Има денови кога и самите не се поднесуваме, а уште повеќе има денови кога и другите не можеме да ги поднесеме. Денови исполнети со болка и тага, денови исполнети со мрак и солзи. Денови кага ја откриваме мрачната вистина. Зошто, најпосле кога си мислев дека те сакам тебе, мораше умот да се противи на тоа. Ти си тој кој не заслужува да биде сакан баш од никого.Ти кој не заслужи ниту една моја вистина, ти кој не ме сакаш повеќе од себе, а и не мораш. Ти кој не заслужуваш ништо, а најмалку мене и ти кој не треба да бидеш со мене затоа што не ме цениш како вистинска жена.
Моето стомаче почнува да се забележува по малκу. Бебушот не саκа да се κρие повеќе. Почнуваме со малечκи чеκоρи да ρастеме, сеκој ден по малκу. Пρеубав е сеκој ден, исполнет со ρадост и возбуда од малите нешта.
Темава понекогаш знае да биде бетер од кабина за исповед, а јас често читам мислења за емоциите и нивно потиснување па сакам да кажам дека тоа криење и непокажување емоции си има две страни. Од една страна е многу практично бидејќи повеќето од нас живеат опкружени со идиоти кои ќе ја чекаат и најмалата прилика да истите тие емоции ги искористат против нас, да нанесат штета или едноставно да се радуваат на туѓа несреќа, дебили кои коваат планови како да уништат туѓа среќа без причина. Од друга (многу поважна) страна, непокажувањето емоции пред никој и никаде може да има фатален ефект врз психичкото и физичкото здравје бидејќи токму тие потиснати, најчесто негативни емоции создаваат многу плодно тло за мал милион сериозни заболувања. Веројатно, најдобро би било да се најде некоја златна средина или барем некој безопасен издувен вентил во форма на личност од доверба или во краен случај - психолог. Кога ќе размислам подобро, личност од доверба може да биде многу мутава одлука и водени од погрешна проценка да налетате на некој вид идеален, манипулативен социопат од кои најмногу треба да ве плашат оние кои знаат да манипулираат на емоционално ниво. Е, овие луѓе може да ви ја расцепат и извадат душата, а за скршена душа не постои протеза.
^^ Да се надоврзам на постот на Пирана ... Не знам веќе формула, не знам веќе лозинка за тоа како и на кој начин да допреш до некого, да се отвориш при тоа да не бидеш криво прочитан или изигнориран. Во најлошо издание, "искористен". Затоа што во последно се што се прави е глумење лудило, игнорирање или злопупотреба на твојата искреност, на твојот фер отворен однос. Да се штитиш себе и од сопствените и од туѓите емоции ... Мислејќи дека ги познавам, дека се едноставни, маживе и те како барем добар дел од нив се покомплицирани и од нас жените. Дефинитивно не знаеш како да постапиш или како да допреш до нив, а при тоа да не му го "нарушиш" егото. Што би рекле мои другари: машкиве се затворени во себе, како во школка. Се поголема непознаница ми се ... ??
Чувството кога сте исцрпени, а си додавате нови и нови предизвици, закажувате нови и нови состаноци, и листата на ненаучени лекции ви се зголемува Денес бев во отпорот на класот. Од секогаш сме биле несложни, ама ваква дискриминација никогаш немало. Не ми ни текна дека е 1 Октомври, специјално ќе си прославев, помина месец од крајот на летото, не ми се верува. Тоа што променив многу работи кај себе донесе резултати, многу луѓе почнаа да гледаат со повеќе почит во мене. Сонувам со отворени очи, умот постојано ми шета, зборам едно, а мислам на трето. Уште малку и седнувам да учам, време е да ги земам работите во свои раце :geek: :geek: Поздрав, феминки најмили
Ми се прави нова фризура. Сакам да ја скратам косата, малку до под рамена. И ќе ја скратам. Ве поздравувам, имајте убава вечер http://www.youtube.com/watch?v=k6uDuhWjC7Q
Лелееее јадењето направено од мајками ми фалише премногу знаете дека имаме убави јадења е па да имаме и тоа најубави,ми фалише се од дома
Додека вие го трошите вашето драгоцено време на туѓи жалопојки, црпејќи ја вашата енергија и расположение, истите тие зад грб си го редат животот и ќе дојде ред кога ќе ви солат тие на вас памет. Единствено што ќе ви оди да им речете - додека те слушав тебе како кукаш и се грижев за тебе дека сериозно ништо не ти е добро и животот ти е во колапс, ќе се погрижев за својот и можеби ќе бев наречена себична. Стара грешка која денес ми тропна на врата, како потсетник што повеќе не правам и не сакам да правам.
