Сакам луто, јадам, ама гледам да не е многу често за да не ме боли стомакот.
Порано не јадев ама сега омилено ми е.
Јадам и феферонки и мали лути пиперчиња, обожавам кога лутенката, кечапот, ајварот и малиџаното се лути (затоа мајка ми годинава за мене направи посебно малиџано - отров е, ама нема нешто повкусно). Бибер додавам скоро во се, буковец обавезно со месо, печени суви црвени пиперки во грав, пиперки (живи, печени, пржени) мора да налутуваат, кромид. Лук не јадам многу, многу.
Особено го обожавам лутото кога јадењето е топло и кога има вино.