Обожавам да се врткам низ кујна , но никако да најдам време да си зготвам нешто посебно за себе.Не се сеќавам кога последен пат доручкував нормално , животот ми помина во брзање , немам ни некоја минута вишок да се најадам како човек. Ранобудник сум но не по свој избор , обврските тоа го бараат од мене , така да на менито за доручек стои следното

..добро исуштена кифла ( сакам да си ја викам ланска нагалено ) кога со сиренце, кога со салама и кашкавал ...ама се мислам дека тоа е некоја наградна игра пронајди го сиренцето или саламата

..воглавно се празни, да продолжиме понатаму ..ах да минијатурен севендејс кроасан , сендвич / тост од локалната сендвичара.Треба да имаш добар желудник за да ја свари недопечената плескавица и живите компири

Некогаш се нема време ни за тоа па утрото го врвам со празно меше или две три голтки баланс јогурт , секогаш си носам во ташна
