Вегетаријанство е посебен начин на исхрана кој го исклучува јадењето на месо (вклучувајќи го дивечот, рибата и морските плодови). Постојат неколку видови на вегетаријанство, а во некои од исхраната се исклучуваат јајцата како и некои производи кои се добиваат од животните, на пример млечните производи и медот. Со својот познат слоган „месото е убиство” (англиски „meat is murder“), вегетаријанците сакаат да нагласат дека за нивната исхрана не е потребно да се убиваат животните. Што мислите за овој начин на исхрана? Дали сте или би станале вегетаријанец?Искрено ги поддржувам луѓето со овој начин на исхрана, не сум вегетаријанец иако месото(заради здравствени причини) се трудам да го сведам на минимум.И да сметам дека не е потребно да убиеме за да јадеме.
Според мене ова се чисти глупсоти. Месото е потребно за организмот. Не можи растителната исхрана да ја заменат неговата функција во организмот. Се разбира дека не смее премногу месо да се внесува во организмот, ама токму затоа и црквата навела четири пости во текот на годината и за време на постите се врши детоксикација на организмот. Кој пости, знае за што зборувам.
Сакам да сум бегитарјанка бидејки многу ги сакам шивотните и не сакам да се убиваат за нас за ние да се најадеме ..и тие имаат душа...а и не сум голем обожавател на месото би можела секое јадење да го јадам без месо ...ама мајка ми постојано прави разни јадењња и кога одбивам да јадам месо ја дига целата кука во воздух му кажува на татко ми за моите "глупости" ии сепак јадам..
Сакам да сум вегетаријанка, и го подржувам овој начин на исхрана! но мајка ми не ми дозволува ! ...Плус мислам дека оној кој што јадел цел живот месо, па да одлучи да стане вегетаријанец, мислам дека е невозможно! Чест на исклучоците....за тоа треба огромна волја!
Со години сум вегетаријанец,не јадам месо,риба ич не јадам,неможам да ја поднесам,неможам да јадам месо,не ми бара организмот,немам потреба едноставно,но и не сакам заради тоа што животините маки доживуваат за ние месо да јадеме,можеби на некој ова ќе му биде смешно,но јас сметам дека воопшто не е смешно,затоа што сум свесна за тоа што им се случува на животните,болката е болка.Имам слушнато,а и колку што знам некои од месата се канцерогени,сепак месото е всушност внесување на друг организам во човечки организам,дури размислувам која е една од причините за предизвикување на болести кај човекот,иако имам мисла дека е месото,но тоа ми е само претпоставка.Сметам дека би било добро воопшто да не се јаде месо поради горенаведените причини,но тоа е мое мислење,а дали е точно,незнам,тоа може друг да потврди.Можеби ќе се повторам,но заради заработка,нормално дека ќе ти кажат дека месото е здраво или било која храна,многу логично ако кажат дека не е здраво,дека нема да ја купиш храната,тие го знаат тоа.Треба да се внимава што се јаде
Пред колењето, како и за време на самиот чин, биохемијата на метаболизмот кај исплашените и возбудени животни доживува големи промени. Отровните нуспроизводи се шират по целото тело,притоа труејќи ги сите делови од животното што се коле. Сето тоа подоцна го труе човечкиото тело, но и умот. И не само тоа. Животните се чуваат во кафези, а некои никогаш не виделе сончева светлина, освен кога ги носат на колење. Им вбризгуваат разни лекови, хормони и слични супстанции, кои подоцна завршуват во човечкиот организам.Па не ни чудо што целиот свет боледува од депресија! Сето тоа е поврзано со месото бидејќи животните лачат разни хормони кога се под стрес.
Бев вегетаријанец 2 год во средно, па добив анемија. Сега пред 1 година, пак почнав да не јадам месо и пак добив анемија и морав пак да почнам со месо. Амааа, си ја проверив крвта и сега ми е супер, па ке почнам пак да нејадам месо. Инаку месото ама ич не ми е убаво, и со сила го јадам. Затоа сакам да сум вегетаријанец
Многу си сакам животни но неможам да ги осудувам тие што јадат месо сепак и тоа е храна. Ако подразмислат малце ќе заклучат дека е греота и жално ама убаво им е и ќе си го јадат Јас не сум по месото јадам само пилешко и некогаш риба но ретко е тоа , дури можам и без месо да си живеам , не ми е убаво ич.
Кога сум била помала мајка ми ми бутала месо во уста.. Али веќе од 5 год. не јадам месо! Едноставно не ми се свиѓа ! Не јадам ама баш никакво месо ( свинско,пилешко,телешко и сл.), салами, виршли, риби.. едино паштета јадам и тоа ретко. Али навистина не можам да го поднесам месото. Јас сум вегетријанец 9 год.
