Мислењава ме инспирираа да ја отворам темава, а и не само овие, повеќе пати имам видено како се шушка за Фемина собиранка, а никој ништо не превзема. Затоа и ја отварам темава! Ако биде голем интересот за собиранка, мислам дека нема да биде лошо да се организираме Девојки, ајде да видиме кој е за
Епа не е нешто посебно тешко за организација Ќе се собереме кои сме за и онака не сме во голем број форумџики и ќе седнеме некаде, може и на отворено Немора да е забава голема
Се надевам некој нема да ми се налути, ама јас не сум за. Прво, тука сум се отворила како што не сум се отворила на никој до сега. Ако видам со кого сум комуницирала, со кого сме си делеле совети, сме се карале понекогаш, некако магијата ќе се распрсне. Ќе бидам постегната и нема да можам така отворено да си се искажам. Второ, мислам дека така ќе се подели форумот. Факт е дека не секој ќе стигне на таа собиранка и потоа ќе се чувствува како аутсајдер, бидејќи другите членки(ако резимираме дека се поминало како што треба) ќе бидат поблиски и ќе се комуницира на поинтимно ниво. А исто така и на новите членки ќе им биде потешко да се вклопат. Трето, може да испадне да се знаеме, во реалниот живот да не сме се поднесувале, сме биле скарани и ако видам таква личност јас веќе нема да пишувам на форумов. Мене ми е сосема о.к индивидуалното запознавање, меѓутоа не би дошла на форум собиранка.
Јас сум ЗА! Па девојки, да одбериме град(што не би сакала да е Скопје, бидејќи се што се случува е таму!)
^ Ми се допаѓа како размислуваш и во право си! Можеби така мислиш ти затоа што си од Скопје а од таму повеќе ве има Мене не ми е проблем и затоа ја отворив темава. Можеби на некоја собиранка ќе се видам со членки што сме се дружеле од други форуми Индивидуално е, како што рече некој би сакал, некој не би сакал. Ама од друга страна љубопитноста е голема да се дознаеме која е која.
Се согласувам со мислењето на RainBow.Би ми било драго да ве запознаам и не се сомневам дека ќе биде супер помин,но ќе се изгуби приватноста.И плус јас сум нова членка,не знам како би се чувствувала покрај вас кои сте подолго време на форумот.
идејава се провлекува веќе цела година колку што е активен форумов...ама реализација мноооогу тешко а еве од искуство некои форумџики кажаа дека масовно запознавање не е корисно...па штознам
Повеќе од сигурна сум дека форумот нема да биде тоа што е доколку се случи оваа собиранка. Едноставно сум сигурна дека стварите нема да функционираат на истиот начин. Имајте убава забава, дружба доколку се одлучите на овој чекор Јас сепак ќе останам didija која со задоволство ќе ве чита, советува, прашува ,поддржува од дома
Јас ќе си останам под превезот на мистеријата... Поубаво ми е вака, не сакам да ми се скриши впечатокот како за оние членки кои случајно открив кои се А и јас како реинбоу сакам приватност. Така да, убав помин- доколку се соберете, а јас може да дојдам од страна да ве ѕирнам Се шалам, се разбира.
Јас мислам доколку се договориме , нема никој да дојде... Може ќе дојдат некој од позрелите, и поголемите девојки на форумот.. А за некои други не гарантирам. Ќе видат од страна, ќе се усрамат.. Ќе си отидат. Јас така мислам... Сеа незнам дали е така. А јас сум за, за нови другарства, зашто да не...
И јас не сум за како реинбоу и сесилија. За секоја од членките си имам свој впечаток, своја замисла како изгледаат, како се однесуваат, што сакаат, а што не и кога би ги запознала мислам дека едноставно мистеријата би исчезнала и форумов веќе нема да е виртуелен свет, туку реалност.
Секси, ако само се согласуваш- притисни ми се допаѓа и готово. Нема потреба да ја полниме темата со вакви постови.
Ахм, убав повод за женско друштво...ама и јас на почетокот мислев дека е добро да се запознаеме, но сепак стојам на тоа како и некои други форумџики дека магијата ќе исчезне Од мене НЕ, не поради мене, или поради работите кои јас тука ги пишувам , туку баш поради тоа што ве сакам такви какви што ве запознав тука, и мислам дека тие што навистина ги ценам и сакам од форумџиките сум ги преценила правилно . Сепак не за целосно запознавање, ок, имам и јас неколку ептен другарки, ги запознав и тука, ме познаваат, ги поззнавам, ама ако ги запознаам сите, нема да биде форум веќе, туку ќе биде „друштво од странство“ кое не можам да го гледам често, а се читам на нет(ако сфаќате што сакам да кажам) Мислам дека се разбираме
За вас сум Starfish и убаво би ми било таа и да останам. Не сакам да ги рушам сликите кои ги имам за вас создадено, ниту пак вие да ја рушите сликата за мене. А поголема е веројатноста дека нема да има многу воодушевени, отколу дека се ќе оди како замисленото. Да не се повторувам со горе кажаното, форумот нема да биде ист ако се запознаеме меѓу себе. Има девојки кои многу ги ценам како личности и би сакала да ги знам и лично, но тоа е сосема друга приказна. Значи од мене едно мало ама сигурно не.
Јас не сум за фемина собиранка. Како што спомна некој погоре - индивидуалното запознавање е ок, но мислам дека доколку сите се знаеме еден со друг ќе се изгуби стариот сјај на форумов, нема да можеме доволно да се опуштиме пишувајќи.