Ги пребарував подфорумите и за рецепти и за филм и тв но не најдов ваква тема,ако случајно сум ја испуштила,се извинувам,спојте ја. Дали ја гледате кулинарската емисија Храна и вино и како ви се допаѓа? Сте направиле некој рецепт од емисијата/списанието храна и вино,кој е вашиот фаворит? Можете и да споделите некој ваш рецепт,бидејќи знаеме дека е испробан од вредните домаќинки на Фемина
Ја гледам понекогаш, направив неколку рецепти и ми се допаднаа! последно направив пита со мелено месо и компири, преубава беше!!!
Ја гледам секогаш кога ќе ја начекам и си го купувам весникот редовно.има многу рецепти кои ми се допаднале,сум ги направила и баш биле вкусни.
Уф уживам гледајки ја емисијава иако порано многу поредовно ја гледав. Не сум јас некоја што се вртка во кујна, ама голем гурман сум па така да ептен ми се допаѓа емисијава. Посебно што е многу професионална, има хигиена, се е совршено изрежирано и склопено. Јас не ги сакам оние емисии од типот на 4 сезони, кујната на Оливер, Кај Ана и бла бла, не ги гледам не ми се интересни, посебно 4 сезони и неговото шлапање во кујната, па мојата кујна кога готвам е почиста и посредена. И она што посебно ме воодушевува во емисијава е гласот на Валентин Николовски и прекрасната македонска староградска музика во позадина. Емисија за уживање.
морам да кажам дека ја обожавам емисијата, редовно ја гледам, и си ги купувам списанијата, а и морам да се пофалам дека и често ги користам рецептите, имам и јас испратено па се надевам ке ми објават некој мој рецепт
Единствената емисија за кулинарство која со задоволство ја следам Не дека се од она што го подготвуваат би направила и јадела, ама ми е мерак по нешто да пробам, и досега се успешно излегло Посебно десертите(хедонист за богати благи ), одтука ми дошле доста идеи за празнициве Браво и за среденоста, и за осмисленоста и реализацијата
Додека бев дома обавезно пуштавме телевизор и додека ручавме ја гледавме емисијава. Татко ми, инаку страстен обожувач на вино, секогаш вели ЕТЕ, ДУРИ И ТИЕ ОД ХРАНА И ВИНО ЗНААТ ДЕКА ВИНО СО СЕ‘ СЕ КОМБИНИРА Откако дојдов тука, немам гледано. А за допаѓање ми се допаѓа премногу. Толку се пријатни, со лежерно музиче (македонско ) во позадина, фокусот е на храната (а не како на ЧЕТИРИ СЕЗОНИ, Дени го гледаме кај што се чалами цело време)... И секогаш кога ги гледам подголтнувам За зготвено јас лично немам ништо, но баба ми еднаш правеше макарони со месо мелено и со триста други тракатанци и да ви кажам искрено ПРЕВКУСНО беше. Оттогаш често знае да го зготви истото, обично кога си одам дома.
Леле ама кога гледам храна и вино ептен тешко ми паѓа дека толку мн месо користат и толку многу мрсни јадења прават, јас мислам дека тоа не би можела да го јадам, ина4е десертите им се супер, и мн ги бива за декорирање и такви ствари....
Ја следам понекогаш, но рецептите ми се најчесто како за поискусни готвачи а мене баш не ме бива во кујна па затоа само си гледам. Омилен дел ми се десертите
За да испратиш рецепт треба да го купиш списанието Храна и вино. На една од страните има купон. Треба да го пополниш и на лист да напишеш 3 рецепти - за предјадење, главно јадење и десерт. Купонот и листот со рецептите треба да ги испратиш на адресата (ја пишува во списанието). Ја гледам емисијава и баш ми е интересна. Ја гледам кога ќе можам. Интересни рецепти има.
јас имам пратено и по мејл и по пошта , а прикажаа само еден рецепт од тие што ги пратив по пошта дали некоја од вас има праќано по мејл и дали го имаат прикажано тој рецепт?
Сакам да испратам рецепт гледав на рекламата дека можиш да пратиш и е-mail.. да не знае некој на која адреса се праќаат рецептите.. и ме интересера дали за секој пратен рецепт се добиваат 600 ден или само за оние кои ќе бидат прикажани во емисијата?
recepti@hranaivino.mk незнам да не зграшам но таа ја кажа утрово само тој што ќе го изберат рецепт го "плаќаат"? и како го исплаќаат? кога,како го плаќаат? утрово видов реклама и за возврат што има "наградна игра"- 600 или 1200 (за некое моја храна така некако беше )денари се добиваат?
Емисијата многу ми се допаѓа и редовно ја гледам,но мој рецепт не сум испратила бидејќи парите не ми се многу битни,не сакам да се промовирам поради парите,а и не ми текнало порано да испратам,па понатаму ако најдам некој добар рецепт во бележникот на баба ми или на мајка ми можеби и ќе го испратам!А,јадењата што ги праваѕ во емисијата и солени и слатки многу ми се допаѓаат и некои од нив имаме дома дури и испробано и многу убаво ни испаднаа!За жал,списанието сега престанав да го купувам толку редовно,но ќе гледам тука да се коригирам бидејќи само еднаш месечно излегува,па дотолку можам да си дозволам со парите затоа што навистина вреди за читање!Секоја чест и за емисијата и за списанието ,,Храна и вино,,!