Да му помогнеме на Кристијан! Кристијан Неделковски има 23-години боледува од дилатативна кардиомиопатија, неопходно му е ново срце. Поради влошената здравствена состојба итно мора да му се изврши трансплантација на срце во Берлин. За целосниот третман потребни се 330 000 евра. Семејството не е во можност да ги обезбеди потребните средства за трансплантација на срце, придружете се на апелот за помош. Се повеќе ослабнува работата на срцето на 23 годишниот Kристијан Неделковски од Скопје. Овој витален орган на ова младо момче функционира само со 25 проценти. Итно му е потребна трансплантација на срце за да може да продолжи да живее. Иако многу европски кардиохируршки центри не се согласиле да ја направат оваа комлицирана операција семејството успеало да стапи во контакт со кардиохируршкиот центар во Берлин кои бараат момчето во најскоро време да биде однесено кај нив. За да се изврши трансплантацијата на младиот Кристијан му се потребни 330.000 евра. Со 2 конзилијарни мислења од клиниката за кардиологија и од Филип Втори дека во земјава се исцрпени сите можности за лекување на Кристијан семејството во понеделник ќе побара помош од Фондот за здравство за да покрие 80 проценти од трошоците. Во меѓувреме сите хумани луѓе можат да помогнат со донирање на следната трансакциона сметка: 200002378293134, СТОПАНСКА БАНКА НА ИМЕ КРИСТИЈАН НЕДЕЛКОВСКИ, Донирајте преку мрежите на: VIP 077 143 193 T-Mobile 070 143 122 One 075 143 450 Стопанска банка: 200002378293134 http://srednoo.mk/%D0%B4%D0%B0-%D0%BC%D ... %B0%D0%BD/
да, и пишав на Pеин да се отвори темата, и јас донирав Mногу ми е жал вака млади деца болни.сега ќе видам уште за некој да донирам, ми остана доста кредит, а јас никаде не трошам, така да подобро за вакви работи да отиде
Да ама не сите банки соработуваат со таа од чија шо е сметката Дај боже да најдам начин, ако случајно знаете некако пишете ми .
Доколку жиро сметката е за девизот кој го користите нема проблем... обично сметките кои се приложени се денарски и на таа може да се донира само во денари. До жиро сметката би требало да стои дознака за која валута е. Ако веќе не можете така, можете да пратите на име и презиме.
Јас само што дознав за дечково,го видов сега на вести.Очите ми се насолзија,срцево мислам ме заболе...душичка го одбиле зашто операцијата можеби нема да е успешна бог да чува 100 по 100 ден.со донации се надевам дека ќе му помогнеме да собере пари и да се лекува. Господ да го чува...
Баш ми е жал за Кико.И така е мн,мн добро дете,никогаш не направил ништо лошо,само добри работи.Последен пат го слушнав на вести и искрено заплакав,бидејки Кико не го заслужува ова,но сепак ке се излечи,знам,се молам за него и сите се молиме,знам дека ке ни се исполни желбава!
Дониравме и јас и брат ми. Душата не заболе сите кога го гледавме прилогот на ТВ. Сега останува само да се молиме што поскоро да се собере потребната сума, Кристијан да замине на лекување и да се врати со ново, здраво срце. Господ е голем, нека му помогне. Иако можеби не е најсоодветно место тука ама многу се изреволтирав со донацииве. Донираш 100 денари, а операторите ти наплаќаат 118 денари. Мора ли да има 18% данок на донации? Аман бе лоповска државо!!! Аман бе лопови оператори!!! Не ми е за 18 денари, ама да ќарува некој на туѓа тешка мака е многу сурово. Ако веќе сакаат да бидат хумани (државата, операторите) дајте ги и тие 18 денари за лекувањето. Проста математика, ако 10.000 луѓе донирале, тоа се 180.000 денари данок, односно околу 3000 евра. На Кристијан му се сигурно многу попотребни и позначајни отколку на државава лоповска!
Донирано Кој шо е во можност нека донира, со 100 денари нема ниту да се збогатам ниту да осиромашам, а можам да спасам нечиј живот. Во вакви моменти сфаќам колку треба да сум задоволна со животот и колку многу пари трошиме на непотребни ситници ...
Државата не му дава 330.000 евра за трансплантација на срце!!! На Кристијан Неделковски од Скопје итно му е потребна трансплантација на срцето за да преживее. Две конзилијарни мислења од Клиниката за кардиологија и од болницата Филип Втори го потврдиле тоа, но државата му го одбила барањето за финансиска помош за операција во Берлин која чини 330 илјади евра. Спојлер http://www.plusinfo.mk/vest/44706/Drzhavata-ne-mu-dava-330000-evra-za-transplantacija-na-srce Па добро бе луѓе каде живееме ние....а за споменици,мостови и врби има пари нели?!?! Ми се гади веќе да читам,пу е*ате државата. Ајде барем ние да помогнеме колку што можеме за да го спасиме животот на ова младо момче. Донирајте луѓе,помогнете!
Јас двапати донирам до сега. Понатаму пак. Гревче.Се надевам дека ќе се излечи бидејќи никој не го заслужува ова