Здраво најдраги мои Не наидов на ниедна ваква тема тука но доколку има или пак доколку има некоја друга причина слободно нека оди во канта. Па вака мислам дека оваа тема би била погодна за прашањата од типот: Каде се наоѓа некоја продамница, маркет, парфимерија или некое место. Па може ја прва дапрашам Каде се наоѓа Impact Shop? Бидејќи не сум од Скопје никаконе можам да се оправам.
Kаде се наоѓа???? На интернет ги најдов овие податоци - адресата им е Ленинова 60/2 локал 5, што значи дека се наоѓа во центар поточно во Дебар Маало. Улицата лесно ќе ја најдеш ако бидеш на бул. Партизански одреди (во просторот меѓу Соборен храм и т.ц. Буњаковец) и свртиш десно помеѓу Гиро Маниа и Кинескиот ресторан. еве ти контакт тел за секој случај +389 2 3212 735 п.с. Супер ти е темава
Општи прашања Дечки каде е Министерство за надворешни работи или пак Инвалидски ѕид? Некоја асоцијација? Знам некаде околу собрание дека е ама каде појма немам.
Општи прашања За инвалидски ѕид прв пат слушам , министерство за надоворешни се наоѓа на Даме Груев бр. 6 одма кај собрание, кога ќе идеш по улица Македонија, сосема до крај кај кафичот тајмлес, идеш лево одма по тротоарот и тука е лево одма до Собрание. П.с пиши на google Даме Груев број 6 и ќе ти даде мапа, па мислам дека поубаво ќе сватиш каде е
Општи прашања МНР е во зградата спроти куќата на Мајка Тереза, нема шанси да го утнеш. А за тоа Инвалидски ѕид првпат слушам
Ти благодарам многу драга Вчера бев но не можев да го најдам, се надевам дека некој тука ќе ми каже каде е.
Општи прашања Каде се наога ординацијата на Д-р Анчевски? Знам дека оваа е адресат: ул. Метрополит Т. Гологанов 28 Скопје 1000 Македонија но ако знае некој по детално да ми објасни.Во која населба е тоа, некој по значаен објект во близина? Благодарам
Општи прашања Карши кафичот The One, поточно стар Бенетон. Не знам како поточно да ти објаснам, не можеш да го утнеш, имаат реклама ставено. Да речеме ако одиш од Капиштец кон Центар, ориднацијата се наоѓа од лева страна малку пред семафорите. Има и кафана под неа (ако не се лажам). На Google maps вели дека таму е ресторанот Два златника.
Пазарот на паркингот под Кале, кај она мостот по кој се иде накај парк и излегуваш точно кај летен Сектор. Ама мислам дека тој си „работи“ онака периодично за викенди ли како беше. Да не мислиш дека стално си функционира
Општи прашања Каде поѓаволите се наоѓа Мана у центар? Сто пати им пишав, никој не ме удостои со одговор. Ново е вајда зашто знам дека порано немаше-само на првомајска,ново лисиче, кисела вода... Плс итно ми е, утре да тркнам да земам нешто, па да знам дали да ја барам колата или да цепам пешњак!