Мислам дека му фали ваква тема на форумот. Овде кажете се што ви лежи на душата, што ве мачи и што ве нервира, кој ве повредил и зошто. Пишувајте ако сте полни со гнев, заради некого или нешто.Не дозволувајте лошата мисла да ви ја труе душата, преточете ја во збор
Денеска сум толку изнервирана.......се чутвувам како фатена во раце...се ми паѓа,се сокршив,се хаос направив....дали ќе се изненадам нешто????
Ако се испукам страшно ќе биде. Ќе има ранети на сите страни . Се шалам само 2-3 кои ми го загорчуваат животот
Ја мразааааааааааам курва ниедна, мисли дека нема да разберам јас дека му пишувала не дечко ми уфф само ако ја фатам некаде, нема да мислам на ништо друго, ќе ја убијам
Абе бонбонче не се нервирај тој е со тебееее,а “таа“ само се пика не и и ја кревај толку цената и не и удостојувај со провокации...биди ладна и докажии и дека дечко ти е само твој!!!
курвата си е курва (извинете за изразот), не ја интересира дали е твој или нечиј, гледа само да се задоволи себеси, уфф ги мразам таквите луѓе
Имав и јас една таква Незнам зошто им е интересно да се пуштаат на зафатени момци? Што сакаат да им се дигне адреналинот? Е ќе им го дигнам јас. А ти Бона не се нервирај мора да има и по некоја таква, к****, без чувства, без ништо. А мене што е најжално ми беше другарка и тоа најдобра ама сега ја отерав во 300000 пм и гледам не и текнало да се врати Ти не се нервирај мислиш дечко ти ќе трча по ку**а кога има кралица? Епа нема и што и се нервираш не и пишувал дечко ти, туку она на него, нејзин проблем ајде ужифкич.
Како бе може да се замарам за некој што ич к** не го боли за мене?????? Имам страшни проблеми и го МОЛЕВ да дојде и да биде со мене, да ме гушне... Да ми каже сонце претеруваш понекогаш ама јас те сакам, ќе бидам тука со тебе сега кога најмногу ти требам, ќе можам да те сакам и сега кога ти е најтешко... али не! Јас добивам навреди на моја сметка дека сум ненормална, дека само јадам го*на, несака да ме види, не сум заслужила... Зошто? Зашто го чекав 3 саати во патики облечена да ми каже кога да се чекаме а он да си спие, да ми промени план во 5 за 12... И немам право да сум гневна, нервозна... Татко ми е болен, може да го изгубам, дијагнозата му е лоша... а јас го молам дечко ми да дојде и да биде со мене и тој ме одбива... Господеееееееееее... каде си??? Зашто неможам едноставно да не се замарам како што не се замара он? Зар толку успеа да ме понижи, да ми ја одземе целата самодоверба...? Кога, како... каде погрешив? Многу сум гневна
Душичке знам ти е тешко ама не вреди толку нерви да кинеш за него...Верувај ќе свати тој ама тогаш ти ќе имаш предност па ќе му докажеш кој е кој...Колку вредиш!Сега си му најпотребна на семејството..Дај боже да биде се во ред!А него од денес стави го на игнор ама цврсто да си стоиш на тоа..Па ќе видиш како ќе му биде.Не се нервирај само..
не си погрешила ти никаде, тој си дал премногу слобода. Ако несака да биде со тебе и прави да се чувствуваш омаловажена, сврти се кон семејството. Биди во близина на татко ти, остави го него малку. Таквите секогаш се враќаат, и верувај дека ќе дојде тој да те моли. Не се нервирај, реагирај зрело и се надевам дека работите ќе се средат за тебе.
Да не го имаме истиот дечко ? Мислам дека ти кажа тоа што сакав јас да го кажам .. се врти кругот знам , ама кога ќе се сврти мојот ?!
Драги девојки се врти тогаш кога личната сатисфакција веќе нема ни да ја осетите подмолна е кармата дека ќе се сврти ќе се сврти ,тогаш само ќе воздивнете и ќе се насмевнете констатирајќи дека тркалото дошло на другата страна само ќе ви биде сеедно и баш,нек ти буде као мениии песната ми падна на памет !
Welcome to the club! И јас ги имам такви, не една, ами две... ама си траам... сега за сега, додека не ми пукне филмот...
И јас ја мразам не можам да ја поднесам, ми се правеше другарка дека ми е а зад грб секако му зборала на дечко ми за мене и дојдовме до кавга заради неа ама сеа се се среди па нека се сити самата.. КУЧКА!!!
ги мразам сите шо ваделе муабети за мене како јас сум распуштена и никаква + со сето то му ја полнеле главата на дечко ми ја мразам кучката шо нон стоп му пишува и го замара, че му даела СЕ само да бидел со незе...аааааа како можи некој да се спушти толку ниско не ми е јасноооо..ме иритира максимално пред да се фатам со дечкото му велела таја е прекрасна личност, као демек слободно биди со незе..а сега кај ме нашол баш мене од сите ваква таква ме нервираат домашните шо не ме пуштаат на одмор со дечкото добро то можи до некаде го разбирам, 18 че прам и одам со него само 4 месеци ама ме нервираат во моментов и ПЛАЧАААААААААААаам
Сега не сум нервозна , немам за што да се испукам, ама на сите драги форумџики, ќе ви кажам само едно нешто: за што и да се нервирате, не вреди, се ќе помине. И љубовта мора да има болка, и среќата несреќа, и убавината неубавина содржи. Барем живејте си го животот што вие го сакате, како сакате, ако не целосно, барем приближно.
se slozuvam so tebe kate...bas taka! i ke vi kazam samo edno se ke bide dobro na krajot...a ako ne e dobro togas ne e kraj samo pozitivni misli i se ke se sredi...pozdravce do site
Зошто сите мислат само на тоа да фатат некоја кривина? Зошто не си ја сфатат сериозно работата. Еден човек сам не може се да сработи. Ух веќе аман од такви луѓе. Бел ден не можам да видам. Да ги фатам сите по ред и да си го добијат своето
во моментот мислев само јас го имам овој проблем абе срцки, нема да мислам на такви работи веќе, само се нервирам себеси и правам хаос (за малку пц-то ќе го скршев вчера), но не вреди... гледам дека не вреди. колку и да зборуваме ние, тие пак ќе терат по своето, пак ќе мислат на своето задоволство, но СЕ СЕ ВРАЌА,СЕ СЕ ПЛАЌА (ќе видат тогаш)
ГГРРРРРР....МРАЗАМ КУЧКИ ЕЕЕЈЈЈЈЈ АБЕ ГЛАВАТА ЌЕ И ЈА ИСКУБАМ ЕЕ ОНА НЕМА ПРЕТСТАВА СО КОГО СЕ НАШЛА ДА СЕ ЗАМЕРИ!!! КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ДО МОИ РАЦЕ ЌЕ И ОДРЖАМ ДОБРА ЛЕКЦИЈА ДА НЕ СЕ ПИКА ТАМУ КАДЕ ШТО НЕ И Е МЕСТО ЌЕ МИ ПЛАТИ