ТЕМА: Како го доживувате форумот?

Мислење 28 Дек 2011, 19:45

Насловот на темата е во прашален облик и доволно говори сам за себе. Еве го моето доживување -

- Форумов е виртуелно катче каде налетуваш на различни ставови, идеи, (не)знаења, фрустрации, мудрости, рекорди и тешки концентрации на глупост на квадратен пиксел, шеги, лош обид за хумор и промашен сарказам, доживувања, наивност, искреност и за крај, но воопшто не и незначајно - лаги помножени со бројот на мислења, ама суптилно и внимателно украсени или накитени бетер од најкичестата елка што може да ја замислите и по не знам кој пат им се верува (ама тоа е веќе цела друга тема). Плус секогаш се наоѓаат лесно секакви моментални групирања (пр. снегомразачи, па мразачи на снегомразачи и мразачи на мразачите на снегомразачите :D ) и останати интересни и помалку интересни групи. Под интересни читај и од интерес за (зло)употреба;

- Форумов е често голем добар расадник на сеир, групен сеир, свингер сеир и останати (не)оправдани варијации. Кај секој/а просечен/на форумџика/ја тлее желба за добар виртуелен сеир, што повеќе е хардкор тоа подобро :D .

- Форумов за мене лично е место каде мерам каде да ја олабавам и каде да ја стеснам либералноста на сопствената мисла. Исто е место каде анализирам кому ќе ја дадам својата доверба иако е тоа лик бихајнд аватарчето, тоа е истовремено и жива личност со свој единствен карактер, темперамент и фул пекиџ на она што ја чини тоа . Имам интуиција и добро ме служи во овој поглед. Ситни поднапумпани себеприкази не ми сметаат нешто посебно ги сметам за нешто доста високо фреквентно и практично безопасно, ама со фејк крупниците имам проблем и би го цитирала со ценетиот Кили со ,,немој да не‘ је*еш,, со мала модификација ,,немој да мислиш дека можеш, леба ти ;) ,,.

- Форумов е место каде стануваме и побогати со искуства, било да се позитивни или негативни, најчесто е комбинација во прашање, каде имаме непосредна интеракција и шанса да согледаме дека имаме и слични и различни на себеси какви и да сме и да учиме низ различностите, ова е непроценлива можност :) .

- Форумов е место каде сите со над 500 мислења (макар биле и со по една реченица и амбиција да станеш спамер на годината) сме оставиле дел од себеси, од своите животи, емоции, таги, успеси, кој ќе остане тука трајно и еден ден ќе ни буди спомени. Иако правам разлика меѓу виртуелен и реален живот, ова што го напоменав, барем за мене - и не е баш малку.

Вие сте на ред ...
Аватар на корисникот
Theodora

Жолто цветче
 
43863373
Мислења: 1420
Зачленет: 19 Јан 2011, 20:18
There's a fine line between fishing and just standing on the shore like an idiot.

Мислење 28 Дек 2011, 20:06

Теодора, одлични теми создаваш периодов. :hai:

Форумов го доживувам како поле на културни...се шегувам.
Форумов го доживувам како прибежиште од реалниот свет. Всушност и овде постојат реални личности со реални приказни ( mas o menos ), но за мене сите овие луѓе се само виртуелни, бидејќи не сум запознала ниеден форумски лик овде in live.
На форумов можам да се изнадерам со зборови, кога немам глас тоа да го кажам некому.
На форумов искажувам љубов која во моментот ја чувствувам и сакам да ја споделам со сиот свет.
На форумов пишувам за мојот ден, мојот живот без срам и без чувство дека открива премногу.
На форумов сум онаа која што сум, реално. Но, малкумина ме познаваат вистински како што на форумов се покажувам, и малкумина знаат што всушност чувствувам, доживувам.
На форумов сочувствувам и се радувам заедно со сите форумџики кои ќе напишат тажна/среќна вест. Искрено се натажив за „воскреснатата“ Наташа, (дури дечко ми се чудеше, вика: Жалиш за човек кој воопшто не го познаваш), со заминувањето на дечко и на Марама во Дубаи (мислам беше :^) ); се израдував со веста за бременоста на Лолита, со успесите на Љубам и сл.

Можеби некогаш ќе запознаам некој од овде, можеби не, но јас сум приврзана за форумов и ликовиве овде. Што да правам, таква сум и приватно, лесно се приврзувам за луѓе. Но и уште полесно се откажувам, ако ме разочараат.
Аватар на корисникот
LilBaby

Жолто цветче
 
16482889
Мислења: 1384
Зачленет: 11 Мај 2011, 17:01
Локација: Венера.
It's easy now to see that we were always meant to be ...