Ме немаше некое време. Барем не толку колку што обично ме има(инаку обично ме нема ни за лек). Туку, остави тоа. Тресни го. Мавни го со метла по глава. Што и да е. Кога сум била мала сум била тежок цреп. Саксија. И тоа од оние најголемите. Ете така. Во приказните сите слуги се викаат Себастијан. Е па, јас си мислев дека се викаат СебастОјан. Стојан братко! Подобро Стојко. :geek: Ама има и поголеми црепови од мене. Овие не се саксии, туку ќупови. Доаѓаат вчера неколку момчиња кај мене за да вежбаме за една драматизација за училиште. А ние имаме часовник со полугола жена. Big deal, но овие се измачија зјапајќи во часовникот. На крај почнаа и да по чепкаат. Ненормални. Часовник, бре! Часовник. Кој уште се заљубил во часовник? И така одат работите. Поточно, така не одат работите. Ако ништо друго, на интересен начин не одат.
Кога имаш семејство кое те разбира како пријателите, кога имаш пријатели кои те сакаат како семејство и кога имаш една личност покрај себе вредна како илјада, е тогаш имаш живот вреден за живеење.
...пред некој ден барајќи една книга,при рака ми дојде еден албум со слики од мене како мала. Од кога сум била бебе па се до предучилишна воздраст. Како некој времеплов,ме врати назад во времето кога сум била бебе,па кога сум проодела,па сликана на лулашка,слика како седам налутена затоа што не ми ја купиле куклата, слика со раскрвавено колено,слика од родендени итн. Сликите за мене се непроценливо богатство кое ти дава можност да се вратиш назад во времето,за миг да заборавиш на се и да се присетиш на најубавите мигови во животот. Некогаш кога ќе ви е досадно,земете си албуми и присетете се на најубавите моменти од животот,затоа што се друго се заборава но сликите остануваат вечен спомен.
Наминувам со еден клише муабет...од типот... како секогаш знаеме да дадеме најдобри совети на другите, а не знаеме истите да ги примениме во нашиот живот... е ова ми се врти низ умов.. цел божји ден... Па оправдувања..па изговори... нели..зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано?! ************ Како поминува времето, некако се фаќам себе си во некои постапки... како се повеќе личам на мајка ми. А искрено не го сакам тоа... Да не ме сфатите погрешно... мајка ми, ми е најбитната фигура во животов и не би можела да си го замислам без неа. Но, таа е дефиниција за педантерија и човек кој сака се во животот да има под контрола. Ја излудуваат ситници кои не се онака или онаму како што таа си замислила. Не е исчистено ако таа не исчисти, и ништо не е на место ако таа не го помести макар милиметар (да да милиметар) како шо таа си замислила. Обидувајќи се, се да доведе и истото да го држи во совршен ред... често заборава на себе...тоа е всушност она што не ми се допаѓа... Сиве овие години не можев да си ги објаснам тие нејзини реакции... се додека во последно време (последниве 3 години) се фаќам себе си како ме нервираат детали низ дома кои не се на свое место, па станувам, поместувам, разместувам, посматрам.. ден по ден... ден за ден се претворам во неа. А тој.. тој ја сака серијата "Friends", заспиваме со тој ковер...ме запазил и тој, па ми вели.. ти си тооолку Моника... Да, сум, само уште да знаев да готвам колку неа.
Во реалноста... ми фали еден странец. Еден странец, да дојде, само да ме ислуша. Да можам да му го кажам ова што ми тежи на душа. Да можам да му се изнаплачам на рамо. Да не се грижам дали ќе ми суди. Едноставно да најде сили - и да ме ислуша. Толку барам.
Ако на некому кажам еден мал, мил збор, знајте дека таа личносте една од најважните за мене. Зборот:" Срце" Во превод, те сакам и ми значиш премногу.
Седнав со чаша винце да си ја прочитам судбината за октомври претскажана во хороскопот на фемина. Нека е со лесно.
Прашале едно дете: Ако во планината има два волка, едниот волк е среќата, радоста, љубовта и сите други убави чувства, а другиот е тагата, неспокојот, омразата, љубомората и другите лоши чувства. Што мислиш кој волк живее во шумата до твојата куќичка? Знаете што рекло детето? - Оној кој повеќе го храниш. Сакав да кажам ако го почнуваме денот позитивно и секогаш гледаме на позитивната страна на работите ќе бидеме по позитивни, ќе не радуваат малите нешта, ќе не усреќи малку љубов, ќе не смеат и мислите кои ни поминуваат низ умот, ќе размислуваме по оптимистички, ќе бидеме по задоволни од себеси, од работите што ги работиме и ќе бидеме насмеани по цел ден без лоши мисли, омраза, љубомора...
Како помала сметав дека треба да завршам факултет па да се вработам .... Бидна и тоа и сега гледам дека е само мал дел од сложувалката, толку многу работи сакам да постигнам, на моменти се расплинувам со планови и набиени агенди, се бркам со времето и навечер креветот го фаќам уморна. И се ми се чини дека веќе нема време, а ќе ми речат животот е пред тебе ? А така ли е? Со моите 24 години се чуствувам како да сум пред краен рок да си ги остварам соништата а големи се и постојано се зголемува листата. Ме фаќа паника, зарем мора се да биде под конец?