Сите видови тестенини со сосови, салати што ми се омилени си ги правам.
Ќофтиња од месо, од тиквица, поховани работи, сето тоа знам да правам, ама најчесто ме мрзи.
Компир на сто начини, пица, тесто, месени работи што ги сакам, си ги готвам.
Слатки работи не љубам многу, а од она што ми е мерак да си направам е сутлијаш со џем од јагода и многу цимет.
Единствено лазањите со зеленчук и сирење што ги обожавам, а ги имам јадено во едно глупо ресторанче во Бања Лука не научив да ги правам, зошто мислам дека сирењето тамошно беше домашно, и им дава на лазањите неповторлив вкус.
Селско месо со помош на мајка ми еднаш направив, ако се брои тоа, тогаш знам
