Пробав бакнување на дожд и накиснав како офуцан мачор Не е романтично,ама ИЧ! Нека не ве лаже онаа Лајна Грејс
Дали во вашето тинејџерство се слушаја најубавите песни ?И во моето ...те поткреваат мислиш си се вратил во тоа време ,го нема сега тој филиг не ,можеби тие се тие години за кои сите зборуваа тогаш дека ни се најубави ,а ние очекувавме поубави од тинејџерските ,како и да е сите години си имаат своја убавина
Петак - дан за метак! Уствари, пројде петок-та, субота нам је дошла ии да напоменам дека није дан за тугу, прибидејќи брига ме шта имаш другу... И после црни петак, време е за мала оддишка, па така да уште сега веднаш ќе си се напикам под кебе и ќе си прткам цела вечер, аа даа и пред да запсијам ќе си глеам романтични филмчиња и таман ќе си се замишљам како нив таква заљубена, онака со пеперуги у меот! Леп поздрав.
Денеска за мене е петок 13ти дефинитивно, не сум имала појак петок! Чај во рака + книга по математика + тетратката школска и домашна по математика + работна по математика + збирка по математика = најдобар петок во историјата! Ова математикава бе ко индиски филм без превод е, жими 5ката по физика! Е ова ти е крвав петок, подобро да ме убиеше некој отколку вака да се утепав од решавање задачи. Толку за денес, веќе ми се здосади утре ќе продолжам, само што имам уште 5-6 предмети за учење, али удри бригу на весељу... Ах математико туго моја. Што е битно де да смо живи и здрави још година 100..а овие наставнициве природна сила ги растурила, кој ги шиша? ЖАРЕ БЕРБЕР ГИ ШИША. Ај многу лупам глупости, како последица на математикава е. Добра ноќ и запоменете дека чистата совест е најмеката перница.
Шо мајмун е детево, и на 10.000км растојание ме тера да се насмеам. Ми прави финтички, не знам кај му текнуваат, ама цуцка е, јас тие финтички кога ги правев претпоставувам дека учел собирање и одземање. Ама ми е интересен бе, и смешен како пробува да ми привлече внимание... Морам да признаам дека ми фали на моменти, многу се клештев, и со него и со другите. Ми текнува дека првата недела откако си дојдов по моето мало патешествие, дека сјаев бре, убавко ми беше, наполнета си се вратив. А сега некако посивев во лицево, не ми сјае, подуено се осеќам, како извадена, изместена од колосек. Во фацата де, иначе таман ми е. Ми текнува и лани ова време дека имав хронична фобија да преседам сама, ме фаќаше страшна паника да спијам сама, во празен стан, се гушев, давев, море се рикнував од плачење, како најдолно гомно посрано на некој неасфалтиран пат, е така да ви кажам, така си мислев за мене. Фала им многу на тие што ме поддржаа тогаш, а и на тие што не де, барем видовме кој, што, како зошто сме во животов, дал дедо Боже колку можел, повеќе нема, то ти је. Муабетов ми е, полноќ мине, моментално седам со едни џиш розови гаќи затоа што парното е уште топло па се прчам низ празен стан (комшии опрез), мирисам на магнолии и темјанушки и лилјани и бели праски и памуци што ти знам таму уште не, со турбанче на глава да ми откисне косичето уште толку, по еден прилично убав ден.... И сум сама бе. И убаво ми е, не сум како гомно на селски пат, на дожд. Еми на потешкиот пат учиш лекции, за убавини и за раати. Плус надвор врне и времето те тера да фанеш да мјаукаш на о ба ма селффффффф, бат ноу ноу ноу. Мислам дека сите продавници ги изакав денеска, та маалски, та белосветски, ма сите. Работава е дајте деца да донесеме странски инвестиции во државата, да трошиме странски пари. Меркав едно капутче од скоро две мои дневници составени од којзнае колку саати бришење вц-шолји, абе да го облечам и да ми рипне некој со прстен пред мене, е такво, и гореспоменатиот знае како успеав да се воздржам да не пристигнам дотерана со него назад дома. Ако влезам по четврти пат во продавницата, или ќе ме отстрани обезбедувањето или ќе испаднам со него, нема трето. Октомври си помина скоро, јас си кројам планчиња, молим лепо, назад плацот со куќичките мои, та цвеќенца, та верандички, терасички, па па пааа.... Да ми дадат виза море, ќе се оставам пет месеци таму, само да ми ја дадат. Се мислам де за ова, де за она место, а има едно, ме влече, што знам зошто. Дека ќе се вратам со којзнае какви пари од таму, нема, онака, дека ќе бидам којзнае каде, нема, ама ете, нешто дип даун ми вика оди таму. Осеќам дека ако отидам ќе најдам уште поголем раат, е така нешто ми е. А јас фина мома, паметна, слушам што си кажувам сама на себе.
