Сакам да аплицирам за работа во една голема компанија во Скопје и во огласот пишува дека треба да се испратат оргинал документи, диплома, државјанство итн или завренеи на нотар. Некои од документите ми се заверени, а некои не и ќе немам време да ги заверам сите документи. Прашањето ми е дали да ги испратам оргиналните? Страв ми е да не не ме ни викнат на интервју па да неможам никако да си ги добијам назад документите? Сте имале вакво искуство?
Јас не би ти препорачувала да ги праќаш оригиналите,зошто тоа ти е меч со две острици. Ептен ако знаеш некој таму па да ти заврши работа,во смисол ако ги дадеш оригиналите за да ти ги вратат после назад. Инаку вака можеш да останеш и без нив колку се води сметка да не речам ич. Со среќа
Како ќе немаш време? До кога е рокот? Завери ги сабајле рано и одма препорачано прати им ги или однеси ги директно. Ако се работи за сериозна компнија ќе ти ги вратат, ама не ми е јасно ако дипломата е факултетска во инка ќе им ја испратиш?
Дипломата ми е заверена кај нотар, државјанството не ми е и докумнетите од претходното работно место што треба да ги однесам како доказ дека сум била вработена. Незнам... дури и документите кои сум ги завреувала на нотар би требало да ми ги вратат зашто нема секој пат да правам заверки на нотар... Фуу, дефинитивно ќе морам да ги заверам прво, нема шанси оргинали да праќам.
Никако,ама никако немој да праќаш оргинали.Навистина заверката на нотар ќе те чини сигурно 400-500 ден.(зборувам за сите документи),ама па е посигурно,и да се изгубат полесно ќе ги преболиш нив отколку да вадиш оргинали. И да некои ги враќаат по пошта,некои се јавуваат да одиш лично да си земеш а некои не си јавуваат
Ако е некоја посериозна компанија доколку бидеш одбиена документите ти ги враќаат по пошта или одиш ти да си ги земеш. На крајот на краиштата тие документи кои ги бараат не е нешто што неможе повторно да се извади во оргинална форма кај овластената иституција зависно за кој документ се работи. На крајот на краиштата во пожари, поплави, земјотреси се губат сите документи па пак лугето вадат оригинали. Така да нема потреба да се откажеш од аплицирање само заради тоа што немаш копија заверена на нотар, а оригиналот и да се изгуби ќе те чини 200-300 денари да извадиш нов.
Каде може да си купам добри слушалки (за Алкател ми се ама повеќето модели би требало да одговараат) за 300-350 денари?
Малку е глупаво прашањево, ама ме интересира дали во моментов има некаде оние што ги има по плоштади со змии и се сликаш? Најчесто на лето ги има... Пред едно 10 години имам една слика со змија и оттогаш не сум имала повторно можност. Сакам сега една фотосесија да удрам. Ако некој знае, нека помага.
Дали денес работи Мана ? Знам дека е малку возможно ама пуста желба, бендисав сако и морам да го имам сега во моментот?
Т-Мобиле не е државна фирма така да може и да работат. Најдобро јави се во нивна продавница, конкретно во Рамстор, па прашај си, а еве ти број: 3216-744
Mуабетов за ранци.. Јас кога бев прва средно, а тоа беше пред скоро 6 години, си земав ранец од Таrget, и го земав некои 1200 денари. Најобичен, црн ранец. Дека често патував и носев работи со себе, значи ранецов сум го полнела и со книги, и со алишта, и свашта, буквално сум го оптоварувала и нема ниту една гребнатинка, ниту е попуштен ни ништо. Уште е како нов, и уште го користам. Немам загледано ранци на Target во Скопје, сигурно има некаде, јас мојот тогаш на времето од Велес си го земав, ама ако сакаш квалитетен ранец по не многу висока цена, топло ти ги препорачувам нивните.
Сити Мол работи со сигурност а и сите дукани во нив така да т-мобиле во Сити Мол работи 100 %.Живем до Сити Мол така да тоа ти е сигурна информација
А другиве продавници низ Скопје како, работат? Џамбово, нешто низ Гтц? Да знам дали да испаѓам или не, не ми се шлае по дождот за онака.
Некој сигурен веб сајт за гледање филмови, брзо?? Vodly.to не работи нешто, ниеден филм не се вклучува.