Незнам дали има некаде ваква тема,ако има слободно пратете ја оваа во канта Сакам да слушнам ваши мислења за тоа која според вас е најдобра кола за девојка...Бучетот е до 20 000 евра...
Најдобра кола за девојка Се зависи каква е девојката. Ама најчесто, никаква кола не е за девојка. Јас би си одбрала некој џип за себе.
Најдобра кола за девојка Јипмен,особено за жени. Еј тротоар,ма нема врска, шибај! Еј вир,немам мука, вррр низ него. Еј пешак, нема врска,неам време да прикочам,нема ни да го осетам,врррррр. Се паркира на десет паркинг места,па џип е човече шо сакаш?! Ме мрзи да одам пешки од гаража до дома,штикливе убиваат, ма дај бре, у љубичиците у тревник, до врата од дома се паркираш! Затоа девојче,бирај џип!
Најдобра кола за девојка Имаш добар буџет за добра кола. Кола си е кола, освен по боја, нема друг критериум за дефинирање “кола за девојка“. Јас би ти препорачал да си купиш Audi A6 ама цената е многу помрсна. Земи си Golf 6 и Господ да те види. Чини околу 15 000€ и супер авто е. Абе доста више со тој збор “кола“, кога се вика авто. Се шалам, на кого како му е позгодно при изговарање на врвот на јазикот. Audi A6: Golf 6:
Најдобра кола за девојка Ако си почетник во возењето,мое мислење е да си купиш половно возило.Ако плеснеш 20000 евра за возило сметај дека вредноста на автомобилот се намалува штом ќе ја изнесеш од салон,и никогаш нема да можеш да ги повратиш парите.Е сега можеби парите тебе не ти се проблем.Тогаш што и да те советуваме џабе е .Купи си што ти срце сака, ама со џипче нема да погрешиш.
Најдобра кола за девојка AUDI A6 PussyHunter тука се сложувам,а за голфот не се фалат многу од него,најдобра серија била на голф 2 а од другиве се жалат.
Најдобра кола за девојка Џипче од поновиве потешко за 20 000 евра. За ауди, биемдаблју не ни сонувај освен екстра половно да најдеш. И навистина не знам како правите разлика од кола за жена и кола за маж. Колата ниту ќе ти ги поправи возачките способности ниту пак ќе ти направи да ти израсне меѓуножен израсток. Гледај да вреди за парите, ете голфот ти е топ за 15 000 што ти го препорачал Пуси, и јас, спротивно на Витомир, сум презадоволна од голф 6, не се чувствува дека се возиш.
Најдобра кола за девојка Ауди А1 е со многу фин изглед, за перформанси да не збориме. Го има пријателка, и иако на око делува како тесен модел, удобна кола е, а со цени е од 17 500 бензинец, па докај 23000 и нешто дизел, со разни цени помеѓу овие 2 цифри, зависно од опремата и моторот.
Најдобра кола за девојка Јас ќе си имам еден ден едно вакво бубаче или пак уште подобро, вакво кутивче Никаква кола не ми прави мерак како овие две, па нека е и најновата и најбрзата.
Најдобра кола за девојка И јас ќе речам џип Барем едно такво џипче да имам, не ќе биде лошо Убаво е, елегантно.Добро, настрана што јас сакам сепак тоа си е индивидуален избор, со тоа различна перцепција на нештата.
Најдобра кола за девојка Немам никаква желба да полагам, и немам поим каков возач би била (веројатно очаен). Доколку се решам некогаш, би сакала да имам смарт-че за себе, или мицубиши колт, мини мориВче или нешто од линијата на Сеат, ама нешто помалечко. Тоа се моите фаворити за женски количиња. И оние пежо 106 или 306, поправете ме, не се лоши. Слатки количиња, брм, брм.
Најдобра кола за девојка Ја сум невозач. Точак е најдобра кола за девојка Немам положено, знам онака, да седнам и упалам, и да тргнам, ама чисто ради општи побуди. Ако некогаш возам, а реално не сакам, ќе возам Мини Морис, црвено. Од мала си го ценам тоа количе. Онака, каприциозно.
Најдобра кола за девојка Новите буби ми се многу сркасти, исто и Пежото. За жена помала кола, И најбитно од овие новиве со сензори, да не се потиш кога се паркираш или кога искачаш у рикверц. Мини Морис е убедливо прецената кола, преубава е да, али за тие пари Мерцедес ќе си купиш. Го мркам бубчево едно месец дена, али сепак изгледа ќе треба да уште некоја година за вакво. Али добра цена е, а количево е бомбонче http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/ ... 4587&Idx=4
Најдобра кола за девојка Hикогаш нема да полагам за кола, немам апсолутно никаков мерак, ни ќеиф да возам, едноставно не сум родена да бидам зад воланот A за женско, некоја помала количка, е сега марки, не знам не се разбирам, ама да е мала, мене така ми оди за жена, мало количе
Најдобра кола за девојка Дефинитивно некој џип како:Bmw x5,x6,Nissan Qashqai,Audi q7,Chevrolet Captiva
Најдобра кола за девојка Спојлер Вакво нешто ама понов модел. Не за друго туку за трето што сите мажи ќе се вртат по тебе а жените оговараат позади грб . Денес ретко кој купува кола за потреба туку за престиж, па со 20 000 во џеб можеш слободно да ги прошеташ автосалоните