А ДОНАЦИЈА ПО ПРЕДЛОГ ЗА УПАТУВАЊЕ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО ОД КОНЗИЛИУМОТ НА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА ПРИ КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ ВО СОСТАВ ОД ПРОФ. М. ВРЧАКОВСКИ, ПРОФ. М.ГРУНОВСКИ И ПРОФ. К.ЃОРЕСКИ Јас Ѓорѓи Николовски, роден на 2.4. 1988 година во Скопје, имам потреба од итна хирушка интервенција која чини 50.850 евра. Поради немање на тие средства, Ве замолувам за Ваша помош да ми овозмо- жите да продолжам со мојот живот бидејќи имам само 23 години и ќе Ви бидам вечно благодарен. Вашето име ќе ми биде врежано во моето срце и вечно ќе се молам за Вас. Ве молам помогнете ми да ги соберам овие средства со онолку колку што сте во можност. Се надевам дека оваа молба ќе допре до Вашето срце. ОДНАПРЕД ВИ БЛАГОДАРАМ. Жиро с-ка за донација: 300001000022215 Депонент: Комерцијална банка Телефон за донација: 070/143-133 (Т-мобиле) 077/143-133 (ВИП) 075/143-123 (Оне) Конзилиумот на горенаведената клиника дава предлог за упатување на болничко лекување во странство од следниве причини: 1. Неможност да се спроведе соодветно лекување во здравствените установи во Република Македонија поради: немање на потребен материјал - пренасочувач на протокот на крв, стен интракранијален со погуста мрежа. 2. Постои индикација според итност: Интервенцијата за која се предлага пациентот да се упати на лекување во странство треба да се изврши ИТНО (10-15 дена и помалку ПОРАДИ ОПАСНОСТ ПО ЖИВОТ). Поради прогресивни главоболки отпорни на медикаментозна терапија. 3. Дијагноза: Дисеканктна фузиформа аневризма на артерија церебри постериор лево во посткомуникантен сегмент. 4. Се упатува во: Интербалкан, Солун- Грција поради близината, бидејќ и постои опасност од подалечно патување или патување со авион. Од предложеното упатување и лекување во странство се очекува да се постигне: Ремоделирање на артеријата која е заболена со обезбедување на проток на крв дистално и ПРЕВЕНЦИЈА ОД ИНФАРКТ И КРВАРЕЊЕ. Барател Ѓорѓи Николовски Благодарност до Офи.
Донираме средства за оние на кои им се потребни Постирано и донирано, доколку сте на фб и знаете некоја заедница на цркви во странство залепете, ми се блокираше нешто фб, не можам да лепам док не ме одблокира..
Донираме средства за оние на кои им се потребни И јас свртев, и за тоа детето Aндреј, на 9гаг го начекав имаше пост за него, ама го избришаа... Aјде и на жиро сметка ќе пуштам некоја паричка во понеделник, така имам да уплаќам во банка нешто за греотка бре, млади деца
Донираме средства за оние на кои им се потребни Донирано. Се надевам дека ќе се соберат сите потребни средства.
Донираме средства за оние на кои им се потребни Сега ќе постирав за Ѓорѓи кој има само 10 дена живот, случајно видов на фб и веднаш ги алармирав домашните и дониравме исто и пријателите на фб, донирајте и вие, да му го спасиме сите заедно животот на Ѓорѓи, или на било кој кому му е потребна парична помош, а можеме да ја пружиме! Да бидеме хумани, да спасиме човечки живот!
Ѓорѓи Николовски има само уште десет дена живот. Да. УШТЕ САМО ДЕСЕТ ДЕНА ако не се соберат 50000 евра за операција. Ставете се на негово место и сфатете ја итноста. Кренете телефон и донирајте 100 денари. За вас не се ништо, а за него се с...e. Ајде да бидеме хумани и да му помогнеме на Ѓорги да прослави уште многу Нови Години, да не дозволиме ова да му е последен Божиќ! Се работи за човечки живот! 070/143-133 (Т-mobile) 077/143-133 (VIP) 075/143-123 (Оne) ПОМОГНЕТЕ ДОКОЛКУ СТЕ ВО МОЖНОСТ ! СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ДА ЖИВЕЕ !
Се потресов кога ми стигна порака од Алхемист, ако сакам да го споделам линкот на фб. И седам овака и си размислувам, толку ли нема некој богаташ во Македонија, да му помогне на ова кутро момче Па јас да имам толку пари, ич нема да жалам Знам, никој не е должен некому да дава пари и помага, ама барем тие богати луѓе можат да помогнат повеќе од нашите 100 денари... И молба до админите, во категоријава да смееме сите да отвараме теми.
Донирав и од vip и од t-mobile, немам број на one.. Иначе да, 118 денари ми зема мене за еден повик. Ама ако, не ги жалам и би ги дала и пак.
Утре прво нешто што ќе направам е да ставам кредит и да донирам. Нас ништо не би ни значеле овие 100 и нешто денари. А за некого би значеле живот. Се надевам дека ќе се соберат до кога што е потребно. Со Господ напред.
Можеме и некако да испечатиме флаери со бројот за донација и да залепиме низ нашите градови, така ќе видат и оние што немаат пристап до интернет, па и постари лица
Да се направат флаери, ама директно во сите фирми, конфекции, организации, претпријатија да се однесат и тие да донираат пари, луѓето ќе дадат 100, двеста, па и повеќе, ама овие можат многу да донираат.
Па на вести нека кажат за ова, а не само за бркуловска и за триумфалната порта да зборат Tреба да пишеме на Kанал 5, телма, скајнет да им се пратат пораки нека помогнат малце и медиумите, доста со глупости не трујат
И јас донирав. Дај Боже да се соберат потребните средства. Апел до сите што ќе прочитаат: Бидете хумани. Спасете живот http://www.idividi.com.mk/vesti/makedon ... index.html
Медиумите веројатно знаат за случајот, со оглед на тоа колку веста е распостранета по социјалните мрежи и интернет страните, ама очигледно имаат други поинтересни вести.
50 илјади евра не можат да се соберат вака, овие од т-хоме, вип, оне и сл. наместо да отвараат вакви броеви можат да не крадат дневно барем по пет денари од секој претплатник и да се соберат тие пари, при толку јаки фирми како не им е срам да не помогнат туку да бидат само посредник. Тие пари можат директно да ги донираат зашто располагаат со истите, за да не мора болните да чекаат до кога да се соберат пари од донации. Толку мизерни промоции и реклами прават, торти на плоштад, мараја посраната на плоштад и слични глупости а не можат самите да донираат веднаш! СРАМОТА! Не викам дека тоа им е обврска ама ако сакаат да се себе рекламираат нека го направат тоа на хуман начин а не со делење торта и балони на плоштад. Детето не мора да чека собирање од донации, тој треба веднаш да се оперира. УУУААА за големите фирми што се прават некакви посредници и заработуваат од ддв. На детето му се потреби пари веднаш, секоја секунда му е важна. И каква држава сме, се трошат толку пари на глупости, зар не можат да ги набават тие апарати кои напишале дека им недостигаат за да не мора да се праќаат наши луѓе во странство, една посрана банкротирана грција има ние немаме, мизерија!