ТЕМА: Флаширана негазирана вода или вода од чешма?

Мислење 26 Ное 2011, 00:22

Каква вода конзумирате? Дали мислите дека флашираната е подобра? Ако да која најчесто ја купувате?
Јас порано пиев само обична од чешма, ама некако почнав да си имам проблеми со стомакот, па почнав со флаширана. Најчесто Јана ја купувам, некако најпивка ми е.

Еве едно истражување спроведено во 2009 од страна на Нова Македонија“ со Институтот за јавно здравје.
Јавните чешми загадени, водоводот и водата во шишиња безбедни
Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење, а добра е и онаа пакуваната. Не е безбедна водата од јавните чешми што имаат посебни извори. Ова го покажаа резултатите од заедничката акција што „Нова Македонија“ ја направи со Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата и храната.
Во неколкунеделната акција, стручно лице од Институтот земаше примероци вода од индивидуални домови во Скопје, а тие потоа беа испитувани во лабораторијата на оваа установа.
- Анализите покажаа дека водата земена од домовите што потекнува од градски водовод е здравствено безбедна - велат од Институтот.

Декларациите не се исти со составот на водите

По случаен избор, на испитување однесовме десет шишиња минерална негазирана вода, која ја купивме од скопските маркети. Анализите покажаа дека водата е здрава за пиење, меѓутоа на повеќе примероци декларацијата не беше соодветна на составот.
Цела статија тука.

А еве уште една интересна статија за флашираната вода флашираната вода.
Аватар на корисникот
RainBow

Црвено цветче
 
6708907
Мислења: 9823
Зачленет: 03 Дек 2009, 16:27
"Таму каде што се љубиме никогаш не е ноќ..."

Мислење 26 Ное 2011, 00:32

Вода од чешма. Можам да се пофалам дека ние Штипјани имаме доста квалитетна вода за пиење, хлорирана. Локацијата на филтер станицата е далеку од градот, во место каде има насадено борова шума. До сега не сме се пожалиле на болки во стомакот од водата, ќе видеме за понатаму. Флашираната вода мене не ми е убава. Купувам единствено кога одам некаде или кога сум на школо, гадно ми е да пијам од онаа во смрдливите вециња, ама тоа многу ретко се случува. Не мислам дека е подобра од онаа од чешмата.
Аватар на корисникот
starbucks

Жолто цветче
 
30453048
Мислења: 1674
Зачленет: 12 Апр 2011, 16:32
Локација: Рузвелтова 3
*Ноќно љубовно студио, а во главава лудило,
јас и ти главни актери...

*Главната мотивација на човештвото се парите и сексот...и љубовта кон нив.
Слика

Мислење 26 Ное 2011, 00:33

Јас пијам вода од чешма.
И многу ми е убава скопската вода, ако не и најубава во цела Македонија.
Не би да се расправам сега каква е по другите градови, можеби и до навика е, ама стварно ни е убава водата во Скопје.
Да ја пиеме додека го имаме тој луксуз, да си наполниш tap water и да си ја кркнеш, зашто остатокот од светот користи индустриска вода, и скоро ниту една држава нема ваков луксуз ко ние, водата од чешма да ја пиеш, да переш алишта со неа и нозе да миеш.

Конкретно кога одам во малото градче, водата од чешма е одвратна, мириса на олово, има сомнителна боја, а за вкусот и последиците да не правиме муабет. Не ти бега целовечерен состанок со wc-то.

Тогаш купувам негазирана флаширана. Обично пијам ладна.
Другите ми имаат некој благникав вкус и ги мразам.
Аватар на корисникот
Trendafilka

Жолто цветче
 
122496544
Мислења: 4442
Зачленет: 28 Дек 2009, 16:12
Локација: Barcelona or Nice... someday
Don't Trust Anything That Bleeds for Five Days and Doesn't Die . . .
Што е убав овој свет - онде го*но овде цвет.
Слика

