1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Хуманитарна помош за Србија и Босна

Дискусија во 'Хуманитарни акции' започната од Snow-Queen, 17 мај 2014.

  1. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Собирен пункт на Црвен крст Охрид на ул. 15-ти Корпус, кај новата Автобуска.
    Пунктот ќе биде отворен секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот, започнувајќи од утре, недела 18-ти мај.
     
  2. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    А во Прилеп можам некаде да донирам? :)
    Иначе донирав 100 денари на бројот погоре.
     
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    LittlePinky редовно ги следам групите по фб на Црвен Крст штом дознаам нешто ќе пишам :)

    Се наежив

    Хала Пионир се чекаат евакуираните

    [​IMG]
     
    На Tenkai и LittlePinky им се допаѓа ова.
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Јас утре ќе донирам облека, ќебиња и се што би можело да им се најде во овие тешки денови.. :(
     
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    - Собирен пункт во простоириите на Црвен крст Крива Паланка од 18.05.2014 дo 21.05.2014, во временски период од 11 - 15 часот.

    - Утре со почеток од 15 до 19 часот во просториите на ООЦК-КИЧЕВО ќе се одржи собирна акција на која секој заинтересиран граѓанин може да донира.

    - О.О Црвен крст Гостивар во соработка со Незнам кафе организира хуманитарна акција за прибирање на помош за настраданите во поплавите во Србија и БиХ. Едниот штанд ке биде поставен на плоштадот во ГВ од 12 до 15 часот а другиот во Незнам кафе од 11 до 13 часот. Исто така средствата од кафињата што ќе се испијат во тој период ке бидат донирани за истата цел. Секоја помош е добредојдена, може да се донесе храна, санитетски материјали, ќебиња и тн и тн... Сметаме на вашата хуманост
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Јас сум изреволтирана од тоа што зад хуманитарнава акција стои партија и ти велат задолжителен состанок секој да донира.
    Тоа дали ќе донирам и колку и што ќе донирам е моја и лично моја работа.
    "Кога даваш со десната рака, левата да не знае" (јас и во црква кога оставам пари се трудам тоа да не биде врз икона, само за да видат другите, туку парите ги оставам скришно во кутијата наменета за тоа). Односно, сакав да кажам дека ова е хуманитарна акција, кој колку има и АКО има ќе донира. Само ако некој ме вработил партиски има право да ми каже задолжително да донирам преку хуманитарната акција која тие ја спроведуваат, во спротивно не ги регистрирам. Им реков дека има пунктови за донација низ град.
    Како можат и со вакви работи да собираат политички поени. Ми се прават хуманитарци а се сликаат при нивните хуманитарни акции и се објавуваат на фејсбук. Страшно :tmi: , и тоа се едни исти се сликаат а сите донираат. Мизерија.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Мене оваа реченица ми падна в очи, ама само ти си знаеш што сакаше да кажиш. Важно е да се донира кој колку можи, дали самостојно или е замолен од партија не тие на кои им е потребна помошта не им е битно.
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    ^^ Ми го цитираш цел пост, со се моите болдирани делови, така што не знам на која реченица мислиш.

    Јас го мислев тоа што го напишав, дека кога се донира не треба да се гледа на тоа колку некој донирал и дали донирал и не треба некој да ти дава задолжение дека МОРА да донираш, особено ако тоа е партија која преку хуманитарните акции се кити со туѓи перја и собира политички поени. Значи не е битно која партија, јас не именував, зборував општо за тој политички потег.
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    И мене не ми е јасно бе што си го пикат носот овие од партите секаде? демек тие ќе го подигнат нивото на свеста ако не знаеме ние за човечност ајде бе нека се гонат онаму сегде си го пикат носот за утре кога ќе има пак избори да се чукат по гради :puke: ми се гади веќе од нив...(се извинувам што забегав малку од темата ама ме извадија од такт)...
     

    Прикачени фајлови:

    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Хуманитарна помош за Србија
     

    Прикачени фајлови:

    На Lella, BI-44, sofijanoka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Да да не ги заборавиме и животните и тие се душички :(
     
  12. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    [​IMG]
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pink.Barbie

    Pink.Barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    23
    Хуманитарна помош за Србија

    Феминки, знаете ли до кога трае донирањето на плоштад?
    И дали ќе има уште една таква манифестација? :?:
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Хуманитарна помош за Србија

    Само што прочитав дека денес во 15 и 30 ќе има ваква акција и во дворот на Канал 5 телевизија. Исто и ќе има некоја емисија посветена на случувањата и ќе не информираат на кои се начини може да се помогне.
     
    На Pink.Barbie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Нели е малку не фер насловов да се однесува само на Србија? А каде е Босна?
     
    На LittlePinky, cresa-jagoda, Glasna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Хуманитарна помош за Србија

    prilep ima nekade stand da se donira?
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Поради големата вклученост од страна на граѓаните и компаниите Црвениот Крст од утре ќе отвори и дополнителен пункт во Даре Џамбаз од 08.30 - 17.00 часот
     
  18. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Еве за Прилеп во споилер затоа што е долго
    Важно соопштение!!!
    Согласно со настанатата ситуација Општинската организација на Црвен крст Прилеп се приклучува на акцијата за собирање на НАЈНЕОПХОДНИТЕ средства за помош на настраданото население во Србија и Босна и Херцеговина. По тој повод утре (Понеделник) 19.05.2014 година општинската организација на Црвен крст Прилеп во соработка со Општина Прилеп и граѓаните на општина Прилеп ќе отвори пункт за собирање на:
    - хигиенски средства (сапуни, пасти, шампони, средства за дезинфекција)
    - вода за пиење (флаширана)
    - храна (сува, тетрапак и конзервирана, сол, шеќер, брашно, тестенини)
    - храна за бебиња и млеко во прав, влажни марамици, пелени и слично
    - постелнина и ќебиња
    Пунктот ќе биде лоциран кај фонтаната од водовод во центарот на градот од 10 часот наутро до 17 часот. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да ги донираат овие средства тоа можат да го направат на овој пункт. Исто така канцеларијата на општинската организација на Црвен крст Прилеп ќе биде отворена за донации преку целиот ден и во текот на неделата се до 31 овој месец. Општинската организација на Црвен крст Прилеп се наоѓа на улица „Јоле Андоноски„ број 5а (кај судот). Телефон за контакт 048/424-710.
    Исто така од страна на општинската организација на Црвен крст Прилеп ќе бидат организирани штандови во наредниот период за собирање на парични средства за помош на настраданите во Босна и Херцеговина и Србија, а за сите граѓани кои нема да бидат во можност да донираат во текот на овие собирни акции, а сакаат да помогнат тоа можат да го направат на следниот начин:
    1. Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, Црвен крст на Република Македонија.
    2. Донирање на 100 денари со повик на телефоните : 075/070/077 143 400
    Општинската организација на Црвен крст Прилеп ги повикуваат компаниите и хуманите граѓани да се вклучат во апелот за помош на настраданото население. За текот и резултатите од акцијата јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Да не е фер вака ајде поправете го насловот на темата да биде коректно моментално во Босна е покритично од Србија не дека тоа е поентата но и на нив се однесува оваа катастрофа...
     
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    Хуманитарна помош за Србија

    Битолскиот Црвен Крст од утре отвараат три пункта на Магнолија, кај Веро во Нова Битола, Веро на Широк сокак и во седиштето на општинската Организација во Битола под поранешен Јавор.
    За време не пишуваше ваљда по цел ден може да се донира :?:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.