Какаото го намалува крвниот притисок и е добро за срцето, дава енергија а се препорачува и за оние што сакаат да слабеат бидејќи содржи антиоксиданти. Позитивно делува на мозокот па најубаво е да се пие за време на учење, го подобрува расположението и го забавува стареењето.
Па, колку често пиете какао и какво какао.
Јас скоро секој ден пијам а најубаво ми е на Краш.
Јас цела зима си го поминав со какао,многу ми е убаво а особено како оди со крофни-милина секогаш го пијам со млеко,а која марка незнам сите ми се исти ,знам од кам купував евтино беше и многу убаво
Како мала пиев многу какао, секогаш пиев и јас и тоа за мене беше ДЕТСКО КАФЕ така ме лажеше мајка ми, е сигурно немам пиено добро 5-6 години, сега ми ја вративте желбата ќе одам да си купам. Знам дека бремените жени треба да пијат какао а зошто не знам
Бракот не е само парче хартија.Не е носење бурми и собирање на колекција од фотографии.Бракот е да се сакате еден со друг делејќи ја секоја воздишка взаемно.
Јас имам трауми од пиење какао . Како мала си го имам изгорено јазикот неколку пати со какао и сега секоја помисла на какао ме потсеќа на изгореница хахаха. Кога конзумирам какао, конзумирам со млеко- така ми е многу убаво, но морам да признаам дека не сум некој голем љубител
Јас со години пијам секој ден какао, пошто кафе не пијам не можам да поднесам. А какаото ем е вкусно, ем е здраво. Го пијам со вода исто како кафе што се прави. Со млеко мноооогу ретко онака од ќејф.
Сум пиела како мала ама сега не сум пиела одамна Ме потсети сега ќе си направам едно Го пијам Бенквик А добро е за слабеење??Бидејки сакм да ослабам малку
Не пијам! Едноставно какаото ми е најнеомилениот напиток, не го сакам, вкус безвеза, никаква корист ни штета Не сум ни кафеџија, ама какао ич не сакам. Ни како мала ни сега Па, да не претерам, не сум пиела сигурно добри 10 години