Моментално по македонски јазик ги изучуваме на дијалектите на македонскиот јазик па затоа ви предлагам да зборуваме на дијалект за полесно да ги научам и да ги препознаам карактеристиките позз
Ако де немаш гајле сга ја ќе ти збору на Кумановски.. Само кажи што сакаш да знаеш на кумановски Све ќе ти кажу..
Ама боље е кда се збори у живо онј акцент е много поубав одколко да се пишуе.. Знам според тој што Хипица пишуе на едн начин а изговор е мн дукше.. Надам се дека ти се свиѓасва овија неколко збора затој што стварно немам поима што да ти пишу друго.. А интересно е Нели..? Да се збори на Кумановски и доста неразбирљиво..
Абе стварно е поинаку ко ќе зборвиш, ама нашиов дијалект не е до толку различен од литературниов македонски, ама вие Кумановци
за мене па обратно.. Ја мислу дека ваш се повише разликуе.. Ма нема везе.. важно е македонски и плус дијалект.. хехехех..
дијалектите се ептен интересни еве на пр ја ако сакате ке ви кажам како ниа туј у источна македонија излаваме.па околе 9 саато почнеш да се спремаш пеглаш коса шминкаш се и чекаш да ти титнат.чекаш чекаш никако да начекаш и конечноооооо начека па и ако има снегче а кај нас е удолничаво јака ти душа ти на штикли лелелел мајко држеш другарка ти за рука и ај спаднете некако.ојдете у една кафана тамо пијани жива музика шо да ти кажуам пиинеш малку расположеш се и ај такси за пробиштип на излевање тамо у кул гужва журкаш се и на крајо таксито и дома,приказната е друга кт си со дечкото ај ск вие раскажете по нешто
хахаахаха ма насмеа су темта,баш да виам дали ке приметиш на кој дијалект ти лафум.Хахаххаххах ич не е разбирлив тка да не знам шо да ти пишум,Ајде каж ми ак ма разбра да ти раскажум и јас нештичко.па-па
хахаах разбирам те и баш е интересно мислам дека ова или е кривопаланечки или гевгелиски не знам баш hock: писи некоја случка нешто интересно
А бе за случка баш и неам некоа ву пуследно време али мило ми е шо ма разбириш.Ххаахахаха лел сама си са смеам пред пц то,ептен ми е чудно ка лафум на гевгелијски со некој,иако литературниот по некак ми удгуваре.Само ке та предупредум дека ву гвг дијалект имме ного никакви збораве ....на пр hock: мисур, папуци, лафум, фасуљ, бунела,пујка,блуазта....итн итн итн.(според муабетов можеш да забележиш дека во Гевгелија ги одолговлечуваме зборовите)..Дудека студираах во Ск ,..веруви не им беше на љуагто лесно да ма разберат. хахаахха толку од мене , а кога ке имам случка одма на репорт кај тебе и тоа на дијалект се разбира.Биди ми поздравена
супер значи отприлика сум погодила.бунела ви е лажица,лафум е зборувам, фасуљ ваљда грав,умирам од смеење ептен интересно пиши ми пак позз
леле ги обожавам дијалектите,у средно имав другарки скоро од цела Макадонија и малце научив нешто од нив
грл23 ме изнасмеа. И јас одма познав дека си од Гевгелија пошо имам сна за брачед од таму. И со то ЛАФЕЊЕ веќе сите не имат пукнато. Брачед ми и викат ЗБОРВИ МОР УБО ДА СЕ РАЗБЕРИМЕ КО ЉУЃЕ. Е стварно е смешно вака да цепиш на дијалект.
На факултет многу се дружев со кумановци и кумановскиот ептен ми е мил, а и струмичкиот ми е интересен ама послабо се разбира.
баш сте кул.охридскиот исто е ептен интересен: требит можит сакат убо риза паница почнав да ги разликувам добро е денеска имам испрашување македонски ако не ги погодам маф ми е планот
Човеци чеките сеа ја да ви кажам нешто, кај нас туа у Кавадарци се лафе, на пример ако некој сака да каже паднав и се ударив пошто ни сме ногу познати по пцуењто викме се еба се срина, хаха абе шо да ви кажуам еден куп глупиранции има туа у вија нашиот муабет само некој нешто нека ме поттикне и ќе ви кажам вака сеа не ми текнуе позз