Добро утро,народе МАКЕДОНСКИ !Уште многу години сонцето наше да не грее. Спојлер Иако денес е некако врнежливо
Девојка во пмс, накиснати нозе во патики, косата од пеглана станува никаква, и поради тоа без потребна нерва..јас сум таа.Дете на пролеетта, не сакам ладно време, есента не ја љубам, не ме исполнуваат оние топли чајчиња, и книги покрај прозорец гледајки го дождот.Поубаво ми би било да пијам ладно нескафе и книга на балкун во топла летна приквечерина, гледајки небо полно ѕвезди, чувстувајки топлина и среќа во душата. Тоа е тоа, ми останува да се привикнувам на есента, некако, одвај, да се трудам да не пропаѓаат многу работи и обрвски поради лошо време и дожд. Имајте убав ден, одморете се во продолжениот викенд и уживајте па макар и на вакво време.
Колку сакам кога покрај мене имам топол чај од хибискус и еден куп чајни колачиња. Кога ги топам во чајот и посматрам како парчето паѓа внатре во чајот, па ќе го извадам со лажичка и ќе го препелкувам низ устата, сакајќи да го задржам мирисот на чајот во мене. Сето тоа додека ги посматрам ситните капки кои се лизгаат по прозорите. Би можела со часови да го правам тоа...
Неке птице никад не полете...некои сакаат да пораснат.Не треба да се брза да се порасни,се’ во свое време си доаѓа,треба да се ужива додека е мало да си игра,а не да брза да биди биг лејди..ама то ти е
До мене е или владее некоја ладноќа меѓу луѓево? Неподносливо ми е. За мене е ова студена војна, а не по дефиниција што е. Ај гушкајте се!!! Аеродроми и гробишта ми се места каде што годинава најмногу се изнарикав. Годинава татковите солзи најмногу ме здоболеа. Е тогаш вистински осетив дека животов е факд ап и ми замина детската безгрижност. Дедо ми беше добар човек, мразеше попови, а беше многу религиозен и чесен. Чесно си одживеа, сите не сакаше, иако си беше нервозен по природа, но сите не сакаше, од прв до последен. Му бев прва женска гордост и амбициозно мислеше дека ќе станам министерка само затоа што сум била учена. Никогаш нема да ги заборавам букетите лаванда што ми ги носеше и јапонските јаболка за сите 11 негови деца. И засекогаш ќе му благодарам на беспрекорниот повој благодарение на кој имам денес беспрекорно прави нозе... мајке ми, смешно е, ама можам да си ја замислам животната неугодност со изместени колкови и искривени нозе. Груби раце кои беа полни нежност, ми недостига. Си замина до последно со бистар ум... последните два дена веќе ми беше јасно дека ќе си замине во рајот. Му се избистри лицето, носот му стана како на светците на иконите и зборуваше само за неговите родители и господ. Последно му понудив да јаде, додека си играше со чаршавите и јорганите, преметнувајќи ги, буквално со детски поглед и глас ме погледна и ми рече - а не, јаден сум, не сум гладен... Барем со добро се разделивме. Не дека беа мои, ама имав најдобри дедовци на светот, пред се вистински чесни луѓе... Ми недостигаат пеколно многу и се гордеам со нив. Имаа муабет со од најсиромашен до најбогат. И двајцата си беа религиозни, но едниот изгради и црква, за која донираше цел живот и не затоа што некому нешто должи и да си ја испере душата и да се приближи до господ, туку затоа што сакаше луѓето да имаат љубов и да бидат мирни... И така...ден за сеќавања, скајповски муабети и некоја душевна празнина... 2 кг полесна...ај на здравје. И да, некому ласкаво, мене болно. Мислам убаво е да те сакаат, ама да френдзоунираш некого, а да не знаеш... Па има девојка, се знаеме од секогаш...од каде би знаела. И оп твитер профил, анонимен и романтичен...полн смешки и нежности полни недостиг. Денес ми кажа... и како да му речам, те разбирам и мене исто ми е? Ајде нека заврши денов...
Човек треба да биде она што е, а не со сила да се труди да импресионира други луѓе, не можам да ја разберам потребата кај луѓето да импресионираат некого, постојано.Бидејки, секако еден ден нема да им успее тоа...
Татко ми има речиси 70 години, а сфаќам дека јас знам многу малку за него, за неговото детство...Сакам да знам се, да знам кај бил, што видел, сакам да сум дома и бескрајно да си муабетиме, не во овој студен, студен и лош град. Тоа е таа љубов што кога го гледам одма ми насолзуваат очите и го гушкам, многу, а нему чудно му доаѓа таквата љубов и нежност бидејќи е навикнат да не ја покажува пред другите, бидејќи и не ја искусил многу љубовта во неговиот живот... Тој е од оној тип на луѓе што би одел без заби, би одел гол и бос само за да го школува своето дете и тоа да има се.. И само ми е страв, страв дека нема да успееме, нема да имаме време да направиме многу битни муабети, и знам дека никогаш нема да можам да те изгушкам доволно, секогаш ќе ми бидеш потребен.. Ништо не е побитно од тебе.
