Форумџика на годината

Македонските јавни фаци

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од preetygirl-J, 13 јули 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Јас прв пат ја гледам емисијава и се прашувам што е тоа што овој Сашо му го рече на Боки? -Морон, чинам. Бре, јак збор употреби. Речник нула.

    Боки ваков, таков, онаков, знае да збори бре. А не туц-муц-буц. И мислам дека уствари Сашо испадна моронот, пошто Боки фино лепо си напушти.

    И што емисија ќе беше ова? :^) Нешто поучно? Нешто саглам муабет, слабо :(
     
  2. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Баш сега го гледав видеото и добро ме насмеа
    На Боки ако му е.
    За водителот не коментирам зашто немам гледано друга емисија, т.е сеа дознавам дека постои
    Ама едно големо браво!
    Знаејќи Боки каков стил држи на емисии, слични на ова редно беше некој да му врати на исти начин да осети на своја кожа како е
    Во Арена Б13 знам Дара Бубамара исто си замина од емисија од "убавиот разговор" од страна на Боки и после плачела во вц зашто прифатила да биде гостин во емисија каде те вреѓаат
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Претежно кани новинари и политичари за гости во емисијата, и паѓале интересни муабети. Латас му беше гостин, потоа Борјан, Стево Пендаровски, Катерина Арсовска итн. Поставува незгодни прашања, сакам да кажам има храброст да ги постави, ама се му паѓа во вода кога незнае да се однесува и јавно пцуе по социјалните мрежи и форуми. Уште пак и на Нора Шакири и имал пишано на фан страната дека требала од него да учи. :^)
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мене па ама ич не ми се допаѓа тој збор џет-сет.Тоа ти е назив за луѓе кои имаат многу пари а немаат талент па ајде ќе бидеме џет-сетери.Мислам крајно глупо и смешно е што некој кој ништо не постигнал во животот се замислува ѕвезда а луѓе со вистински талент паѓаат во сенка.
    На пример ако прашаш некој кој е Џеф Бриџис нема да знае да ти одговори иако човекот 5-6 пати е номиниран за оскар а Ким Кардашијан сите ја знаат а да ги прашаш што е таа ќе ти кажат ријалити ѕвезда :fubar: откога ријалити шоуата станаа уметност :^) .
    Да не бегам многу од темата зборот ми беше не го сфаќам и никогаш нема да го сфатам поимот џет-сет.А не пак лиглата Софија Каракаева да била џет-сетерка ма дај :D само се треска од земја оти изгледа нема попаметна работа во животот.
     
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Што тоа толку се замислува Сашо ? каков речник има тој за водител? НИКАКОВ! ниту понашање, ниту став, ништо .. не дека Боки го сакам, ама стварно знае да удри со збор свакаму част за тоа ! :up:
     
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Кој е овој шутраков бе?? Петре :D
    Зoшто ни пуштаат вакви ликови на телевизија? Да не владее некоја епидемична опстипација па да и олеснат на популацијата? :^) Боки 13ка, не лично, но преку познаници на моите го знам како лик уште пред да стане популарен, штета што многу луѓе имаат негативно мислење за него. Значи реално е поинтелигентен можеби и од пола од луѓето во Македонија, судејќи според фактот дека се накотија фациве како Петре. Дефинитивно многу повеќе се тие што го мразат, од оние што го сакаат али едноставно тоа го работи човеков, вади пари (не баш многу како што се мисли, али доволно) и другото не е важно. Ние сме премногу заостанати во тој поглед, кај нас за шоумен уште се смета Драган Вучиќ, така да нормално е да се плука по Боки. Лично сметам дека е геј, од секогаш бил таков и по однесување и глас и се, што мене лично воопшто не ме интересира додека прави нешто интересно. Дефинитивно повеќе би го гледала него отколку Петре! :puke: А тоа дека Дара Бубашваба плачела во wc после неговата емисија, се глупости живи. Се е тоа договор, демек некој ќе отиде онака кај него во емисија за да го плукаат. Е сега може се рчнале нешто после околу некои долгови или што ја знам па си јадат гоВна, не ги ни пратам тие шабанарски трачеви, чат-пат читам на страната на Свет по нешто и сфаќам дека скоро во сите екс ју држави новинариве се мизерија, толку нискоинтелигентни текстови, јасно е дека се е платено за да излезе во новина ама... барем да е напишано на некое ниво. Уствари па така никој и не би го разбрал :?: Не бе не, ние сме за мотика и Лепа Брена на касета, не сме за шоубизнис и некој посовремен медиум воопшто.
     
  7. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    овој водителов богами ке да е петре,петре дувни ветре,му ги одвеал ветер и паметот и културата и понашањето изгледа. :D со ова интервју не го избламира боки 13,туку се избламира самиот себеси..никаков речник,никаква култура никаков респект кон медиумот и кон публиката ако веке го нема кон боки13..така може да разговара ако е седнат на маса со боки у некој кафик или кафана ама на медиум не..медиумот си бара соодветен кодекс на однесување и зборување,неможеш на човек да му речеш-сите ми велеа дека си морон,ама јас не им верував и ко те запознав сега сватив дека стварно си.. :^) боки сосема културно се испонаша и фино лепо си стана и си замина..секој на негово место би си заминал..
     