Верувам дека треба да се јаде се, ама умерено. Не сум голем љубител на месото, ама го јадам. Не чини да се претерува, ама железото од животинско потекло не може да го замени ниту едно растение. Понекогаш организмот сам ти кажува што треба да јадеш. Јас периодов се утепав од јадење црвени меса и џигери кои баш и не ги сакам, и излезе дека сум слабокрвна, и тоа железо едвај имам во организмов. Чудо како не ми дојде па почнам да јадам арматури.
И јас сум една од многуте што сакаат да бидат вегетаријанци, а за жал не се. Иако многу не го обожавам, мајка ми не ми дозволува да не јадам месо. Можеби некогаш кога ќе научам да готвам, ќе си го исполнам сонот да не ги повредувам тие што ги сакам, животните.
Скоро сите што ги познавам кои од нормален начин на исхрана преминале на вегетаријанска, пројавиле некаков здравствен проблем. Дали ослабена крв, намален имунитет, промени во изгледот на кожата, косата... Не го поддржувам овој начин на исхрана, ниту го сметам за здрав, потребни се сите видови на храна, посебно месо , ниту се сложувам дека на тој начин треба да ги заштитиме животните. Тоа си е синџир на исхрана, така функционирало отсекогаш, нема што да измислуваме нови правила и топла вода. Како и да е, помеѓу веге-бургер, со некакви треви и соја и убаво, сочно, свинско гиро, мојот одговор е сосема јасен. Животот е создаден за уживање во убава храна и вино , не за некаква храна наменета за тревопасни животни. Точка.
Не сфаќам како тоа мислиш дека овој начин на исхрана не е здрав, кога сите вегетаријанци што ги познаваш од здравствени причини станале тоа?
^ Никаде не реков дека од здравствени причини станале вегетаријанци. Јас тие што ги познавам искрено, едната половина премина на тој начин на исхрана мислејќи дека така е поекономично , а испадна дека далеку повеќе пари од буџетот одат токму на ваква исхрана, според мене - вечно гладен, а едната половина чисто од чалам И тоа не го сфатив, ама секој си има право на сопствен избор. Јас не би , ама никогаш. Секој си знае за себе.
Извини, ти всушност си пишала дека откако станале вегетаријанци, добиле здравствен проблем. Лошо прочитав. Инаку јас сум немала искуство со ова, и би било празно зборување. Се што можам да кажам е, дека често пати некои диети за болните од некоја потешка болест го сведуваат месото на минимум, а освен тоа, денешното месо навистина содржи премногу хормони и триста глупости, кои се далеку од здрави и пожелни за човечкиот организам. Тоа од здраствена гледна точка. Од етичка, работите се покомплицирани. Јас мислам дека, животните како живи суштества имаат право на живот, баш како и ние. Природата нас не направила посилни, точно. Но, до каде не одвело тоа нас? Дали месото од животните ни е навистина потребно за да егзистираме или навистина можеме и без него? Тоа е исто како секојдневниот пат што треба да го поминеме, до факултет или до работа. Можеме слободно да избереме да го направиме тоа со велосипед или пешки, но ние се одлучуваме за автомобил, со кој ја загадуваме средината во која живееме. Затоа што ни е поубаво и полесно. Како и со јадењето месо. Ќе отворам и друго прашање, какво е пак фаворизирањето на некои животни, само затоа што се ретки? Ако ги гледаме животните единствено како храна, не би требало да се забрани убивањето на ретки животни. И ај да не должам многу, додека не сум направила уште еден лапсус, како резултат на мојата сонливост. Поздрав
Вегетаријанец не сум,иако јадам само пилешко,а тие што се прават многу свилени демек им е жал за животните,и сегадат кога ќе видат другите околу нив како јадат месо,нека се потсетат кога учеле за исхрана и за синџир на исхраната.
Многу сакам да бидам вегетаријанка сум пробувала ама тоа е нешто за коешто јас едноставно не сум родена. Многу сакам месо и неможам да замислам главен оброк без месо. Секоја чест за вегетаријанците
јас станав вегетарјанка пред неколку месеци. И пред тоа не јадев месо којзнае колку ама видов делови од штотоку убиено животно спремно да виде вечера и од тогаш не јадеам месо... и не жалам за тоа ич, бев анамична пред да станам вегетарјанец ама сега внесувам повќе витамини и немам проблем со тоа Обжавам да готвам и да добро ќе ми дојдат некои нови рецепти за вегетарјанци па кажувајте