Првите денови кога татко ми отиде во Италија, прво бев среќна Затоа што ми годеше малку слобода. Како поминуваа денновите, се повеќе ми недостасуваше и едвај чекав да се врати. Чекав, чекав и дочекав. Сабајле, некој ме разбуди уште пред да се раздени. Бев спремна да го нокаутирам тој што ме буди. Додека не го видов тато. Едно 5 минути му се лигавев во прегратка како мало дете. Мажот на мојот живот. Ако некој не исчувал тоа е тој. Колку ми е само жал што има ќерка како мене. Заслужува подобро. Отиде во Италија за да ни обезбеди подобар живот на сите. Ме гледаше некое време и мислам дека сфати дека нешто ме мачи, колку и да се трудев тоа да го сокријам. Завршив со диетата Тато донесе тестенини во сите форми и многу чоколадни работи. Моето омилено
Знаете што најмногу им фали на луѓето? - ЉУБОВ Баш тоа. Обично при недостаток стануваат лоши, арогантни, себични и тн. Можеби пријателска, можеби семејна, можеби од личност од спротивниот пол но реално светот е гладен за искрена прегратка и разбирање.
Пак го гледав „Кејт и Леополд“. Првиот пат, колку да ми биде во листа на гледани, но не го доживеав како што го доживеав сега. Си го изгледав со внимание секој поединечен момент. И знаете што? Треба човек да е слеп за да рече дека е нереален и бајкичка. Боже, тоа е еден од најреалните филмови што постои. Сечија наша душа претставува еден посебен свет, посебна димензија, во време, времето е и онака релативно. Лесно е да ја искористиме нечија душа за наши цели, за цели коишто себично ќе ја задоволат само нашата душа, не размислувајќи за другиот. Но, што е човечноста. Човечноста е љубов. А љубовта е, не да искористиш, да окупираш нови светови, туку да го оставиш својот свет со се` што е себично задоволување во него и да влезеш во светот на другиот, за во него да изградите иднина како едно цело и времето ќе застане, толпата во просторијата ќе се стиши, светот ќе бидете само вие двајца. Нели и самите апостоли од љубов кон Исус ги напуштиле нивните огништа, нивниот имот и нивните родители за да одат со него по тој пат. Се потеков од плачење, ќе идам да се стабилизирам со некој трилер да дојдам до позитивна нула. Maда и хорор не би ме извадил. Во меѓувреме, уживајте во овие сцени, сцени коишто го говорат сево ова за коешто јас зборував, уживајте и истражувајте во световите на другите, не ги користите нивните богатства. Бидете луѓе, не колонизатори. http://www.youtube.com/watch?v=jJzyMZIBuo8
чувствувам некое олеснување.не знам зошто.по сите тие маки сега полесно ми е.мислам дека полека почнувам се да пребродувам.го чекав овој ден кога ќе ми биде се исто.
Зошто секогаш се враќаме на оние кои најмногу не повредиле? Велат дека ова е реторичко прашање, но јас мислам дека причината е љубов. Љ-У-Б-О-В! Ве повредуваат? Повредувате и вие. Ве навредуваат? Навредувате и вие. Но, тоа го прави само мозокот, а срцето внатре е толку тврдоглаво што не сака да ги избрише некои личности, кои не заслужуваат да бидат таму.
Да бидат во срцето е едно, а да им се враќаме е друго. Тоа е повеќе мазохизам за мене и ако некој навистина ме повредил и сметам дека е виновен (збориме за неопростиви грешки), не би му се вратила па што сака нека биде. За што, за пак да ме повреди? И се вика реторичко прашање.
Не можам да разберам луѓе, кои својата нервоза, ја истураат врз други кои не се должни, ниту пак виновни за нивните проблеми.Воопшто не е покажување сила тоа, ниту пак ги става на пиедестал, за да ги гледаат другите од птичја преспектива, на крајот на краиштата, никој не е најден на улица, за друг со него мајтап да си игра, како сака.Терање правда, никаде не води.
SDK oti nadvor e kokl ladno, temperaturata e 7 stepeni tuk-tam prerosuva nekoja kapka dozd i duva eden silen veter. Nebare drvja stogodisni ke korni. Strasno e. ( sinoka bese beter )Nema da se cudam ako mi ja nema susarata so rubite utre sabajle. Ili ke se isuseni od veterot ili ke visat na nekoja granka.
