Со цел да не ја полните СДК, отварам нова тема, па нека честитките одат во оваа Нека ни е за многу години, со желби конечно да ни се оправи државава.
За многу години да ни е денот. И од мене желби за поубав живот, посилна економија, помалку невработени, повеќе среќни луѓе. Уште мнооогу генерации да го слават денов. Да ни е вечна МАКЕДОНИЈА!
Да си роден и да живееш заедно со твојата држава е нешто посебно,Да го почуствуваш мирисот на независноста е најпрекрасен дар од татковината,Да дишиш слобода е нешто кое што за жал било реткост на генерациите стари македонци,но слободни сме,независни и среќни,горди и способни да се справиме со сите предизвици кои иднината ни ги носи. Си ја сакам Македонија,си ја сакам фамилијата,сакам се што е Македонско во нив!!! Нека е за многу години
Си го сакам моето потекло. Си го сакам мојот народ. Си ја сакам мојата држава Се гордеам со целата историја, со нашите предци, со сите победи нека ни е честит празникот нас, на сите МАКЕДОНЦИ тука и надвор од нашата држава И утре да славиме не 1 туку 2 победи
Ајде нека ни е честит празникот на сите и уште многу многу години да го славиме Македонија можи да оди напред! Се надевам да ја водат напред,а не назад Кога сум во Македонија цутам I Macedonia!!! Spoiler Македонија со сонценце Ние сме македонски производи сепак И си ја сакаме
Нека ни е честит празникот и уште многу години да си го славиме па дури и да се прошириме во границите
За многу години, Македонци!!! Нека ни е честит празникот, вечно нека се слави името и вечно нека се вее македонското знаме!
20 години НЕЗАВИСНОТ ова де НЕИЗВЕСНОСТ ... 20 че бреее си се радувам повеќе одколку за мој сопствен роденден ... Многу турбуленции , сопки , стапици , нервози и стресови .... Од лицемерие до искрена подршка од пардоија до хорор нема што не видовме.На моменти помислувам ... Има ли пилот во авионот ? ! ?. Загубивме многу нешта , и не добивме за возврт. Не користеле и не користат , и завери ни прават . И некој одамна кренале раце од оваа земја , ама не и јас ... Ете и кога ќе се разочарам пак си велам сепак е Македонија . И кога одам некаде далеку се е прекраснотии, средени улици , булевари мал милион трговски ,менталитет на нивоУ , култура и чистота . Еден поинаков свет еден поинаков живот . И се по по по .... Ама не е тоа моето место не е тоа мојата татковина. И не дека ова го викам од некој патротизам (фолирње) туку иде од мене , а гледам 90 % баш ги заболе разочарани од неуспехот здодеано од магичниот круг во кои се вртиме . Како Пиреј сме и после се јас немам срце да отерам се у пм .. Поштувам што некој се борел за ова парче , за мое право за моја слобода... Не е совршена . Ама мила ми е земјава , мила ми е нацијава ... Ја прифатив со сите маани и доблести . Каква е таква е ... НАША Е !!! Еден ден ќе биде подобро ... Мора да биде . Среќен роденеден Македонијо . Биди ни вековита !!! http://www.youtube.com/watch?v=TKmX0yU-UYo
ова е исто како да одиш на роденден и да честиташ - среќен роденден да си жив/а и здрав/а, дојдов од што морам, не зошто сакав , а честитките за здравје ги кажав реда ради
Со искрени честитки, за долговечност подолга и од Киро Глигоров, ја поздравувам Македонија. Сега, во нејзина чест, моите празни црева ќе го исвират Радецкиот марш. Ма нек се слави бре, нек се пије... Дајте тоа шампањот.
Ќе бидам малку офф топик, ама не можам да не реагирам на ова..Навистина е така во странство, се е посредено отколку кај нас. Но, луѓе, зарем не гледате дека во државава се гради? Темпото на градење е дури и пребрзо, многу побрзо од што би требало да биде, за нашиот државен буџет. Зарем мислите дека преку ноќ ќе проникнат булевари, убавини и ќе цветаат рози? Премногу млада држава сме за да сме на ниво на европските држави кои со години пред нас биле независни! Секогаш тие ќе бидат пред нас. Се согласувам и дека менталитетот ни е на ниско ниво. И тоа дури на многу ниско. Кој е крив за тоа? Нели сме си криви самите? Еве да земам за пример, кога ќе ве казнат затоа што сте поминале на раскрсница на црвено (карикирам), државата е крива што става такви големи казнени закони? Или кога ќе фрлите отпушок на улица, те застанува цајкан и те казнува, сигурно велите ’Што држава ќе беше ова’, а притоа не помислувате дека ако сте го направеле тоа во странство, некој веднаш би ве пријавил за истото ова? Кај нас се има случено нешто такво?-Епа не верувам баш! Тука фино и лепо нема некој ни да те забележи дека фрлаш ѓубре на улица, а и да те забележи-ништо ново, секојдневие е да гледаме истурени контењери, фрлано ѓубре на јавни места...Сами го кроиме нашиот менталитет и сами сме виновни за своите постапки. И да, ќе се согласам со овој цитат на Венди, дека европските држави се далеку понапредни, И се по, по.. Но тука убавина преку ноќ не бидува! Замислете си дека до пред само 20 години не пустошеле, делеле, ограбувале, пробувале да го искоренат и она малку што го имаме денес. Уште еднаш ќе се извинам на оф топикот.