^ Баш нема чаре, Вип официјално одамна се докажаа за најслаба мрежа во Македонија, катастрофа се. Префрлете се на Т-Мобајл ви викам јас.
да не знае некој како се вика ова жолтово третото(првото е хело кити,второто мини маус) сакам да сплетам таквии чорапи ама незнам како се вика за да барам слика на нет,видов некаде ама не знам каде.
Дечки имам едно прашање. Значи читам во прирачников што е за институтиве, за положени испити и слично, нели. И сега пишува дека нели доколку студентот ги нема положено 50% од предметите од соодветниот семестар, тогаш го губи статусот на државен студент. Братучедка ми е сега втора година на факултет, и гледавме на iKnow системот нешто, и во прирачникот, и нешто ме збуни. Според тоа што ги нема положено испитите од соодветниот семестар (ланскиот, зимски), прирачников вели дека она го губи статусот на државен студент бидејќи нема положено барем 50% од предметите од соодветниот семестар. Има положено само 1 инаку. Е сега, во iKnow системот,би требало да и пишува дека има уплатено 200 евра нели, за прва рата, бидејќи го има изгубено статусот, ама нејзе и пишува дека има уплатено 100. Дали прирачников нешто не е у ред, или нив со ситемот им е, или правилово е само пишано а никаде не важи? Баш се збунив, и ме интересира некој од вас дали знае да ми каже? Се работи за Филозофскиот факултет при УКИМ. Фала.
дали знае некој да ми каже кај се наоѓа улицава Ѓуро Стругар“ бр. 5 зграда на „Технометал Вардар“ АД Скопје фала однапред
Вака. Имам прашање до феминкиве што се корисници на парно греење, поконкретно на парното греење од Балкан Енерџи груп. Живеам во стан со 40м2 квадратура, и ме интересира колкави се од прилика сметките кои би стигале за ваков стан, пошто дотичните ми вратија одговор - толку колку што ќе пишува на сметката. Дали некој од вас е корисник, и дали знае од прилика како им се движат тарифите по квадрат? Газдарицава шпекулира 3.000, ама апсолутно не ми се верува, тоа се многу пари за стан од 40 квадрати. И ако знае некој од кога се укина опцијава за 6 месеци плаќање парно, па сега е само на 12?
Каде има билна аптека во Ск?Некаде близу сити мол можеби?Ми треба анасон па ми рекоа во билна аптека да барам.
Кај пластичарска улица, секаков вид, секакви бои, секаква форма и неверојатно евтини.. Беса ком и Еуро ком се викаа продавниците
Машка, женска, нема врска. Може и машко да ја носи, и женско. Со кошула под неа би изгледало перфект.