Дали се фокусираме на малите нешта во нашиот живот, или чекаме нешто големо да се случи за да бидеме радосни. Кои се работите за кои навираат солзи радосници во вашите очи и ни го олесннуаат секојдневието, го прават животот поубав. Што ви ја исполува душата? "И покрај сите талкања, среќата секогаш се наоѓа во близина и меѓу работите кои ни се на дофат. ... Тие што внесуваат среќа во животот на другите не може а да не ја чувствуваат и самите. ... "
кафенце со другарките, добро филмче, убава музика , фино весниче,сончевото време, и нормално флерувањето
Е сега баш не може некои мали работи да не возбудат до тој степен,та дури и солзи во очите да ни навираат! Мали работи и солзи во очите...не можам баш да ги поврзам! Но има многу работи кои ми го разубавуваат секојдневието, што ми ја исполуваат душата! Утринското кафе... убаво ми е кога го пијам сама,наутро, пред компјутер во апсолутна тишина! Прошетки низ улиците на мојот град... ги обожавам муабетите со другарка ми додека си шетаме безцелно низ улиците, разговараме и си ја олеснуваме душичката! Настојувам таквите прошетки да ми бидат секојдневие! Нови парталчиња во мојот плакар... ептен сум задоволна и ептен ми е разубавен денот кога ќе си купам нешто ново! Присуството на мојот дечко... и тоа ми е секојдневие, особено ми е убаво кога вечерта ќе ја поминеме во нашата мала собичка, со многу грицки, мазење, бакнување, разговори за нашата иднина! Освежување на спомените... можеби не ми е секојдневие,ама често се случува да се потсетам на убавите спомени од детсвото, љубовта од тинејџерските годин, моменти поминати со моето семејство, спомени од почетокот на нашата врска, спомени од летните одмори... Се‘ тоа ми се ситници кои ми го разубавуваат денот, ме прават спокојна и задоволна од она што ми се случува!
Пријатна домашна атмосфера,прошетка во природа со дечко ми,одење на викенди со дечко ми,шетање надвор од границиве на државата,излегување и зезање со другарките има и многу други ситници што пола не ми текнуваат а и ќе треба тука реферати да се изнапишувам
Кога луѓето ми подаруваат мали ситници без никаков особен повод. Кога некој искрено ќе се восхити и ќе ми упати комплимент, ама онака, од срце, без никакво лицемерие, ниту задна намера. Кога без причина купувам цвеќе од пред Веро и и' го носам на мама , а она ме пречекува со одговор - Што ти текна, па не е 8ми март Кога дечко ми ми вари кафе и ми носи бисквитно колаче со мојата буква на него а после тоа ми ја свири омилената песна... има многу , ме радуваат мали нешта, ситниците го прават животот
Има повеќе ситници кои ми го разубавуваат денот. Сите насмевки на моите најблиски, пријатели и колеги. Едно големо гушкање на моето дете и мојот маж.
Седење на фемина и пиење кафенце. Прошетка, кафенце и муабет со другарките. Разговорите со мојата сестра. Моментите поминати со мојот дечко. И други работи....
Силен, ненадеен, пороен дожд после силно сонце. Сонце после долготраен, здодевен, сив дожд. Шетање по илјадници паднати есенски обоени лисја. Насмевка. Убав збор. Нежен допир. Ведар глас. Бел, чист снег и неизмерна планинска тишина. Чекорење по замрзнато езеро. Смеа, смеа и само смеа. Добра вест. Вкусно кафе. Впечатлива книга. Квалитетен филм. Емотивна музика. Знаењето дека некој на овој свет ве сака. Ако се повеќе од еден, можете да благодарите за секој еден ден кој постоите. Фактот дека сте сториле нешто добро за некого, дека сте помогнале, дека сте измамиле насмевка или солза радосница... Би можела да продолжам, но не сакам. Сосема е доволно. Барем за мене
Па ме исполнуваат повеќе работи а секако највеке кога ги гледам дека мојте најблиски се срекни и секогаш се покрај мене кога ќе ми притребаат, ме исполнува убав сончев ден и уште многу други мали работи а кои за мене имаат големо значење
хммм....значи од сабајле едно убаво кафенце ...(уствари тоа трае преку целиот ден )...потоа..убаво време...смс од сестра ми или од дечкото ...музика,музика и музика ..убава книга...кафе со другарки/другари ( ова од поомилените пошто многу си се смееме и ми доаѓа мнооогу така...како некој еликсир ми делува ) убава атмосфера дома ( значи без препирање со тато )....и така... ( сеа толку ми текна )
Смс-ите од мажот ми Гушкањето со моето најубаво кутре Предењето на мојата најлуда мачка..посебно кока ја милуваш..тракторче мало е Убав колач со горко црно кафенце Топлината во мојот дом..посебно кога надвор е брррр Читкање по Фемина и ФБ Готвењето на ручек..обожавам да готвам Читање на убава книга со топло чајче до мене и убава музика во позадина и уште милион мали а за мене големи нешта
Цел ден поминат со дечко ми, положен испит на факултет, кога е собрано цееееееело семејство, кафе со другарките, нова ташна или штикли, пауза на досадни вежби .... и мноооооогу други работи
Спокојно поладне/вечер со милиот, страстно попладне/сабабајле или страстна вечер - пак со милиот , успешно завршена работа, добра книга, филм, добар оброк, семеен ручек, разговорите со мајка ми, кафињата со другарките посебно оние сабајлечки преку викенд додека сеуште се празни кафичите. Послее задоволството после добар шоп шопинг Па жени сме!!! Пријатен, позитивен разговор со тотален странец... Иииии доообра журка!
Да бидам искрена, секоја победа на Федерер ми го разубавува денот, всушност во последниве 4 месеци(не ми се верува дека поминале толку) неговиот успех најмногу успева да ме израдува и исполни...
Има доста ситници кои ми го разубавуваат денот, но еве топ 5 1. Утринското кафе 2. Првиот разговор со мојата љубов (кога си посакуваме добро утро) 3. Доволно ми е барем еднаш да го гушнам и погалам мојот дебел мачор 4. Обавезно правам нешто за себе (се лакирам, си правам маски за лице, се депилирам секој ден по нешто што најмногу ме релаксира) Времето кое си го посветувам за себе ми е најубаво. 5. Ќе издржам и без овие 4 бидејќи ништо на светот не ми го разубавува денот повеќе од неговото присуство
Утринското турско кафе со две цигарчиња,шминкањето наутро пред работа,смеењето на телефон со другарками,излегувањето на кратко за да завршам некоја приватна работа во работното време,некој клиент кога ке го услижам завршам работа и тој најљубезно ми се заблагодарува.Лешкарењето по дома и од време на време некој добар провод во кафана да ми биде завршното разубавување на секојдневието.