Ептен тешко... Којзнае што ми е, некако се ми е дојдено на глава.. Што викаше Колозов, имам жаба на душата Цел ден сум со истата фаца - Ех, што сакам побрзо да помине денов..
Убаво, многу убаво. Не памтам кога последен пат вака ми било во недела. И многу ми е гале утре шо сум прва смена, ич уво не ме боли.
Носталгично. Една песна ме врати малце наназад, на оние летни вечери поминати покрај езеро, исполнети со многу љубов, ветувања и пријатен топол ветер. И небо преполно со ѕвезди кои те оставаат без зборови... ...Oh no, and that's how summer passed.
Во исчекување. Мислам дека ќе ја рикнам страната на факултетот од што ја проверувам на секои пет минути. Па ајде, па! Не е хумано!
Од една страна загрижена и тажна, од друга, добро сум, се чувствувам одлично после напорното вежбање. Дефинитивно сум подобра од вчера И со главата во облаци.
Истото од вчера помножено со десет. Ни кафево не ми помага, косата си ја откорнав од што ја фаќам цело време од нервоза.!