На кои и колку македонски форуми учествувате? Јас засега сум и верна само на фемина Ако има ваква тема канта и клуч
сега за сега,сум член само на форумов на фемина,инаку ако начекам уште некој добар сајт, би се зачленила и таму.
Само на Фемина,исто и на мене не ми се допаѓаат другите и не се замислувам на друг форум,Фемина ми е вистинското место да споделам некои работи,да дадам совет и сл. Секако во иднина ако има форум како овој или сличен,би се зачленила и таму.Сега за сега сум и верна на Фемина.
Сега пишувам само на Фемина, ама порано членував на многу македонски и странски форуми. Ептен бев по тие работи Искрено, никогаш не помислив дека тука ќе се зачленам, ниту па дека ќе пишувам Прв пат кога влегов на форумов беше жива пустелија, си викам ова ќе биде пропадната инвестиција 100%. Чат пат го читав форумов, во глава меморирав некои членки што се издвојуваа (бидејќи тогаш и немаше многу што пишуваа). Сега ми е криво што не си направив уште тогаш акаунт, барем ќе си го пишев името што го сакав, вака немав којзнае колку избор. Башка и поголем стаж ќе имав