1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кинеска/Тајванска/Виетнамска Кујна

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Lady-Mistique, 29 април 2010.

  1. Lady-Mistique

    Lady-Mistique Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Што би можела друго да кажам освен: ЈА ОБОЖАВАМ! :wasntme: :) ... Таа храна ја имам вкусено во неколку земји (посекако и кај нас :) ), и знам дека велат не е она што се готви во земјата на потекло, ами е нешто колку-толку прилагодено на кујната на локалната земја, а сепак кај и да ја вкусам едноставно остава чувство на исполнетост.. Знаете, кога јадете со уживање :) .. Не можам а да не уживам во таа храна... Кој микс на вкусови!!! :) Преостанува уште моментот да се обидам јас да приготвам нешто такво ... хехехе... или можеби да оставам на оние кои веќе се искусни во таа област ;)

    Едит:
    Мислењето е променето од страна на модератор, затоа што бојата со која што беше напишано бодеше очи.
    Ве молиме користете ги боите, само кога треба да истакнете дел од текстот.
     
  2. Popova

    Popova Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    6
    Lady-Mistique ако приготвиш нешто молим те стај го рецептов овде никако не сум била во можност да ја пробам таа кујна баш би сакала да експериментирам дома малку :)
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Јас никогаш не му си била за да пробам нешто слично...меѓутоа со време се случи и тоа и не зажалив..имам пробано тајландско јадење..Мешавина на вкусови...слатко, луто...солено..Тоа беа школки во кокосово млеко зачинети и од оние тестенини ко конци :) што се јадат.. навистина бев воодушевена колку беше необично вкусно.. :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Јас сум пробала кинеска кујна, ми се допадна многу, ама не како индиската, таа ми беше по мој вкус комплетно.зачинета многууууу, прекрасно нешто. А кинеската ја јадев во ресторан во Скопје и во Белград, еднаш пилешко со сос вкусно беше, а сум јадела и некој ориз со јајце и пченка испржено, тоа беше еден вид на брза храна. А многу ми се допаднаа пржените банани како десерт, мњам ;)
    [​IMG]
    Eve i link so recept.
    http://www.coolinarika.com/recept/741082
     
    На Sephora, Phyramide и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    искрено немам пробано таква храна :?: но нема да штети ако напишете ако знаете некој рецепт па да приготвам дома, да си се пробам :$
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Јас колку што знам пржените банани се традиционално јадење во Куба
     
  7. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    152
    Па има разни, јас ги јадев во кинеска кујна, ама има и бразилски, тајландски па и кубански.Ништо спорно ;)
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    пржени банани со сладолед од ванила, компот од ананас и едно нешто слично на мед, не знам како се вика :x - поубаво нешто - амин !

    нудли со зеленчук - мњам, пилешко во еден благуњав сос - не баш мњам :?: и дефинитивно најголемо -ама ич мњам- за нивните динстани зеленчуци со полуживо месо :shake:
     
  9. Lady-Mistique

    Lady-Mistique Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    еве и од мене и тоа дупло МЊАММ!!!

    од каде сега ова, полуживо месо? :?: тоа го нема во кинеската кујна, барем не јас колку што знам .. покревко мевце од она во кинеска кујна здравје, издинстано до максимум, посебно ако е во глинено тавче, и полно со сосеви, мљац... Јапонците со сушито of course, по живо рибино мевце здравје и иако такво сепак може да е вкусно ... ама кај кинезите живо мевце јок...

    и за десертот што го спомна Криси ... точно е, тие специјалитети ќе се сретнат во повеќе земји, ништо спорно зш и тие (Кина, Тајланд, Куба, ...) како и ние земјите од балканот си имаат некои сличности во исхраната.. сепак се земји од исто/слично климатско подрачје ;) (океј, некои од нив не ги поврзува само климата :) )... (само како пример, мусаката, кај се не на балканот ја има :) )


    Едит:
    Мислењето е променето од страна на модератор, затоа што бојата со која што беше напишано бодеше очи.
    Ве молиме користете ги боите, само кога треба да истакнете дел од текстот.
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    пржен сладолед имам пробано и ок беше... едни тестенини јадев, ама чудни ми беа, и друго немам пробано, ама во план ми е :)
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Обожавам азиска кујна, кинеска, корејска, индиска, јапонска...! Обожавам суши, пржени тестенини од ориз со бамбус и со соја, традиционалната тајландска супа со пилешко и млеко од кокос, пржени банани, сладолед од зелен чај, пилешко тика масала....ммм :inlove:
    Сакам храна која ме инспирира да седнам и да уживам во вкусовите, а не само да се настегам на брзинка, а азиската затоа ја сакам затоа што ми е преполна со мириси и вкусови. Оргазам за сетилата :)

    Едит: Виетнамска кујна ма и да ми играат пре мене не би пробала кога видов какви преубави кучиња убиваат за да ги зготват ;( ужас!
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.121
    Камо јапонска кујна? :)
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Девојко1985, ти треба совет за јапонска храна? Во Скопје има само на едно место суши - на Ленинова, до Алка ;)
     
  14. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    [​IMG]

    Од Кинеската храна, најмногу си го сакам оризот!
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Обожавам кинеска храна. Особено оризот, салатите и пилешкото во соја. Во друга тема напишав дека не е лесно да спремање, треба вежбање и трпение. Ама неверојатно е вкусна и здрава.
    Задоволството е плус ако јадете со стапчиња, особено смешно за почетниците.
    Кинеската ми е идеална за некој посебен настан или ручек за одбележување.
     
  16. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Досега немам пробано ваква храна, незнам зошто не ме е привлекувало :)
     
  17. Kasija

    Kasija Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Јас исто така ја обожавам кинеската кујна и ја имам пробано и кај нас и во странство. Посебно омилени јадења ми се: луто говетско во слатко-кисел сос, нуделси со зеленчук, пилешко со црни и бели печурки и пелмените полнети со свинско месо. Мислам дека би можела да ги јадам секој ден. Кај нас овие јадења многу убаво ги подготвуваат во кинескиот што е кај пролазот на улица Ленинова- ¨Ѕвезден океан¨. Од странските кинески ресторани би ги издвоила патката подготвена на пекингски начин, маки, ракчиња покриени со фиде и пржениот сладолед. Прекрасна храна што дефинитивно заслужува да се проба.
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Каде точно има кај нас странски кујни, само не италијанска, тоа мразам :)
    Индиска знам, кинеска исто, и мексиканса..ова другово го има или сепак не? :)
     
  19. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    лелел на што се сетив хаха ми нооси една другарка виетнамка бонбони и јас си мислам ко нашиве карамели :D :D човече балго и лук бреееее која комбинација :puke: така да не повеќе фала
     
  20. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Кинеска храна :inlove: Поготово пилешкото во слатко-кисел сос.Морам да се пофалам дека знам да го зготвам :inlove: :D Учев кинески 2 години и многу ми се допаѓа нивната култура и храна.Си изнакупував кинески стапчиња за дома и секогаш кога правам нешто од нивната кујна си јадам со нив. :) Инаку за благото,карамелизираните банани и јаболка,пржениот сладолед,тоа е американска измишљотина,во кинескиот јазик не постои терминот благо.Исто како што не постои и леб :) Затоа кинезите си се слабички :lol: :lol: