Колку јадете луто, дали сакате да јадете или затоа што се погодило луто јадењети па морате да јадете?
Јас многу сакам луто и не седнувам да јадам ако немам луто. Најчесто имаме џинки дома, па преку зимо ги јадам нив. Да не го заборавам и ајварот, благ не јадам затоа тоа ми е бљантав.
Летно време постојано имам пржени лути пиперки и ги јадам со се и сешто. Салата со домат и кромид не можам да замислам да ја јадам без пиперка и тоа лута. Често кога јадам надвор од дома знам да си побарам луто, дали буковка или било што, но кога јадам со некој друг, затоа што претежно си менуваме половина од храната не можам да барам луто, па како бе не јадат?
Јадете или не?






