мммм... пред една недела-две, кога беше тука брачед ми, бевме вград излезени со татко му и тој викаше за да си одиме и ние неќевме и го видовме како оди кај колата и си рековме дај да одиме и така тука сме да не не бара на тел. И тргнавме кон колата и ние и кога гледаме тој заминува пак накај чаршијата и ние се криевме покрај едно комбе и вртевме за да не не види и сите не гледаја,а ние како некој ненормални се смеевме
Вака на некоја тазе глупост и не се сеќавам, но затоа една глупост е добро врежана во меморијава моја. Бев малечко. Бевме пред зграда тие што си се дружевме. Во паркот имаше деца и саквме да ги избркаме и мававме со капачиња, но не стигаа до нив. Јас земав еден поголем камен и како го фрлив право во главата на едно дете. Му ја дупнав главата. Брзо сите бегаат кај мене дома, а јас виновникот полека си одам. Но се среди работата после.
Едни деца во училиштето пред факултет си играа со топка и ко намерно да беше ја упатија накај мене за малце ќе ме удреше по гради топката ама така добро им ја рогнав што незнам дали ја нашле и секако ме исповреѓаа ама си поминав
Му кажав на една личност во лутина нешто што ни најмалку не требаше .... но ме фати во таков момент и си го окрка ни крив ни дужен Е кој го тераше да се појави кога не ми беше денот и бев во работна шема А кога нешто ми смета не бирам жртва А жртвата знае дека за нив јас секогаш сум била жртва... Дајми боже трпение ако ми дадеш сила ќе го задавам ... Не го задавив се разбира си остана жив
Другар ми најдобар стварно ме вади од патики Цела недела ми ветува дека ќе дојде и никаде го нема! И не се случува прв пат, редовно извисува некој не само мене. Денес моето трпение се заниша и му отворив група на фејсбук: За сите оние кои го имаат чекано --- ----- на гости и не го дочекале. Ќе ме отепа кога ќе ја види, па дури и покана му пратив Е утре, сакал нејќел ќе дојде после ова што му го направив
Пред некое време се враќав од кај другарка ми и така сама и замислена,пред мене се појави непријатно изненадување-особа Х.Беше така малце поодалечен од мене и стоеше со некој човек,а јас се движев во негова насока и немаше каде да одам,веќе влегов во улицата и мораше да продолжам.И додека во себе го проколнував моментот кога решив да си одам,си префрлав зошто баш оттаму си одев(а секогаш одам и се враќам по истата улица),си викам леле сега што муабет ќе правам,еее се нервирам и се јадам одвнатре...загледувам подобро и гледам дека не е тој. Да,си викам неее не стои тој така,не му стојат фармерките така,и косата му е потемна и некако како понизок ми се гледа,неееема шанси да е тој.И си се олабавив,си мислам колку сум будала па и јас особа Х ми се причинува.И си одам така слободно и кога наближив се штрекнувам,оф море тој е,и и самата не знам како во дел од секундата свртив во едно ќоше. Уште да беше и некоја уличка,туку некое импровизирано патче што ги поврзува главнава и споредната улица,едно диво и глупо.Ама не е тој моментот,абе баш на два чекори од него ми текна таква глупост и плус не ни планирав така да постапам,си реков тоа е што е и помирено решив да поминам од кај него.Воопшто не размислив за ваквата опција.Знам дека постојат шанси да не ме виде,оти некако странично беше застанат,ама минимални се.Брууки.Кога излегов на другата улица и сфатив што направив ми идеше да си одвртам еден шамар,ама готово беше.Ееееее Ренато колку години имаш,понекогаш тешко е да се процени..
Прочитај ги правилата на форумот и друг пат ако имаш некоја грешка користи го копчето Редактирај. И ставив паста на другарка ми под очи и и отиде во очи па ја печеше цел ден.
O денеска што стресив бев во еден бутик и гледав за фустанчиња и ми се бендиса едно фустанче,ама сакав и да разгледам и други,и продавачкава ми вика сакаш да ти предложам нешто?и јас ок и ми донесе некои никакви и ми вели пробај и јас и викам абе кај ги најде овие? и ми вели ти се свига фусатанов што го носам и јас-не на моментот ми беше смешно,ама сега се осекам глупаво што се однесував како идиот,само некогаш директна сум п.с добра страна е што најдов фустанче и ке ми го чува да го купам утре истата таа
Со симпатијата се бркавме во ходиник и се лизнавме и паднавме еден врз друг ... цело школо се згазија од смеење
го исполажав наставникот дека не носам домашно затоа што сите книги ми се по распоред за утре. и дека не носам воопшто книги по тој предмет, а имав извадено на клупа - ама некако ги скрив, мислам дека ме виде .. а најчошо е што истиот предмет го имаме утре и ако сум го помешала распоредот требаше да го носам домашното и книгите .. а имаме родителска
Искрено не ми текнува баш некоја, али сигурно ги има, и тоа големи =) Последно денеска беше као дешавка (не моја глупост), си одам од школо,поминувам низ еден паркинг, и еден чоек, не беше циган,уствари шо го знам,али изглеаше нормален, ми вика, девојче ти се пуши цигара? ја не го чув и викам молам? лол и он повторуе и ја не =) А еднаш ми се има десено у град еден чоек до мене иде,млад, и иде непријатно паралелно до мене..ја само по некое време вртам глава накај него, и овој мртов сериозен, девојче може да се запознаеме? ја..Не? и си продужив... типот не беше нешо грд али така ли се пристапува бе?? ако бараш женска,незнам земи дружи се,искачај,иди по кафичи и диска не така на улица..идиот
хахаха пред недела дена направив глупост голема Mи се јадеше руска салата и отидов до Веро Центре да купам салати на самопослужување. Ја гледав руската 10 мин и не ми изгледаше привлечно некако, ама ја мислам толку време и решив да си ставам. Гледам 360 денари 1 килограм е викам таман 100 грама и со кифла 50 денари доручек. Ама откако ставив во пластичното и на вага кога ми излезе 350 грама и 100 и нешто денари цена јас ваква И вртев 10 круга нив веро мислејки што да правам со салатата, а и немав толку пари за доручек испланирано. И земав кај фрижидерите го оставив канчето полека онака скришно и трк земав една кифла ја наплатив на каса и да ме нема И да викендов си направив руска