Оригиналот е само еден се друго е бледа копија на него Не дозволувајте да бидете копија на некого бидете оние кои се трудат да бидат оригинални на свој начин.
СДК вечерва беше толку убаво, незабораавно.... nikiiii срцка прекрасно беше поззз Спојлер Ceпак дечкото пред мене у кафен џакет сметаше, hhhhh
Додека учев по цели ноќи за време на испитна сесија, татнежот на возот што поминува точно во 4 ми беше знак дека е време за пауза. Поминува на километри од овде, ама во таа ноќна тишина, секогаш го слушав. Следеше протегнување и неколку минути на чист воздух за да ја одморам главата. Вечерва после долго време пак го слушнав возот. Тие неколку поглавја пред спиење се претворија во неколку часа и целосно изгубив ориентација за време. А атмосферата само за читање - единствено дождот и пуцкањето на огнот ја разбиваа сонливата тишина. Јас стуткана во фотелјава тонам во зборовите, дури и чајот си го заборавив, па се оладил. Се освестив кога го слушнав возот и видов дека е 4 по полноќ. Да не го чуев, можеби ќе останев занесена додека уморот тотално не ме совладаше. И сега знам дека попусто ќе си легнам за да одморам, кога долго време ќе размислувам и ќе ги анализирам сите настани. Ете тоа ти прави добра книга
Велат дека ретко кој може да ве разбере вас и вашите чувства. Не е точно,многумина ве разбираат ама прашајте ги колку им е гајле. П.С. Се чувствувам одлично. Обожавам вакво време.
Кал до колена, препржени крофни, многу чад и гласна музика- главните впечатоци на секој кој ќе дојде на панаѓурот. Како мокро маче бев сеуште не можам да се згреам. Добро утро и имајте убав ден.
Гутен морген мајне феминки Хау аре ју бите? Их спике нихт дојч абер их хабе нихт абер ин дојч Кој талент ми е табиетчево,и јас му се чудам. Кога спијам сама,никој од дома не се жали дека сум зборела во сон,ниту пак дека сум се смеела. Викав другарка вчера да преспие кај мене,сабајлево ми се испожали дека не можела цела вечер да заспие од мене,и тоа од што ми се смеела на монологот Изгледа сум сонувала како двајца од мој клас се венчаат Постојано сум викала „Кажи да,Стефан,омажи се за Тони’’,сум се смеела како лудача, сум го бранела ВЦ-то „Не влегувај во моето ВЦ,изнајми си свој двор’’ За потоа да следуваат рандом реченици како „Тони учи грчки,Стефан не прави грешка“ , „Анакондата е добра личност’’ , „Зошто уште не си ми купила дезедоранс?“ Сирото девојче до мене што спиело. Како и да е,нека им е со среќа на „младенците’’. Инаку,вечерва ќе биде крејзи Полнолетство славам,не се зафркавам
Кога немам што да кажам си молчам ама денеска нешто сум многу разборена па во еден пост ќе си кажам се. Никогаш не сум ја сакала зимата, ниту сум се радувала на снегот. Но во зимското студено време има мали ствари што може да ми го поправат расположението, а тоа е денот поминат во одлична книга, топло какао, играта со малата маца-моето домашно милениче и топлите прегратки под кебенце со љубениот . Никогаш не ми биле сфатливи оние кои плукаат и ги навредуваат