Мислење 26 Ное 2011, 00:35

Најнеубава ми е од водовод, неможам да ја пијам.
На времето татко ми си ископал сопствен бунар во куќава и си имаме своја вода, каде татко ми секоја година си ја проверува водата си ја носи на испитување и беше со одличен квалитет и од таа си пиев, се додека пред некое време не се појави песок, па на одреден период престанавме да ја пиеме и го уклучивме водоводот комплетно.
Хлорот ептен го чуствувам, неможам да го пијам, едноставно неможам, ужасно неубава ми е таа вода.
Може е тоа резултат зашто 24 години пијам вода без хлор и навистина не го поднесувам хлорот. А и приметувам кај мене прилично е хлорирана водата, се жалат многумина, дури на моменти кога сипуваш цела чаша е бела, како млеко да ставаш не вода |( Не приклучија на нов водовод, бидејки сум во периферијата, не е скопската вода да ја речам таа е каде каде понехлорирана од оваа дома. Значи бела е полна со хлор, мириса, ко базен :yawn:
Последнава година пијам флаширана, поточно си имаме дома апаратче и си пијам вода од него. Исто и на работа од апартче.
Слика
И пијам горска најчесто негазирана, газирана не поднесувам :)
Аватар на корисникот
rossonerka

Жолто цветче
 
119966011
Мислења: 3638
Зачленет: 13 Апр 2010, 15:22
СликаСлика

Мислење 26 Ное 2011, 00:37

Флаширана.Откако видовме мали камчиња во водата од чешма,купивме ваков апарат и на таква вода се навикнав.
Слика
Аватар на корисникот
Juicy

Жолто цветче
 
14761430
Мислења: 1048
Зачленет: 17 Дек 2010, 00:48
Локација: Дубаи .. :)

Мислење 26 Ное 2011, 00:38

Златна чешма. Среќа имам многу јак стомак, и од улично вирче да се напијам нема да ми биде ништо. :)

Ама некако незаменливо ми е чувството кога сум премногу жедна, и трчам под чешма да се налокам. Флаширана пијам само кога сум на одмор или некој долг пат. Не им верувам толку на крајпатните чешмиња, ама таа дома ми е незаменлива.
Аватар на корисникот
Saya

Зелено цветче
 
3384620
Мислења: 971
Зачленет: 06 Јан 2011, 22:32
Локација: On a flaming bald eagle, surfing a majestic unicorn.
Слика

Мислење 26 Ное 2011, 00:43

флаширана ...веке подолго време , откако на едно случајно испитување видов што се има во водата од чешма
Аватар на корисникот
Anja.F

Бело цветче
 
111
Мислења: 78
Зачленет: 15 Јул 2011, 20:54

Мислење 26 Ное 2011, 00:46

Од чеМШа. Од секогаш сум ја пиела. Не ми смета, не сум имала некои проблеми досега од неа, и ми изгледа чиста.
Флаширана, само ако сум во некој друг град, купувам, најчесто Роса (ако е во Македонија), ама не ми е нешто посебно убава. И ако купувам флаширана, дефинитивно негазирана. Газираната воопшто не ми се свиѓа, неможам да ја пијам, не ми е убава. :worried:
Аватар на корисникот
GarpovaV

Зелено цветче
 
16711081
Мислења: 886
Зачленет: 18 Фев 2011, 23:45
Локација: Право па, лево.

Мислење 26 Ное 2011, 00:55

Изворска нефлаширана, од пластика не пијам ништо :)
Аватар на корисникот
XMaN

Зелено цветче
 
1252964
Мислења: 804
Зачленет: 25 Мај 2011, 18:17

Мислење 26 Ное 2011, 01:04

Од чешма.
И дома и во Скопје пијам од чешма. Убава е, пивка, не ми се има ништо случено досега од тоа.
И флаширана пијам, но не ми е убава, на пластика има вкус. Најчесто пијам ваква кога многу ми се пие вода, а немам понесено со мене од дома; кога сум излезена низ град, на шетање; во странство кога сум, ама ништо не може да го замени чувството на задоволство кога ќе ја пуштам водата убаво да истече, па со грст со рацеве ќе пијам до бескрај. Е многу ми е слатко!
Аватар на корисникот
Hopeful

Зелено цветче
 
7502458
Мислења: 749
Зачленет: 15 Јун 2010, 15:17
Локација: Stratford upon Avon
What would life be without a little Shakespeare? :wasntme:

Врати се на Храна и пијалоци

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: black-anchy и 7 гости

Site Meter