Мислење 28 Дек 2011, 20:15

Го доживувам како место каде што можам да кажам се што ми лежи на душа без да наидам на осудување, едноставно да ми олесни, како еден вид дневник. Често доаѓам во ситуација да немам кому да кажам нешто, се двоумам или пак не сум сигурна. Тука можам да си кажам апсолутно се. :)

Можам да ги искажам чувствата, било да се позитивни или негативни, било да сум заљубена или разочарана, весела или депресивна.

Исто така, место каде што можам да добијам одличен совет, во секое време. Место каде што можам и јас да помогнам некому.

Место за одмор. Можам да се релаксирам, да се насмеам, да не мислам на моето секојдневие...
Аватар на корисникот
crazyinlove19

Жолто цветче
 
14761379
Мислења: 3087
Зачленет: 20 Мар 2011, 21:31
Локација: Far away.

Мислење 28 Дек 2011, 20:31

Го доживувам како место каде слободно можам да си ја испразнам душата,срцето, мозокот,
Можам да кажам ама баш се, да добијам совет, да помогнам некому,
Место каде што се кријам, и каде што бегам од секојдневието,каде што бегам од проблемите и грижите
Моето мало царство ! :$
Аватар на корисникот
Kicky

Сино цветче
 
4430
Мислења: 146
Зачленет: 18 Фев 2011, 15:48
Локација: Mars
The future belongs on those who believe in the beauty of their dreams!
PARIS..one day i promise..

Мислење 28 Дек 2011, 21:16

А бе цела сиви мозочни ќелии си :wasntme: ]:) ... Добра тема, има многу што да се кажува ... :geek:

Кога дознав за форумов само читкав ... искрено ми беше интересен, поучен ... некако реален и приземјен. Малку членови беа но функционираа како семејство ... Па добив идеја да се зачленам.Инаку уште месец дена ќе правиме роденден со Фемина :inlove: :wasntme: ...
Ми тргнаа мислењата, уживав да читам и да пишувам ... Забава, релаксација ... добро совети, мислења итн. Некако форумов навистина си доби на смисла и на убавина. Го доживував како потребно и пријатно катче за секого ... каде можеш да го поминуваш своето слободно време. Да напоменам дека е место каде може да си запознаеш многу пријатни и мили девојки и момци нали :$ ...
Хмм но годинава некако форумов доби голем пресврт. Сега ќе врти некој очи но реалноста е таа ќе сум искрена ... Почнаа препирки, поделби, конкурирање ... борба за подобра позиција, за внимание ... чат пат и тролови му даваат негативна енергија. И еден период го доживував како место каде одредени дошле за лечење на своите комплекси и место каде имаат да докажат нешто и да манипулираат, да сплеткарат. Така форумов и почна да си губи од својата вистинска смисла.
Но, сепак го доживувам како дел од мене. Секогаш со задоволство читам, чкртнувам по некој пост ... ми е пријатно место за релаксирање и дружење. Нема ден да не го посетам.
Се надевам дека некои работи конечно ќе си го најдат својот пат, за да форумов биде повторно позитивно и семејно ... како што го доживувам јас ... катче за одмор, забава и насмевка.
Аватар на корисникот
julie77

Жолто цветче
 
60974342
Мислења: 4549
Зачленет: 02 Фев 2010, 16:31
Локација: Special land
Слика

Мислење 28 Дек 2011, 21:31

Го доживувам како место каде можам да да научам мн користи работи за се и сешто.
За дружење и не баш затоа што никој не познавам лично, за жал.
Аватар на корисникот
INSIDIOUS

Зелено цветче
 
489385
Мислења: 705
Зачленет: 19 Јул 2011, 22:56
Локација: На петата Авенија.

Мислење 28 Дек 2011, 21:33

Е да цркнам и мене веднаш од Гоце реченицата ми иде.
Јас форумот го разбирам како поле на (не)културен натпревар меѓу 20.000+ жени (и по некое машко де), секоја со свои квалитети и маани, со свои ставови кои се цврсти или променливи во зависност од „противникот“ на темата. Место кај што се трча да се достигне некаков си форумски престиж за да се покажам демек као кул личност, кај што се плукаат или (најчесто) лижат газиња за некакво си смешно лајкче и покачена репутација, а наредниот момент се зборува против истиот кој дотогаш бил лижен. Место на кое како анонимна личност можеш да си го покажеш вистинското јас и искажеш што ти лежи на душа или пак сосема да ја избегнеш реалноста и да се претставуваш онаков каков што би сакал да бидеш (што за жал е се` почесто), за некоја си никаква лична сатисфакција. Место за мрчкање за она што не ти го прави ќефот (јас).
Од позитивната страна: Одличен начин за дознавање корисни информации, барање и делење совети, степени на приватност (која искрено многу ми значи), анонимност, дружба (кога ќе го изоставиме умилкувањето), пукање сеир и едноставно тепање време.
Нит го сфаќам пресериозно како цел живот да ми е овде, ниту пак место на кое што би седнала и би плескала мислења насекаде само колку да ме има.
Го доживувам како место на кое можам да си искажам како се чувствувам и размислувам на одредени теми, без непотребни размислувања дали некому ќе се допадне или не, па кој, што, како и дали ќе ми реплицира, па што би вратила.
Штом стиснам „Одјави се“, излегувам од виртуелноста и форумите ми се само низа од веб страни преку кои виртуелно си средувам впечатоци од секојдневието.
И сега сама себе ќе си кажам „Ај ве молам марш“ пошто ептен фатив да мавам филозофии.
Аватар на корисникот
calliope

