Надоврзано со на Теодора постот од сдк...
Не можеш да кажеш било што и да бидеш прифатен со почит и разбирање. Од каде таа смелост и дрскост,а и од каде таа умисленост дека твоето мислење пак е толку важно за да биде толку безобразно? Не,светот не функционира така и не треба да функционира така. Основната култура кога ќе се надмине, се оди по ѓаволите,а ти ќе продолжиш да зборуваш за туѓата глупaвост, немоќ интелектуално да те стимулираат или не знам веќе како,повеќекратно надминувајќи ја својата глупавост.
Во иднина пријателе,ако сакаш да ми се обратиш,обрати ми се. Да ти се обратам со твојот речник, не бегај к*рвински,кукавички,туку соочи се,туку изгледа те плашат здолниште и потпетици,па се расфрлаш со бизарности и некултура наоколу. Ако ти се обратев, ќе направеше мајмунски потег,ќе речеше,па не мислев на тебе,затоа што погоре кажав каков си суштински,а сите наоколу се свесни на кого мислеше,очигледно беше.
Мудрoст,џентлменство и добар вкус,пак утре ќе ти зборува за истрајноста, животот, универзалната добрина,љубов. Не знам како тие околу него не увидуваат сериозни празнини, кога многу емотивни и болни работи ги користи како манипулација и алатка за скренување на внимание кон себе,а познавам такви херои,кои доживуваат страшни удари и загуби за кои не изговориле ни збор...еден,едниствен збор. Им се поклонувам до земјата и ги сметам за луѓе,не мора да ми се пријатели.
Луѓе,ако немате самодоверба да си ги издржувате размислувањата до крај,ве молам не ни почнувајте.
Ако сте огорчени,канализирајте.Одете во теретана,размислувајте конструктивно,надмудрете го светот ако сте способни. Преку глава ми е од нарцисоидни потези кои се ноторни и страшни,пасивно се провлекуваат низ секојдневието и единствено,нивниот врв на јачина е некого да изнервираат,а не де факто да делуваат.
Сите знаат за тежината на животот,а потоа повторно се борат со своите болно големи ега,избегнувајќи ја вистината.
Не сум човек кој бега од истата и стојам пред вас,кажете си било што. Или ќе се разбереме или ќе се доведеме пред свршен чин,помалку од тоа ми е вулгарно и безобразно. Свиени форми и политичка коректност мене не ми треба,туку ајде,барем да се трудите да сте коректни,ама не...ни тоа не сте.
Смешно ми е кога некој се дави во демоќ,па пука и прави скандал без да измери,пред да пресече.
Отиде и последната трошка почит кон една личност во мојов живот...Последната...се потрудив да ја задржам генералната слика на која некогаш се воодушевував,ама повеќе не. Само згадено,цинично се смеам...
И ако не сте знаеле,животот е легитимен само ако е уредно оверен на фб,со сите салтанати,во спротивно сте го немале,колку и да е тоа парадоксално. Следно,можеби и на нотар да се овери,кој знае...Ете јас тоа не го знаев,дека морам да пишам дека сум во врска за да не бидам класифицирана како фригидна и осамена,морам да стават албум пролет,лето,есен зима и 30353 фотографии, да се чекирам каде што поминувам,секој ден да пишувам како ми е тешко или сум среќна, да зборувам за своите планови, да ја искажувам својата еуфорија. Ах,а ако го направам истото, погодете ги реакциите.
За воља на вистината,лесно ми лизга деновиве се,а јас имам огромно трпение до одредена точка.