Заприметив дека има само тема Алкохол и Омилени коктели...Во оваа тема можеме да пишуваме општо за сите други пијалоци..Обожавам да пијам бозаа!...Исто така и Кока Кола како и Вива соковите...
Многу сакам боза , сок од ананас, кока кола (иако пробувам да ја избегнувам) , чоколадно млеко и нормално обична, ладна вода.
Од сокови најубав швепсот, после сакам чоколадно млеко(оти обично несакам ), густи од коктел (се и сешто), и боза ако е направена по мој вкус (блага)
Искрено, најмногу сакам вода! Да, затоа што како водата ништо не ми ја гаси жедта. После доаѓа млекото, па јогуртот. Инаку, од останатото, па, немав некоја навика да пијам сокови, ама во последно време ги пијам. Сакам Струмка, сакам боза (знаете ли дека доилки треба да ја пијат за да имаат повеќе млеко?!) и Пепси. Ама не ги пијам нонстоп, туку кога имам. А сакам и цеден портокал, често си цедам сама, лимонада си правам нешто поретко.
И јас сакам да пијам боза, млеко ама така чисто беличко без никакви додатоци, ни какао ни шеќер. Пијам и ледено чајче *од шо и да е-сите се убави. Газирано , густи сокчиња ммммммммм. И тоа.
Вода, лимонада, млеко со несквик, севен ап, спрајт, пепси, кока кола, фрапе, овошен јогурт од јагода.
Исто и јас како Ана, сакам вода. Чудно е, да. Покрај водата, би избрала сок од портокал, кога сме кај газираните пијалоци, кока кола, швепс. За алкохолни, ќе пишам за некоја година.
во зиме си пијам чајче , црвено вино а во лето си дегустирам коктелчиња кои се стварно вкусни понекогаш се случува да се напијам и водка боровница ,од газирани сокчиња си обожавам швепс и пепси ,од густите сакам сокче од праска ,кајсија и портокал
Кока-кола,швепс,синалко,сок од портокал,мултивитамин,од јаболко,праска..Вода и не пијам баш.Може денот да ми помине, а да не се напијам вода.Повеќе сум на сокови,јогурти..Ама сега па летниов период незнам што ми е,само вода пијам