Ууууу страшна работа, пача бе никогаш не сум пробала, а не ни планирам, зошто не ни изгледа дека е нешто вкусно, па на крај краева не е ни привлечно, а уште помалку здраво. Правеше порано татко ми дома, ама откако му најдоа холестероли и триста други глупости престана да ја прави. Шуќур
ПОрано едвај чекав да дојде Божиќ да правиме пифтија, сега 3 год на назад во уста нема ставено ни една вилушка, толку ми е згадена што нема ни да пробам
Јас не сакам многу да јадам пача бидејќи многу мириса на лукоина,така што ми се повраќа и не ми се допаѓа свинското месо од нозе и глава,а и пивтиестата маса ми се гади и не можам многу да ја јадам и баба ми покојна кога ја правеше јас ја викав смрдљевак и сега ми текнува и на мирисот и на вкусот на пачата и ми се гади! Но,откако почина баба ми,пача ни имаат донесено на подарок едни луѓе наши домашни пријатели направена од свинско цедено црвено месо,не она од нозе и од глава,без многу лук и лој на површината од чинијата,зачинета со вегета и со црвен пипер и таа многу ми се допадна,па само таква можам да јадам,друга никаква не доаѓа во предвид да јадам! Сепак,во глобала земено,јас не сум голем љубител на пачата,дури би се рекло дека јас речиси воопшто и да не јадам пача!
Едно од ретките ако не и единствено јадење кое го неам пробано (секако од оние јадења шо ги има на наши простори)... и за сеа неам намера ни да го пробам..
јас имам mixed feelings за пачава Некогаш ја мразам и ми се гади од неа (посебно кога ќе слушнам од што се прави ), ама некогаш - мх, мх татко ми прави во зимно време и некогаш јадам а некогаш не.. незнам, некако чуден вкус има, ама баш ми е убава некогаш
Едвај чекам........ Уште помалку од 3 недели, јадам само од онаа на мама и идната свеки. На слава кога одам, никако, еднаш за малку да изедам УШИ и тоа декорирани со неколку влакненца.....
Ова е за оние на кои им се гади. И јас бев таква, буквално не можев да бидам во иста просторија каде што се подготвува или има пивтија на масата, буквално ми идеше нагон за повраќање, тоа беше додека не пробав по грешка и сфатив дека пивтијата е ДЕЛИКАТЕС. Значи се навикнувате на мирисот на лук, тоа е она што поттикнува гадење, самиот пудинг од пивтијата е екстремно вкусен, се разбира ако е подготвена добро, ако не била чувана на топло место и ако имало доволно месо и коски за време на варењето. Прво го јадев само пудингот, после се навикнав да го јадам и месото. Само се разбира немојте да претерате во јадењето затоа што после ќе ви се гади, ама во умерени количини е феноменална, и еден совет, немојте да јадете со тазе леб, само со леб кој се рони, некако има поинаков шмек.