ТЕМА: Како го доживувате форумот?

Мислење 06 Фев 2012, 21:22

Форумов го доживувам како место каде се вршат опасни женски дискусии. :!: Составен од главно женска, но и малце машка популација, форумов изобилува со знаење, помош, банални/корисни коментари.
Уствари, за мене е едно место каде владее убавината на анонимната експресија. Еден мал виртуален свет, каде можам да се исповедам, ако сум во можност да помогнам, или пак да побарам помош, да се испукам без страв од последиците.
Аватар на корисникот
Princess.S

Зелено цветче
 
407193
Мислења: 635
Зачленет: 14 Јул 2011, 18:39
Локација: written in the stars.
I will love you till the end of time. Probably a million years..

Мислење 06 Фев 2012, 21:33

-Како катче полно со информации од каде можам да црпам дел од тие информации кои ми се потребни и несебично да ги подарувам истите.
-Како место на кое можеби ќе пружам некаква иако виртуелна сепак е помош, или понекогаш ќе наидам на поддршка. Иако вируелна ми мами насмевка на лицето.
-Како една голема женска собиранка на која сите носат помалку маски од обично или пак воопшто не носат маски. А тоа е она што ми се допаѓа. :)
Аватар на корисникот
aaaaa

Сино цветче
 
355563
Мислења: 369
Зачленет: 09 Апр 2010, 17:17
Локација: во неговите мисли
Љубовта е како песочен часовник:кога срцето ќе се исполни мозокот се празни.
There are two reasons why I wake up in the morning: my alarm clock and you.I love you so much
Слика

Мислење 06 Фев 2012, 21:38

Форумов го доживувам како поле за културни и некултурни натпревари помеѓу жените. :D
Аватар на корисникот
ell

Сино цветче
 
6745
Мислења: 114
Зачленет: 23 Дек 2010, 17:35
Локација: Во земјата на чудата.
Revenge not taken is the sweetest gift you can give yourself.

Мислење 06 Фев 2012, 21:40

Како црна материја во вселената. Никој не знае како постои,зошто постои,која е нејзината структура, ама си постои. Се зголемува,се намалува, менува форми,а и голта мали-големи предмети, некогаш влегува од една во друга временска димензија (рип Наташа),паралелни светови (ехе,колку има за тука пак).
Делува ко евтина философија,но е така и ќе е така,се додека го чинат жени кои сами по себе се такви.
Поле за ограничен и честно не толку културен натпревар помеѓу жените,но све о свему,фин простор ако знае креативно и добро да се искористи,ако не се користат само сопствени напатствија. Некогаш ме иритира безпричинската емотивност на некои жени,но се прилагодувам,иако ме жести.
Треба да се научат форумџиките да дискутираат, а не да имаат константен пмс.
Да речеме дека го доживувам како место за креативно изразување на било што...
Аватар на корисникот
Lilit

Жолто цветче
 
85211389
Мислења: 4375
Зачленет: 25 Ное 2009, 23:51
Локација: Зрно грашок

Мислење 06 Фев 2012, 21:43

"Јас го разбирам форумов единствено како поле на културно натпреварување на жените." :D
Аватар на корисникот
Linn1

Жолто цветче
 
1504491
Мислења: 1147
Зачленет: 11 Јан 2011, 00:37
Локација: Во прв ред на партијата на Феминизмот.
Слика
Слика

Мислење 07 Фев 2012, 01:33

Како едно место каде никој не ми замерува на мрсната пунџа, на трите мозолки сред чело, на прашината во дневна или на немиените чаши.
Место каде воспоставувам баланс, по големиот дотек на машки хормони во станов.
Место каде доаѓам кога сите други ме изнервирале, па тука по логика треба да се смирам. А ако не се смирам, ќе се искарам, и на крајот никој не е повреден :D
Место кое не го сфаќам премногу сериозно за да ми биде некаков фактор во животот, место каде туѓите лоши мислења за мојата личност баш и не ме повредуваат, бидејќи реално сите ние тука постоиме само фиктивно, постоиме само како нули и единици, од кои животот не е составен.
И единствено место каде не ме нервираат сите оние работи кои ме нервираат во вистинскиот живот, затоа што си имам скрол на маусот :D

Воедно, форумот ми е место каде едвај чекам да се уклучам и да прочитам нешто од оние од кои сакам да прочитам, одвреме-навреме да испратам некому ЛП кој мене лично многу ми значела, или да добијам каков било одговор или совет во експресен рок. Флексибилно место.