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Мене ми го направи кејфот Петре не му лижеше гз ... Ко што е научен му бапна се во фаца :D . Вакви да беа водителите ехеее ... ПА видов скокнале да го бранат демек Бојана е народен херој |( сите ја плукаа сега се сожалија уфф ... |( Ужас .

    Само тој ќе ремети па? :^) Добро е да знае дека има позаебани од него ова де неа :wasntme:
     
  9. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    никој ниту го брани ниту го сожалува боки,си го знаеме каков е,не е омилен лик,претерува,се експонира,се замислува дека е примадона,врега во неговите емисии итн,мегутоа во ова интервју боки си беше на место,а водителот се избламира со однесувањето,неможе да поканиш човек во емисија на интервју и прва работа-ај молим те тргни се од екраните да не те гледаме :^) и да го нарекува морон и уште незнам како..каква дискусија,каков разговор е тоа што може да се одговори на такво нешто..ако сакаше да го понижи боки можеше да се обиде да го направи тоа на културен начин,преку дискусија тоа е замислата на интервјуто нели,да му го спушти на интелегентен начин,а не дојди да те изнаврегам што побрзо можам за 2-3 минути па оди си..понашањево на водителов беше за на улица,а не за на тв..
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Петре веќе излижал многу гзови за да стигне на тв. Инаку никој нормален не би пуштил толку неписмен дебил да биде водител :D И да ти кажам споредбено со Петре, БојаН е колку толку претставителен вака или онака. Петре може единствено да го гледа човек ако ја истражува неписменоста и некултурата во Македонија. Мене ми се у глобала сите јавни личности од кај нас незанимливи, али Петре е дефинитивно на најдолната граница.
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Искрено не го знам Петре сеа го видов ама реткост што вака некој те прави лом во емисија ...
    Бојан ми е лигаво створење и ме нервира ете затоа ...

    А ова е РЕМЕТ ...
    http://www.youtube.com/watch?v=_DSI7FB2tcQ\



    Само едно :puke: :puke: :puke: :fubar:
     

    Прикачени фајлови:

    • boki13.jpg
      boki13.jpg
      Големина на фајлот:
      26,7 KB
      Прегледи:
      378
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Како Терминатор си му вика :D :D :D :D
    Поарно како Термит, јас би рекла :D :D :D
     
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Што сака Никола од Бојан ? (од како му кажа зошто го бара :lol: )
    Ќе го земеш за 50 че а овој телетабисов што тоа ? :D
     
  14. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    А кое нормално суштество може да виси по телефони и да се заебава на ваков начин па нека е тоа и со Боки 13 , |( ... ? помизерни ми се дури и од него ... И што има ние во Македонија уште да се занимаваме со Боки , нели се оттарасивме од него ?

    А инаку кој е овој Саше ? Одамна води емисија или ... мене за некој шутрак ми стои , и мислам дека ова им е наместено и на двајцата , само колку да привлечат внимание и едниот и другиот , а ако не е така , тогаш полошо за нив , зашто навистина се ретардирани .
     
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.814
    Допаѓања:
    25.443
    Пол:
    Женски
    Си пишав јас на клипот коментар дека каков и да е Боки, со вакво понашање водителов испадна помало човече од него и дека сепак требаше достоинствено да ја заврши емисијата..
    И читам reply од Петре: kolku glupo mislenje kje si apnam od patikata.
    Зошто нема смајли што врши самоубиство? :D

    А јас прв пат во животов го гледам тој водител или што и да е, не сум чула за него до сеа..
     
  16. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    па да не беше Бокица никој немаше ни да слушне за овој Саше или како и да му беше името ...
     
  17. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Ама сте опалиле едно 3-4 страни за дегенов... |(

    Не знам зошто ама гледам дека се едни те исти фаци се вртат по телевизииве и веснициве.
    Преку глава веќе ми е од Слаткар, Зен, ЈЈ, Боки, Вукичевиќ, Петрушевска, Каракаева, Калиопи... :swear:
    Ептен ми беше мило сега за денов на независноста кога ги видов на плоштад некои од постарите пејачи и групи, се потсетив на едно убаво минато. :inlove:
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
  19. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Мене така ми изгледа, или грдичка е девојкава??? :^)

    Прв пат слушам за неа и ни најмалку не ме воодушевува. Ова некое самостојно, лично финансирање. Глупости у боја. :x
     
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.557
    Допаѓања:
    3.177

    Да се сликала, али сликите да не излегле во јавност, туку нека и ги краселе ѕидовите на нејзината соба само :tmi:.
    Оваа била на Мис Глоуб, а сега ќе учествува и на Мис за свет? :^) :|
    Супер се презентира убавината во Мк со ваквите лепотици на избориве, само тоа имам да кажам :clap:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.