Зелено цветче
 
1304505
Мислења: 562
Зачленет: 01 Јул 2011, 00:00
Локација: Nottingham Lace

Мислење 28 Дек 2011, 22:39

Форумот не го сфаќам толку сериозно, барем не како некои други.
Место каде ќе можеш да го искажеш својот став за некоја тема, актуелна или неактуелна. Мада повеќе ги избегнувам тие „актуелните“ за снегот, за кој како ќе биде облечен за дочекот на нова година, Дадар или не и сл.

Секакви карактери ги има. Постојат и карактери кои демек треба да служат за пример, а позади нив стои едно исплашено човече. Ќе се сретнат и сеирџии, креативци, уметници, саркастични и сите тие плус вана би како префикс. Секој си се прикажува каков е или каков тој сака да е... Никој не ми смета, слободно...

Само форумот не е баш за секој. Некој го доживува како нешто лично или пак црпи пример од накитени мислења од трнлив човек. Не се расудува правилно, па се доваѓа до конфликт со самиот себе или со друг, се набиваат комплекси, се склучуваат влажни пријателства итн итн.

Место каде ќе можеш да најдеш интересни луѓе со интересни приказни. Каде ќе научиш нешто ново и ќе те набилда со способност подобро да ги анализираш другите.
Аватар на корисникот
Magnolija

Жолто цветче
 
28772711
Мислења: 1222
Зачленет: 01 Дек 2009, 14:30
Локација: where the wild roses grow...
Мојата младост како да беше однесена од улавите ветрови и понекогаш одѕвонуваше од бреговите на полуостровот. - Б. Павловски

Мислење 30 Дек 2011, 19:21

Како издувен филтер, барем лично од себе ќе тргнам. Нема да се правам светица дека не ми се случувале испади, затоа што ми се, и свесна сум за тоа. Еве оваа прилика ја користам да се извинам ако на некој сум му предизвикала да се чувствува непријатно :) ама едноставно тоа сум јас, може да ми се случи денес да фрлам камења по некоја, утре да најдеме некој заеднички интереси и да се спријателиме форумски. Така да, ништо лично не сфаќам, ниту пак фаќам некоја на пик ако некаде не сме се согласиле. Значи, воопшто не, ако на пример денес сум се расправала со Скорпионка во политика, утре може на друга тема ќе се согласиме и така :)
Но има форумџии што ужасно ме иритира и ми го пореметува дигестивниов систем, при што ми се повраќа од дново на стомакот и потоа ме фаќа ужасен пролив, со тоа добробитисување наоколу, стварање на идеална слика, дали со некаква цел или не, незнам, значи се согласувам по одредени точки во воведниот текст на Теодора. Едино тоа ме нервира, во глобала немам некое лошо мислење за форумов, со повеќето стојам добро, и мило ми е поради тоа.
Аватар на корисникот
Offspring

Црвено цветче
 
78594259
Мислења: 5669
Зачленет: 14 Јун 2010, 14:20
Сакаш било каде, ама и таму нема место...

Мислење 20 Јан 2012, 17:00

Форумов ми го разубави слободното време, не дека пред тоа не ми беше убаво, ама сега па и покорисно ми е.
Форумов го доживувам како решение на многу проблеми што ми се појавуваат, што совети за лепота, депилации, пилинзи, коса тело.... совети за мода, љубовни совети, здравствени.... многу, многу ми користи форумов.
Го доживувам како место за продуктивно тепање на време, некогаш од фаќање сеири, некогаш од читање прекрасни статии небаре колумни.
Го доживувам како катче за олеснување од проблеми и нервози, отварам, си читам што ми се чита во моментов и се релаксирам.
Да сублимирам, го доживувам како виртуелно катче за споделување и употребување на корисни и не толку корисни работи.
Аватар на корисникот
mims-89

Жолто цветче
 
56269309
Мислења: 3308
Зачленет: 07 Мај 2010, 17:56

Врати се на Кафе-муабети

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Cataleya, Saisnalla и 19 гости

Site Meter