Алал да ти е. Обожавам такви луѓе кои уживаат во она во што јас не можам . Јас сум од тој другиот тип на луѓе, кои се нервираат кога чајните колачиња ќе му омекнат и скршат... Ама затоа ги мцкам во ладно кафе, ги сакам кога така се размекнуваат некомплетно, а следен чекор е дефинитивен распад во мојата уста Баш ми убаво вака кога ќе видам како една иста работа, може повеќе личности да направи среќни на различни начини.
Лани ако ви текнува на 23-ти Октомври права пролет беше, да се збуниш да не е 1-ви Мај случајно, годинава се грееме со ќебенце и чајче ... затоа лани зимата беше топла, оваа ќе нема милост за мене... Мразам ладно... а есен мразам особено.
Типично есенско, свежо и облачно попладне, во неработен ден - ми е како кец на десетка. Топлите есенски чизмички и омилениот капут извадени од плакар, и спремна си за прошетка покрај најблиските пожолтени дрвореди. Тивката музика од слушалките ти се меша со пријатниот звук на лисјата под нозете... По пат некоја прекрасна глетка ќе те натера да го извадиш телефонот и да шкрапнеш дел од оваа уметност на есента. Во последно време се навлеков на фотографирање, па од секое годишно време си имам омилени мотиви - па ако во овие месеци видите некого из чиста мира да си сликне некоја клупа или да одбере некое ливче за фотографија во комбинација со книга, можеби сум јас. И на крај, малце смрзната од студот се враќаш, дома те облива топлина и мирисот на есенски десерт од кујната, а во соба те чека чаша топло чоколадо којашто цврсто ја држиш неколку минути за да си ги стоплиш прстите. Книгата на витрина примамливо те вика, и го навлекуваш ќебето на себе и удобно се нурнуваш во нејзините страници, губејќи ориентација за време. Милина! Имајте убав празничен ден, ве гушкам!
Секој човек кој го сакам или сум го сакала, можам да го препознаам со заврзани очи по мирисот, него сум го врежала како печат во меморијата. Еден мирис има способност бурно да ми оживее едно минато кое мирно си спие во моите спомени и да го почувствувам за миг како да ми се случува пред очи… Еден мирис може да ме насмевне, но во исто време и да ме растажи… Облеката во плакарот на татко ми иако исперена безброј пати - сеуште ми мириса на него, мирисот на печени кифлички и пита го обожавам зошто ме потсетува на домот на баба ми, мирисот на локум и пченица ме потсеќа на смрт затоа сум престанала да ги јадам, мирисот на кокос е мирисот на летните распусти покрај вода, мирис на печени јаболка е мирисот на моите зими, мирис на куфер ме потсеќа на убавината на патувањата но и на единственоста на мирисот на мојот дом... Чудно... Но и јас веќе неколку години мирисам исто, можеби затоа што потсвесно сум се запаметила и себе си по тој мирис. Сум пробала неколку пати да го променам, но секој мој обид е неуспешен или краток... Mи се случувало и неколку пати до сега луѓето да ме запаметат и препознаваат по парфемот… Ми рекле - зарем сеуште го користиш истиот парфем? Комбинацијата што победува не се менува, нели? Јас не сум јас кога не го носам мојот омилен парфем, се чувствувам некако некомплетно, несамоуверено, се чувствувам како голa!
Преубав ден поминат со љубовта. Никогаш во животов не сум била посреќна. Денеска целосно уживавме заедно. Некогаш (читај скоро секогаш ) ме нервира ама пак си го сакам. Слатка сум му била кога сум се нервирала. Се надевам така убаво ќе ни биде и наредните денови заедно поминати.
Абе луѓе, многу ладно оваа. Штом мајка ми го запали огинот, значи навистина е ладно! Цела куќа ја зачури, бела мечка да помине нема да ја видам. -Од сулинарите е чедо, секоја година кога првпат ќе завалиме оган секогаш е вака. И навика и е, како што ќе го запали оганот, секогаш 3 тенџериња става. Едно за вода, едно супа се вари, друго чајче.. Абе една е мајка, и со лупа ваква да барав, немаше да ми се погоди! :geek:
Есен? Што беше тоа? О, да, се сетив. Кога носот ми е црвен постојано. Поздрав до сите со црвени носиња.
Некој од спортистиве имаше кажано Ако не можете да не поддржите кога губиме, не не поддржувајте ниту кога победуваме Па нешто слично е и во животот. Доколку луѓето не можат да ве поддржат и да бидат крај вас кога ви е тешко, кога сте лузери или кога едноставно не ви оди во животот, нема потреба да бидат до вас и со вас кога коцките ви се наредени и кога сте среќни.
Друштвооо, сакам да си се вратам пак да бидам дете бе Па колку е тоа убаво, нит секирации, нит проблеми.. абре милина! башка си верујеш у чуда и самовили Најубаво! Ни знаеш нешто, ни па се замараш со нешто! ... Уствари единствен проблем ти е зашто на куклата не и расне косата откако ќе ја ишишаш асално Ехх, да можев да си се вратам пак и да си изигравав Алиса а не вака сеа, ќе си тупам мозок со факултети и чуда, ахх живот! ... Порака до сите помлади членови тука: Уживајте у детството, најубав период ви е, верујте! зашто после нема назад, а ќе барате назад, ако сега си мислите дека нема!