Цел ден мислам и морав да ја отворам оваа тема ако има некоја слична нека стават одма клуч Инаку во оваа тема мислев да си споделуваме мислења за цените, еве на пример јас прва ке прашам: Kолку би чинело да одам на педикир ? Се надевам дека оваа тема ке поттикне дискусија Поздрав срцки
Павлодермот е околу 200 денари... Има помало и поголемо пакување, ова на сликата е поголемо. Мислам дека разликата е 50тина денари... Педикирот е од 400 па нагоре... Зависи каде одиш (за во Ск зборувам).
Фала Душо! А кремава Dove знаеш колку е?.. Ја користев порано многу беше убава, ама и ја заборавив цената. Најдобра крема, и ми ја правеше кожата на лицето прекрасна.
Некоја феминка имаше пишано дека помага за сува кожа и усни, баш би ми било корисно овај период :geek: Знае некој колку е?
Пред некој ден прашав за вазелинот за усти во аптека, ми кажаа дека гроздевата маст онаа што се мачка со прст е до 30 ден а лабелото е некаде до 100 ден.
Незнаев дали овде да го поставам прашањето ама мислам дека не сум офтопик, сепак за цена се работи. Дали некој знае колку чини панорамско снимање на забите (со упат) ?