Сакам да отворам тема мрчење. Сите веќе професионални мрчатори, а и оние аматерите да си мрчиме до бескрај. Ама онака ептен многу, за сите срања околу нас. Не би било лошо малку да ги наполнам батериите... Далеку од урбаната џунгла, малку повеќе одмор да си дадам самата на себе... Некако чувствувам дека имаам недостиг на енергија или многу ја трошам на непотребни нешта. Во случајов некој ми ја краде и позитивноста ...
Денеска направив голема грешка... Кажав зборови што не се забораваат во момент на лутина, и разочарување. Факт е дека секогаш се истурам на најнедолжни луѓе. Изморена сум од чекање подобри времиња, мислев дека ова треба да ми бидат најубавите години. Незнам од каде толку многу фрустрација имам во мене. Преку глава ми е од врскаџиски работи, наместени позиции. Спојлер За едно 5 години ќе ви поставам прашање дали успеавте во животот? Ова се однесува само за луѓе што само на тој начин знаат да функционираат. Време да си ги намалам очекувањата бидејки во спротивно ќе се разболам...
Утрово сум уморна а душата ми е мирна... После толку долги години сонував нешто убаво.Сонував како возам велосипед низ поле со цвеќиња, го гледав небото и сите бои што се прелеваат на него. И почнав да пеам, да пеев од среќа од што ми беше убаво на душичката од што гледав такви убавини. И сум возела цел ден и вечер, а во мугрите застанав да го го гледам зајдувањето на месчината и изгревањето на сонцето... Имајте убав ден девојки, нека убавите соништа ви станат јаве
Едниствена обврска што ја имаш за роденден е да враќаш на честитките на Фејсбук. Од денес сум и јас официјално тинејџерка. Нека ми е среќен роденденот и уште многу години да си го прославувам!
Само затоа што некој ти е крвно сродство не значи дека со тоа заслужува твоја почит. Имам „луѓе“ што ни под разно не сакам да ги вбројам во фамилија.
Прегратки и солзи, само тоа ми треба денес. Не сакам да кажувам зошто, затоа што... па немам ни некоја посебна причина. Само така се чувствувам. Да можев да гушнам некого и да останам така барем минута-два, потоа да се расплачам и да добијам одговор :" Не знам како ти е, но чувствувам дека не си во ред. Не мора да зборуваш, само исплачи се.", би било одлично. А потоа, кобна музика и излив на солзи би било одличен продолжеток.
Еве јас на пример, спаѓам во оној тип на луѓе коишто дури и несмасноста може им го разубави денот - во ситуација кога ќе си најдеш оставени пари во некој џеб. Типичен пример како буквално малите нешта можат да ти предизвикаат насмевка на лицето, воопшто не е важна вредноста на паричката туку онака едноставно и од необјасниви причини, моментот е . А чисто за да ви доловам слика за мојата несмасност... да не претерам ама, кога би почнал да ги собирам на страна сите ситни пари што досега сум ги ставила во џеб од јакна или фармерки и потоа биле најдени при проверување на алиштата пред перење, досега банка би отворила...
А замислете пред 2-3 недели во кафиќ на свирка од Јоце Панов имаше јавно запоросување и "Пејачов" им честита на младиве со НИЕ ДВАЈЦА МНОГУ МОЖЕВМЕ А СРЕЌА НЕМАВМЕ ДА СЕ ЗЕМЕМЕ. Катастрофа.
Дефиниција за Малер-ЈАС! Да го исчистиш и светнеш цел двор,за после еден час да ти стигне невреме од никаде и да ти донесе лисја од цела шума. Није фер! Толку.
Порано ги правев горди моите родители - послушно и културно дете, одговорна, одлични оценки, мирна, интелигентна... А колку сакав само да се бунтувам и стискав заби, давав се од себе да ги правам што погорди на мене, гледав целосно да им угодам, да бидам детето што тие го посакувале. Сега моите вредности избледуваат, полека но сигурно избледуваат. Повеќе не ги правам горди. Не знам зошто... Сега културата ми стои, само што губам контрола врз речникот и пцујам, расеана сум, немам концентрација врз школото, депресивна сум и ги прекршив скоро сите ветувања (особено во врска со алкохолот и дечко)... Најтешко ми е кога мама ќе ме праша што ми е, зошто се однесувам така, или зошто сум толку затворена. Едноставно не знам што да ѝ одговорам. Колку и да се карам со неа, колку и да ме ставала во тешки периоди, колку и да не ми е блиска, сепак таа ми е мајка. Како да ѝ објаснам? Кога и јас до вчера не се разбирав. Тоа ќе биде како тапија дека сум луда. Знам тешко е за еден родител да има дете како мене. Ама како да ѝ објаснам дека пробувам да се извлечам од депресија, без да ја разочарам.
Не знам зошто ама после попладневна дремка сум гладна како волк. Сите манџи ми се најубави тогаш. Ако не ви јадат децата успивајте ги прво пред јадење.
СДК дека ме немаше долгоо време, и дека многу ми фалевте... Па иако имаме многуу училишни обврски ќе се потрудам да бидам активна
Здравствујте хорошие лјуди Одамна не сум чкртнала тука. Девојчево има за учење, така тро поќе. Него, муабетот ми беше, само љубов ми се врти низ главчево мое. Баталив и симпатија и сВе. Ама уште го памтам минатото лето кога немав друга работа и почнав низ цел камп да го следам, навечер. Добро, една вечер беше само тоа. Ме примети со друштвото, откако јас се тргнав тие почнаа да трчаат по мене, јас си отидов на плажа и ете го се нацрта до мене. Мислам му го осетив дишењето од што беше се уморил од трчање. Не се ни знаевме тогаш, добро, ни сега не се знаеме многу, ич. Тоа очињата какви му се, ааи. Не бе, нема да се лигавам сега. Тинејџерски проблеми, уствари не е некој голем проблем ова. Само дечко не, нејќам сега, ќе си седам прибрано уште малку. Нејќам да бидам како другите, мислам не е заради тоа што сакам да бидам поразлична, него не сакам да бидам такво чоече што се замара со такви ствари уш` од сега. Малку го тупам, м? ОКи, нема да продолжам да го пишувам постов, еве, еве, сега кликам испрати, готово.
Абе другарче, и тебе не ти е лесно... Туку ај, терај кај шо си тргнал, нели редно време беше... не е битно што е на стари години дее, подобро некогаш отколку никогаш. И така.