И место каде во ниту еден момент не сум се двоумела дали да кажам нешто или не затоа што сум се грижела дека поради тоа ќе бидам исмевана.
Аватар на корисникот
Hipica

Виолетово цветче
 
60789561
Мислења: 11394
Зачленет: 31 Дек 2009, 01:34
Локација: Се дувам на врв на Ајфелова
You can still gain me with love and have me for a while, you know? But you're not fighting for us.
Therefore, my love for you will grow low day by day and all the memories will consequently die.

Мислење 10 Фев 2012, 20:28

Форумов го доживувам како една голема книга- без почеток и без крај... Книга што во себе ги содржи сите жанрови.
Тука има и вистинити и лажни ликови, но секој од нив уникатен со една голема приказна позади него која ја згазило времето.
Тука имаме и ликови од кои навистина има да се научи многу, има и тролови кои тук-там ќе те изнервираат, а има и ведри личности кои ќе те насмеат :wasntme:
Аватар на корисникот
Dazzle

Сино цветче
 
682173
Мислења: 275
Зачленет: 03 Јан 2012, 19:43
Слика

Мислење 10 Фев 2012, 23:19

Како едно убаво катче каде секоја од нас го искажува суштинското и духовното.
Место каде секој ја става душата во своите зборови, а тие се огледало на вистинската личност.
Простор каде преовладува искреноста :) .
Аватар на корисникот
Serafima

Сино цветче
 
25382539
Мислења: 437
Зачленет: 28 Окт 2010, 13:38
Локација: Во Неговото срце, душа...
... Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуват и гонат...

Слика

Мислење 11 Фев 2012, 02:22

Не многу поразлично од реалниот свет...Ликовите овде сум ги среќавала во средно, на факултет, во друштво, на работа...Тук-таму ќе сретнеш некој поинаков, нешто ново за твоите сетила, но во глобала тие сме, какви во реалниот свет така и тука, со мал минус-плус на финеси...Нема измислување на топла вода, нема претерани воодушевувања или разочарувања...
Ми стана форумот навика, како пиење кафе, а не секогаш кафе пијам затоа што ми се пие туку ми е време за одмор-do not disturb!
Пријатно катче во секој случај иако има и работи кои не ми се по ЈУС (Југословенски стандард :D ) како пример премногу теми посветени на самите форумџики-те омилена феминка, те сп, те топ 10, топ 20...окупираност едни со други, кој на кој лајк и зошто, преозбилно се сфаќаат многу работи како и самите себеси, едно лице имаме за во постови друго за во лп...и не ме изненадува, некогаш и сама не сум имуна на истото, но во целина ме нервира...Оти нели е и мое катче а јас сакам да ми е тип топ, а некој постојано во другата соба ми растура...Се шалам, ова веќе е озбилно сфаќање на форумот, треба да си ја гледаме едино својата соба :smoke:
Аватар на корисникот
MSkorpionka

Жолто цветче
 
12031107
Мислења: 1121
Зачленет: 04 Фев 2011, 17:36
Локација: Плутон
Слика

Мислење 05 Мар 2012, 13:21

Станав зависна од форумов-нема ден да не влезам во него!
Аватар на корисникот
soncenceto.matea

Сино цветче
 
37129
Мислења: 204
Зачленет: 21 Фев 2012, 15:02
Локација: Скопје

Врати се на Кафе-муабети

Кој е онлајн

Оваа категорија моментално ја разгледуваат: Google [Bot], Saisnalla и 19 гости

Site Meter