Ги сакате ли? Дали супите се дел од вашите секојдневни ручеци, или ги јадете само кога сте болни?
Забележав дека кај Хипица

, редовно има супа како дел од ручекот, и мислам дека е тоа добра навика, не дава да се прејадеш. Е сега, јас јадам супа, ама не ги сакам сите видови. Алпската од Подравка ми е незаменлива, другите не ги обожавам, а ја сакам и домашната кокошкина супа, кога мама ќе ја направи така вкусно
Дали ги јадете само купени, од кесичка или експериментирате со супите? Не се прашувајте како е можно, мајка ми најчесто знае да стави морков и компир, рендани ситно, да се пропржат убаво, па потоа да се варат со вода и да се додаде супа од кесичка, или парченца пилешко месо, плус лимон на кришки. Ете и така е вкусно. Е па форумџики, повелете, ем топло ем вкусно, лековито со доста бибер и лимон

Ако има некој посебен начин на подготовка, кажете го и вие, дајте предлог
