Од мувлосаните би пробала што значи не сум досега, а ме привлекуваат но цената ме одбива ептен е скапо а незнам дали ќе ми се допадне, исто така имам мерак на она француското Брие и Камберт мислам се викаше, но тоа понатаму имам во план да ги пробам, досега имам пробано од Гауда, Ементалер и тоа ементалер со дупчиња некој специфичен вид кој е преубав и мој омилен инаку не сум го здогледала тука и секако италијанска Моцарела која одлично ми оди на салата со свеж патлиџан но најубаво во пица или тост.
Покрај мувлосан исто така специфичен тип на кашкавал кој наводно во Италија е најскап е кашкавалот со дупчиња и црви,

да тоа го дознав од роднини кои живеат таму и тој бил најскапиот кашкавал и највкусниот.

Мора тоа да се проба кога тогаш

.
Од кашкавали најомилен ми е Гауда и тоа Олдемберг и Ливада

и
од нам досатпните видови на кашкавали и фирми најубави ми се германските и словенските.
Сирење само преферирам македонско, ги имам пробано сите видови но најомилено ми е козјо, најчесто го зимам она Беровското или Пелистер, а млекара Николовски имаат најубаво овчо според мене.
Без кашкавал или сирење не ми почнува денот, и едното и другото се застапени во секојдневната исхрана.