Знаеш, не викам не, нормално е малце егото да ти лета кога ќе поминеш некој депресивен период у животот. Али неблагодарно е да ги заборавиш луѓето што ти помогнале и што секогаш биле со тебе. Eпа, следниот пат јас нема да бидам рамо за плачење и советник у 3 саат сабајле. Тие сеа шо ти се главни за идење на кафиња и журки барај си ги! Не барам споменик да ми се гради, ниту некој да ми се заблагодарува до крајот на животот. Сум помогнала бидејќи сум сакала да помогнам а не со мислата дека и јас да сум во истата состојба би сакала некој мене да ми помогне. Никого не понижувам и не дозволувам некој мене да ме понижи.
Криво ми е кога добрите луѓе се мачат за овие поитриве да си тераат како сакаат... многу ми е криво. Но тие не ни знаат да бидат себични, бидејќи душата им е таква. Добра ноќ на сите.
Често на сабајле сретнувам еден човек во локален парк. Од здраво, колку убаво утро, или врне у пм, по малку и по повеќе муабет, веќе утврдивме дека и тој и јас имаме заедничко, одбиваме да пораснеме. Екс војник, снајперист, ќе речеш барем војската требало да му го дотера умот на него, или може го изулавела додека јас немам изговор. Како реков никогаш не сум била на мотор пред некој месец, би сакала ама сама да можам, да тој ти бил моторџија, од оние ангелите, па сабајлево ми дава картица од инструктор, плус број од гаража за изнајмување, и ми вика кога ќе сум се научила како да управувам со еден него да го прашам ако сакам да купам еден на старо, он да го прегледал дали е добар. Во истиот муабет успеа да вметне колку коски има скршено до сега Не ги сварив коските изгледа Барам кожени панталони на нет
Ако не ми врне на роденден,значи не ми е роденден Баш секогаш на мојот роденден заладува,па веќе навикната и паметна,си земав екстра ќебе И пак,грч ладно. Туку,баш ми се погодува тоа што денот после мојот роденден е неработен,па не морав да чекам за да си направам журче. Па 18 полнам,да му се сневидиТ Цел ден со роднини,sex,drugs n' руска салата Си собрав по некое илјадарче,пижами од бабите стандард,чоколади колку ми душа сака (одма ги изедов сабајлево.) и пријатно време со фамилијата А вистинската журка ќе биде во сабота Си изнајмив локал,и планирам да се журкам како никогаш досега Инаку,огромно благодарам до сите оние кои што ми честитаа роденден тука Немате поима колку ми значеше,што ние не се ни познаваме а толку многу се засакавме,и сите оние убави зборови кои што ми ги подаривте,дупло да ви се вратат. Денеска имам втора тура роднини,кои што не стигнаа да дојдат вчера, И среќна сум си ептеееееен
Не одат луѓето повеќе со наведната глава.(со чест на исклучоци,мнооогу ретки) Тоа е реткост. Бидејќи немаат грижа на совест дали некого повредиле или ги навредиле. Повеќе не се работи за почит. Туку за корист, се почесто!!! Самиот збор се користи за предмети. Користам сапун. Си ги мијам валканите раце од чесната работа. Не се мие валканата совест со таков предмет. Користам огледало. За да се огледам себеси како ми стојат новите пантолони кои ги заработив со чесната работа. Со нив не се прикрива лошиот човек и неговите користољубиви дела. Макар биле од злато. Не се користат луѓето, не се предмети, Тие се почитуваат. Тие се љубат, им се восхитуваш. Им бараш помош, им нудиш помош. Им нудиш живот. Не им нудиш пари, не е животот пазар: купи-продај. Луѓето ги помешаа работите. Свесно. Почитта ја заменија со корист.
Го сакам дождот, студот. Носи спокојство. Рамномерното удирање на капките по прозорецот, ветерот и замаглените стакла ме потсетуваат на нешто убаво. Го започнувам денот со топло кафе и доручек, до денес уште еден месец со љубовта. Колку и да се мешаат коцките сепак на крајот секоја застанува на своето место. Имајте убав ден