подобрите од нив наместо да се потрудат да изградат свој карактер и своја иднина тие континуирано критикуваат, вреѓаат, им се потсмеваат на другите околу нив како тие да постигнале кој знае каков успех во животот туку напротив најчесто тие се нереализирани личности кои не добиле никаква сатисфакција во животот и своите недостатоци мислат дека ги покријат со навредите упатени кон другите и прстот вперен кон нив. Но за среќа има мудри и паметни луѓе кои воопшто не ги ценат ниту нивните мислења ниту нив како личности. Ваквите личности со отровен јазик најчесто на крајот остануваат сами отфрлени од сите освен ако не најдат некој оговарач, исмејувач ист наводно другар како нив со долг јазик плиток памет. Имајте убав ден феминки
Имаме и грав, боранија, зелка, праз, кромид, патлиџани, пиперки, ореви, костени. Све имаме, нема шо нема. Добредојде!
Шетала Симона да заврши еден бизнис јеааа и така на враќање поминував покрај мостот онаму кај Ат Пазар,таму има една многуууууу ’’екологикал’’ ривр-Драгоро.Пред да докажам да се вратам наааазад така назад кога Битола имаше две реки:Курдерез Река и Драгорот сегашен.Е таа првата река се простираше некаде кај Руска Црква до онаму Стево Патако улицата некаде.Е сега то луѓенца е пат,улици,свашта.А оти замина во сеќавање?Епа многу малце вода имаше,беше малечка така во широчина и беше како каналче и ете паметните луѓенца ја направија пат.Е сега да се вратам на нашиот Драгор.Абе кога го видов,шо да видам...островчиња си имаше вака како Голем Град од Преспансконо да се пресели баш на Драгорот во Битолата,абе нешто слично тревишта такви глупости како озаите во Сахара.И во таа вода шо ја има сега ехаааа од дождот,иначе во Драгорот нема толку вода и ако сакаш да се отепаш не ќе можиш,можиш единстевно некое ребро да скршиш.Е во таа водата луѓенца имаше шишенца кои си пловеа по реката како во романот на Нико Спаркичот-Порака во шише.Ете така,а понекогаш се поднаоѓа и некоја гума од велосипед,некое столче или железо.Ама денес сега-засега има само шишиња.Да бе еколошки сме ние.Да не беше и овој дождот,ништо од здраво тело здрав дух работата.Од РЕК паѓааа честички како кога гориш некои дрвца за да се загрееш,ете така искрички паѓаа на земјата ти се чини оган врни,а не дожд.Но ете дождецон се исчисти,фати ти друже,и сега воздухот во Битолата е тро почист.Сега студи малце надвор,и ќе да ми се чини дека чизмите треба да си ги побарам ,и така оди то:ЈЕСЕН У МЕНИ ЦАРУЈЕ,А КОД ТЕБИ ПРОЛЕЧЕ,НИ СУНЦА НЕ МОЖЕ,НЕ МОЖЕ КРОЗ ОБЛАКЕ,МА СОНЦЕЕЕ НЕ МЕ ГРЕЕ,СОНЦЕ КАДЕЕЕ СИ ТИИИИ? То е то за денес,грасијас
Има луѓе коишто те тераат да се зачудиш од каде сте иста фамилија со такви створови... Од друга страна пак, има луѓе, за коишто се прашуваш со што си ја заслужил честа да ви тече иста крв низ вените. Не е работа во крупните нешта, туку во значајните ситници на коишто никој друг не би знаел да им го придаде заслуженото значење. За вакви мали моменти вреди секоја претрпена болка во животов.