Мојава случка ми го згрози зивотот,јадев во еден ресторан си порачав гулас со месо и така јадејки гледам несто црно оно една бубачка од тие црните сто најчесто по кујни и канали одат мозеби 3-4цм бесе толку ми се згади сто навистина ми дојде нагон и повратив среде ресторан
Еднаш си купив тост, си јадам и гледам влакно.. аууу толку ми се згади, го флив тостот цел и после долго време ми требаше пак да пробам тост
еднаш за доручек со другарка ми си купивме кифли..ии кога стигнав јас до средина негде од кифлата излезе бубачка ми се згрози животот. после морав да испијам две шишиња вода и да изџвакам цело пакетче мастики уште ми се грози коа ке помислам
јас имам најдено дури и комарец . Кога бевме нојќно време незнам колку беше саатот , порачав тост и кога го донесоа јас јадев и кај кечапот забележав нешто црно и кога го фатив имаше крилца и беше комарец , многу се згадив , па дури и не платив само му кажав какви се безобразни му кажав за комарецот и си заминав . И од тој ден повеќе не јадам од тој кафич .
Пред неколку дена.. Си излевам во дворот и си кинам свежа праска од дрвото. Нема ништо поубаво од тоа. И си јадам јас, си уживам, кога наеднаш ми мрда нешто во уста! Веднаш плукнав, но бељата веќе беше направена. Црв, од тие прстенастите. Нема нешто што повеќе мразам одколку црви. Ако можам сите ќе ги истребам, мамето да им го ****.
Уффф ми се нема многу пати случено но еднаш јадев сладолед и кога стигнав до пола ми дојде нешто тврдо и го грицнав јас и ми дојде еден прегрд вкус и го плукнав во рака кога видов што да видамм од оние бумбарите црни што се леле немате појма после дома цела вечер повраќав и еве ден денес од таму ми нема текнато сладолед да купам
Повеќе од влакно немам најдено ништо никогаш, пу пу пу. Mи се чини да најдам бубачка или ЦРВ, ќе умрам на лице место.
Влакно.. бљак. На еден другар во тостот имаше 50 денари. Тој го фрли и отиде друг си купи хахахахах х)
Лелее бубачка во бурек, влакно во тост(неколку пати), влакно во палачинка(купена), некои чудни ствари некакви делчиња од нешто во хамбургер, мува во кафе. Се ова имам најдено и после тоа од таа сендвичара, продавница, кафич, никогаш ништо немам купено
ААА! До пред малку бев кај баба ми и таа ми даде едно чоколадо. Кога го апнав, падна едно црвче на земјата од него. Сто пати и имам кажано да не купува од таа продавница!
Hајнепосакуван дотаток ми е циметот знам дека е реален додаток, ама не го можам, ми се ежи цело тело од неговата миризба Hе знам зашто, одвратен ми е Hе сакам ни луто, ни ептен солено Eднаш со мајка ми гиро нарачавме, абе соллл солллл солллл Aман некои луѓе не сакаат сол господе боже па остај сами ќе си стаиме колку сакаме, свинското кај само по себе си е солено (бар за мене е) уште и дупло сол, а јас не можам да поднесам пресолена храна, цела потекувам а за онака реално непосакуван додаток, еднаш и варев на една другарка кафе, и лујџе, мртва бубашваба не знам од кај се најде во кафето може била жива, ама сум ја скувала уз варење Jао фацата на типката и беше прајслес, башка и се напи врв!
Пред две ипол години бевме на ексурзија Будимпешта-Прага-Виена. Беше интересно, но сепак таквите патувања се напорни, па додека се шетавме во Виена огладневме. Наидовме на една сендвичара каде што меѓудругото правеа и гиро. Јас дотогаш немав јадено, не ми изгледаше убаво, ама дечко ми почна да ме убедува дека многу било вкусно, дека по цели денови во Грција само тоа јаделе, дрн дрн и ајде викам... Ај што не беше право грчко гиро, туку некое си турско гиро „гурум“ ли се викаше, ѓавол да го носи, полно со кромид, па и после неколку залаци внатре најдов влакно! Ах леле, ми се згади животот! Го фрлив во првата корпа, дечко ми за рака и правец во Мек Доналдс. Ама затоа летово во Грција пробав право гиро и не сум веќе скептик
Лудо ни јас не поднесувам цимет , сите ми се чудат како не го сакам . Еднаш јадев палачинка во еден наш ресторан и одозгора многу цимет . Одтогаш нонстоп кај и да одам , кога нарачувам кафе , чај , палачинки нагласувам да нема цимет . Затоа што ептен тренд стана цимет да ставаат
Камен во тост..жити се.. ќе си го скршев забот.. веднаш го фрлив и оттогаш не сум стапнала таму.. Исто така..влакно во сладолед, правец -> корпа..
влакно во салата со домати едно големо црно гарант сите го видоа ама пак јадеа па и жената шо седеше до мене ми вика сакаш салата? изгубив апетит и си испаднав од кујната и сеа шо ми текна ми се повракја ...одвратно
Не спаѓа вотката во храна, меѓутоа (за среќа) само тогаш ми се нудеше прилика за бесплатен додаток плус во неа - мувичка, удавена, опиена како си пливка по површината. Дигнав узбуна и доаѓа келнерот ми вика, као за да се оправда - е арно де, пијана е, нема да те изеде. Море ќе ја изедеш ти чашата по глава со се' мушицата ама ај, вежбав пристојно однесување.
Си јадам јас така со сласт едно убаво блокче ципирипи... ... и ме поздрави едно црвче бело што си ровареше на чоколадово ... фала богу ја затворија продавницата
најдов еднаш некое неидентификувано црно парче што ли беше и еднаш кратко црно виткано влакненце во францускиот од бифе, искрено се надевам дека е од косата на продавачот