уф, ептен си сакам кремче :mm: од пустите диети сум вечито на пост, ќе си грицнам од газот зашто не можам да си го дозволам.
    На лепче, во палачинка, со бисквити намачкани или во најосновната варијанта - лажица и кремче, саде убавини.

    Омилени ми се Луна кремот и оној на Финети.
    [​IMG] [​IMG]
    Сакам да го пробам и Лино Лада, веројатно заради привлечноста на тегличката. :D
    [​IMG]

    А фамозната Нутела ја пробав еднаш, и тоа неодамна. И ми се слоши некако, премногу тешко и лешникасто за мој вкус.
    Плус за тие пари... абе ајде. :^)
     
    На LittlePinky, antonina, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    О-Б-О-Ж-А-В-А-М!!!

    Со палачинки, на леб, само еуроктем на лажичка како сладолет, во мафини, на торти, ма секаков го обожавам. Би го јадела и за доручек, ручек и вечера и никогаш не би ми се здосадил. Особено некој горе спомна вака у летни денови кога е целиот стопен.
    Некогаш на обично парче домашна блага торта премачкувам еурокрем. А па еурокрем и кокос ми се храна од рајот.
    Нутела неколку пати сме купиле и тежок е, повеќе од една кришка не можеш да изедеш и да сакаш, а и поскап е.. така да преферираме Еурокрем од Таково, порано купувавме и Финети и оној со верверичка што е.
    И црнито дел ми е по вкусен. :D

    [​IMG]
     
  10. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Офф... еурокрем... Среќа што моиве се придржуваат на договорот да не купуваат овој период, инаку отиде диетата :D
    за омилен покрај фамозната Nutella [​IMG]
    неможам да му одолеам на Takovo Eurocrem [​IMG]
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Нутела ми е на прво место,иначе Трендафилка овој лино го имам пробано убав е многу :)
    Иначе освен овие го сакам оној со верверичката што е мислам знаете на кој мислам,ме потсеќа на детството :P
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уф, слаба точка. :D
    Го сакам, и си го јадам.Со чаша ладно млеко, за доручек, ручек или вечера не ми е битно.
    Го јадам црниот дел, или мешано ама стопено кога е малку.Бел само ич.

    Омилен ми е

    [​IMG]
     
    На Alesii, Hkikica и Hipster им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Штом на маж од 90 кила му се слоши од 6-7 лажици Нутела, нешто не е арно со кремот.
    Убав е да се разбереме вкусен е, ама злато не ставаат во него за таа цена. За поевтини пари ќе најдеш исто прекрасни кремови.
    И јас го сакам, јадам ама исклучиво по 3 лажици од повеќе ми се лоши.
    Таково ми е омилен, т.е сега од свислион, мајка ми вика дека тој бил првиот еурокрем излезен во екс Ју.
    Како мала обожавав од овие малецкиве да си сркам, по пат дури со прсте си јадев.
    И исклучиво црниот, бел само кога ќ се изеде црното :)
    [​IMG]
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Некој спомнаа крееееем?
    Ах немојте така, ми се пријаде сеа... Иначе да многу го јадам. Најмногу нутела и луна али само црното. Белото од никој крем не ми се свиѓа незнам зашто..:)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Кремче :inlove:
    Едно од благите работи што ме спасува во ПМС периоди и нервози :lol:

    Славната Нутела убава ми е да,но две лажички и мислам дека е enough :puke:
    Многу многу блага ми е,не дека несакам многу благо ама ова е ту мач така да ја оставам за моменти кога ми треба повеќе благо :geek:

    [​IMG]
    Најомилено ми е Луна кремчето,цело такво можам да изедам мислам дека,но само БЕЛО :!:
    Обожавам бел крем,бело чоколадо ептен паѓам на такви слатки :D
    Кафеавото ми е океј ,но не го сакам нешто ептен.

    И за крај мислам дека сум меѓу ретките што не го сака кремов:
    [​IMG]
    Незнам зошто ама уште од првиот пат кога го пробам ми е неубав и чуден вкус ми има :(
    Гледам тука многу го сакате,сепак до мене е нешто работава изгледа :lol:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Мхмхмх, поубав еурокрем нема од Eurokrem Takovo :rock:
    [​IMG]
     
    На Anna-Banana и Alesii им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Пак јас наопачки и на оваа тема :D
    Како мала ми текнува од големите пакувања ни купуваа дома, со брат ми само тоа јадевме. Сега, неможам да го смислам, дури ни на палачинки, палачинки само со мармалад си јадам. Немав јадено долго период, може 6-8години, па лани прв пат се “омрсив“ на одмор, кога земавме од нутелата. Ама така за еднаш во годината ок ми е, повеќе неможам :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    11.452
    Пол:
    Женски
    Си сакам кремче. Не јадам често, ама кога ми паѓа шеќерот, спас ми е.
    На Таково ми беше омилен, ама во последно време нешто не е како што треба. Се двои, белото е многу потврдо од црното и се тегне како мастика, а тоа што мене најмногу ми смета е што фаќа корупка.
    Затоа сега го јадам овој
    [​IMG]
    и тоа само црниот, затоа што и тука го уништија белиот крем.

    Нутела немам пробано никогаш. Кога ќе ја видам цената на едно тегличе за да јадеш 2-3 пати, ја одминувам.
     
    На LittlePinky и Alesii им се допаѓа ова.
  19. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Открив прекрасен еурокрем на Алпико од КАМ маркет .
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Па обожавам да јадам крем. Иако поради овие диетиве не сум јадела...па одааамна.

    Инаку кремче на лебче дефинитивно ептен вкусен појадок. Особено кога сум желна за благо :wasntme:. Кога порано земавме од оние што се мешани бел и црн секогаш белиот остануваше затоа што не сакам бел крем. Нутела искрено немам многу пробано.

    Веќе неколку години по ред кај нас се купува само еден вид на крем. Мислам мене ми е најубав и строго само црн :!:.

    [​IMG]
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.