Забележав дека нема ваква тема, па одлучив да направам нова. ако има, се знае, клуче Овде можете да ги пишувате оние готварски трикови кои ги знаете или сте ги стекнале од искуство. Еве неколку: Спојлер -За да проверите дали млекото е свежо, ставете капка на ноктот. Ако не се разлее, млекото е свежо. -За да проверите дали јајцето е варено или не, доволно е да го свртите (како вртимушка) на маса. Ако се врти бавно значи е варено. и други П.С. наближува нашиот голем христијански празник Велигден, па може и неколку совети околу бојадисувањето
И јас знам еден За да провереш дали тортата или колач е испечен, со чачкалица ке боцнеш во средина и ако на чачкалицата има тесто значи не е испечено внатре а ако нема значи е готово
За да не се залепат и да станат кашести макароните/ шпагетите при варењето, капнете неколку капки зејтин и малку оцет. Средно варено јајце е готово по 3 минутно вриење. Кога сакате да излупите варени компири а тие сеуште се жешки, боцнете ги со вилушка (сепак нема да ги држете во рака).
Еве нешто скромно од мене, брзо прочитав за варење јајца, за да не испукаат при варење да се стави малце сол во водата и да се стават јајцата исклучиво од кога ќе зоврие водата, а не веднаш Ми текна уште едно, ако може да се смести во темава, ама како и да е. Ако користите овошје за декорација премачкајте го со лимон за да не потемни
***За убаво да си ја изрендате кората од портокал или лимон, замрзнете ја. И додека е замрзната рендајте ја, нема да ви се лепи за рендето. ***За чоколадото да има светликав сјај кога ги чоколадирате ситните колачи, ставете 1-2 лажици масло на 100 гр. чоколадо. *** Kога правите ролат од мелено месо, ако сакате воопшто да не испука пред печењто со четкичка премачкајте го разматено јајце. За време на печењето повремено поливајте со врелиот зејтин во кое се печи. ***Кога варите грав никогаш за време на варењето не ставајте сол. Зашто побавно се вари. ***Кога печете компири во рерна, ако не сакате да ви се лепат за тавата, ставете коцка маргарин. ***Кога варите тестенини претежно шпагети, за да не ви се лепат една со друга и останат цели, ставете малку лимонтус. ***Ако не сакате витамините и минералите од компирот и морковот да се изгубат за време на варење, не ги лупете. Зашто тие се наоѓаат под кората на истите. ***Месото од стара кокошка побрзо ќе го сварете, ако за во водата ставите лажица ракија. ***Кога сецкате кромид, ако не сакате очите да ви солзат, отсранете ја лушпата и оставете го најмалку 5 минути во ладна вода. Потоа сецкајте без солзи и насмеани. Ова е за почеток, но има уште. Во наредна прилика .
Го мразам мирисот на лукот иако често го користам.Пред се не ми се допаѓа како ми мирисаат рацете потоа, а и одзема многу време.Го најдов ова корисно видео се надевам и вам ќе ви помогне колку и мене http://www.saveur.com/article/Kitchen/v ... 10-Seconds
Ова доста често ми се случува,па кога ќе ми се размачка целата шминка,уште повеќе очите ме печат. Благодарам за советот, ќе го применувам во иднина. Да не бидам офтопик: доколку некогаш ви се случи да пресолите некое јадење, за време на приготвувањето, додадете лупени компири, ја впиваат солта во себе и можете да си го „спасите“ ручекот од кисели фаци додека го конзумираат
Еве ти уште еден начин . Ги навлажнуваш рацете и ги триеш прстите со сол. Потоа си се миеш со топла вода и сапунче. Верувај ништо не се сеќава.
Мирисот на лук, ефикасно се отстранува со магдонос.Истото важи и за орално конзумирање и за лупење на дотичниот зеленчук. Значи по јадење лук, ако сожвакате малку жив магдонос, мирисот во вашата уста се неутрализира,а за да не ви мирисаат рацете на лук, протријте свеж магдонос по рацете и ќе се решите брзо и ефикасно од мирисот.
За да не ви мирисаат рацете после лупење на лук, може да ги ,,истриете,, од нерѓосувачки челик. Ова го имам прочитано на интернет, ми се виде прилично интересно, ама го немам пробано.
2 ро продолжение : *** Ако замрзнатите риби (ослич или некои други), стоеле подолго во мраз и се постари, за месото да им биде како пресно, уште додека се замрзнати ставете ги во некој сад со ладна вода во која ќе ставите половина шолја (100мл) винска киселина. И оставете ги околу 1 час. Потоа, исцедете ги и пржете. ***Рибата исто можете да ја одмрзнувате и во млеко, доколку сакате да си го врати вистинскиот вкус и свежина. ***Кога пржете риба и претходно ја валкате во брашно, за брашното да не ви гори и рибите да не ви бидат црни, обичното брашно заменете го со пченкарно брашно. Ако сакате пржете ги со часови, нема воопшто да поцрнат. Истото важи кога пржете сирење или нешто друго. *** Ако немате квасец за да месите нешто, идеална замена е пиво. Исто замесувате и чекате да нарасне тестото како што правите нормално. ***За подобро да го исцедете тврдиот лимон и повеќе да пушти сок, претходно со рацете притискајте го на тврда површина. Така ќе омекне и сокот ќе се концентрира во средината. Исто важи и за портокалот, цитронот... *** Кога пржите нешто во маст или зејтин и ако започне да ви прска настрана, ставете само едно парче леб во тавата. Така нема воопшто прска. ***Иделана замена за лимонт во чајот (доколку го немате), ќе ви послужи неколки капки вино. ***Жолчките кои ви останале неупотребени, за да ги искористите подоцна, ставете ги во шолја за кафе и над нив ставете зејтин. Така можат да стојат во ладилник и до 3 денови.
Додека сечкате кромид, џвакајте мастика. некаде прочитав низ нетов, ама дефинитивно нема да ви солзат очите. Дозволено е шлапкање со мастиката, таканаречено преживување и правење балончиња во тој момент. Ако рацете ви мирисаат на лук или кромид, истријте ги убаво со сода бикарбона, а потоа измијте ги убаво со сјај за садови. За непријатен здив од истиве, препорачувам да џвакате свеж магдонос или малку каранфилче. Кога правите крофни, обични или оние мини америчките, капнете малку ракија во тестото. Тоа ќе ги спречи да пијат многу зејтин, т.е. да не бидат мрсни. Кога подготвувате пилешки прсти, покрај презлата ставете и малку сусам. Вкусот ќе биде убав и крцкав, а сусамот ќе спречи да впијат многу масло. Кога маринирате пилешко, употребето пиво. Дури и да го пржите на повисока температура, нема да поцрни никогаш, внатре ќе биде сочно, а однадвор карамелизирано.
За помалку да ви солзат очите од кромидот,чувајте го фрижидер,па потоа сецкајте го и ке видите-нема солзи!
Или кога го обработувате нели тоа нека е надвор или ако сте во затворен простор со отворен прозор или сл. Не само ради мирисот туку и да не ви солзат толку очите.
Моментално острење на кујнски ножеви со рамни сечила: поминете неколку пати со сечилото по газерт на шолја (било каква) и ќе бидат како нови
За да не ви загори кромидот при пржење,ставете сол во него.А да не ви лути кога го сечете кромидот,пред лупењето ставете го во фрижидер едно 15,20 минути.Проверено :up:
Ај да не биде само за кромид темава. Кога пржите јајце на око за да не ви прска наоколу, во загреното масло пред да го ставите јајцето, ставете лажица брашно.