Медот е храна произведена од медоносните пчели од нектарот на цветовите или од секретот од живите делови на растенијата (шумски мед), Има повеќе врсти на мед: цветен, ливадски, од овошни сокови, медлика (шумски мед) и др. Нектарот од цветовите или медликата кога се во природа содржат голем процент на вода. Пчелите работнички кога го собираат, почнуваат со негова преработка уште во медниот желудник. Кога ќе го складираат нектарот во восочните ќелии почнуваат со негова дехидрација. Тие неколку пати го преместуваат нектарот од ќелија во ќелија за да го забрзаат испарувањето на водата. Кога овој процес ќе заврши и кога медот е ,,зрел” пчелите го затвораат со восочни капачињја. По некои пчелари медот може да се цеди кога е затворена една третина од медот со восочни капачиња.
Природниот мед кристализира. Секој природен мед после извесно време кристализира. Зависно од условите во кои се чува најбрзо кристализира медот од медлика или шумскиот мед (3-4 месеци) а најспоро багремовиот мед кој останува во течна состојба до година и повеќе.
Медот е најсварлив прехрамбен производ, Илустрација за тоа е дека организмот на човекот го усвојува без остаток (100%), Енергетската вредност на 1 кг, мед изнесува 13 800Ј а специфичната маса околу 1,41-1,45 при температура од 20 степени Ц. Исто така медот содржи состојки кои итекако му се потребни на човечкиот организам, какоЧ гликоза, фруктоза, органски киселини, ферменти, минерали. Во медот е откриена и фолна киселина. која е многу битна за растење на организмот бидејќи ја подобрува крвната слика. Освен инвертен шеќер медот содржи и супстанции неопходни за нормален живот, на пр. ферменти без кои организмот потполно заслабнува.
Капка мед содржи повеќе од сто различни материи, многу важни за човечкиот организам.
По бројот на ферменти медот е меѓу најважните прехрамбени артикли. Познато е дека по содржината на микроелементите и минерали во медот (магнезиум, железо, калиум, калциум, манган, цинк, кобалт, бакар, натриум и др) е еднаков со оној во плазмата на човековата крв. Медот од пчели е многу богат и со органски киселини (јаболкова, винска, лимонска) а бидејќи во него има и поленови зрнца, содржи и белковини и витамини.
Еве малце на Тена и е досадно па прогугла за медот

и со оглед на тоа што се содржи ,ептен е полезен да се конзумира.Јас внесувам ретко мед,некогаш за доручек со маргарин и чаша млеко,а блазе си им на луѓето кое секое утро си го почнуваат со лажичка,две мед.Обично знам луѓето кои си користат редовно,купуваат од луѓе кои чуваат дома пчели,а јас купувам од маркет-цветен мед.