Спојлер Клуч ако е дупла, или нека се премести ако не е во соодветната категорија. Наловот кажува се. Има ли нешто или нешта за кои сте сигурни дека никогаш не би ги направиле во животот? Или нешта за кои важела онаа "никогаш не вели никогаш" со која барем еднаш секому му се има случено да го погази својот збор за она што ветил, посебно ако се некои банални или изјави дадени во афект или погрешни сфаќања кои постепено и ја губат смислата. Но со време морално психички и интелектуални особини на поединецот го прават своето при изборот на тоа што би а што не никогаш во животот.
Hикогаш не би била проститутка Hикогаш не би била со некој кој е 0 во кревет Hикогаш не би утепала човек или животно, независно во која ситуација се наоѓам Hикогаш не би имала групен секс, или оргија тоа не е за мене Hикогаш не би носела крзно Hикогаш не би си дозволила да се навлечам по дроги Hикогаш не би се навлекла на алкохол, зашто не ми прија Hикогаш не би излегла од дома со 10 кила шминка Hикогаш не би дала огромна сума за облека и сега за сега само тоа ми текнува
Јас не би направила листа работи кои никогаш не би ги направила затоа што сите ние се менуваме со текот на времето така што многу работи што сум кажала дека нема никогаш да ги направам или слично сум го прекршила тоа што сум го кажала така да Never say never
Никогаш не би уништувала или не би се мешала во туѓ живот, само заради сопствен интерес.Нешто што ќе си ветам себе си и не отстапувам од тоа, било што да е, така што кај мене не важи тоа „ никогаш не вели никогаш“.
Никогаш не би глумела дека сум нешто што не сум. Никогаш не би ставала разголени фотографии на Фејсбук. Никогаш не би се откажала од нешто ако знам дека можам да го постигнам или остварам. Никогаш не би ударила животинче. Никогаш не би слушала турбофолк музика Никогаш не би навивала за Барселона Никогаш не би простила на некој кој ме длабоко разочарал во животот
Никогаш не би го пикала носот во туѓи животи Никогаш не би убила човек или пак животно Никогаш не би дозволила некој да ме понижува Никогаш не би дозволила некој да плука по мојата фамилија и луѓето кои ги сакам
Никогаш не би... рекла Никогаш. Не би сакала да осамувам. Не би си го оставила сопственото дете. Не би престанала да пишувам, пеам, сонувам.
Никогаш не би отишла да живеам во странство, си ја сакам дрвава, каква и да ни е. Спојлер ама важи тоа никогаш не викај никогаш
Никогаш не би била во врска со некој кој е "во врска" (или полошо-со оженет) Никогаш не би убила Никогаш нема да носам природно крзно Никогаш не би се дрогирала Никогаш нема да престанам да верувам во љубовта
Никогаш не викај никогаш! Ама ајде.. Не би јадела со нечисти раце. Не би направила зло на некого намерно. Не би спиела со жена. Не би јадела змија, куче, црви и слични такви егзотични јадења. Не би заборавила која сум и од каде сум. Не би спиела со некого од корист. Не би се сликала гола. Не би се тетовирала. Толку ми текна, сега за сега..
Не би се плеткала со оженет Не би носела крзно Не би дозволила некој да исмејува мој близок што ми помогнал да стигнам таму кај што сум сега . Не би се сликала гола .