1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.213
    Пол:
    Женски
    Јас и тој, продолжен викенд, спа и велнес уживање :) Weekend getaway, baby! :dance: :party:

    Чесно заработено и заслужено, после толку работа, стресови и невозможни рокови - време само за нас :geek:

    Исклучувам телефон, оставам дома лап топ и одам на пасење мозок :emo: :hai: Надвор ако сака и камења нека паѓаат, не ме интересира :lol:

    Can't wait!
     
    На green.eyes, ozbilnazena, mimiiiii и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Ќе нае*бе некој сигурна сум!
    Што народ ќе бевме ,што држава ќе бевме.Мамето ваше корупирано,нема правда ејјј!
    Прост народ ,силна држава арно рекле НЕМА!
    Левел на изреволтиранот,до крај накај беснило врти ]:)
    А кај да се пожалиш?Нема!
    Нека иде се‘ во бестрага барем да не мислам |(
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.475
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Бар народот секако сме никакви ,сите не ословуваат стока,ваков таков народ ,па и сами се мразиме за политики абе абе крај му нема :^) :tmi:
     
  4. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    ^
    Да имам некоја моќ најпрво ќе ги истребам тужибабите :D Само од тоа нема да нема да не биде ,гледаме во тугиот двор.
    Одамна сме за никаде,ама сега и таму не не сакаат.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Кој си ти, кога нема никој наоколу?
    Кој си ти, кога ќе згаснат сите ламби и ќе треба да склопиш очи?
    Кој си ти, кога светот молчи?
    Кои се твоите сништа кога навистина сонуваш?

    Ете тој да бидеш и кога си опкружен со луѓе. Тој да бидеш кога ќе шеташ по улица. Тој да бидеш кога сите ќе зборуваат.
    Тој да бидеш засекогаш.

    И не го лажи светот.
    Не се лажи себеси.

    Биди горд на тоа што си, затоа што тоа што си ти, не е никој друг.
     
    На Ketrin.Moon, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, kala21 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Така. Многу често на форумов имам забележано членови што го користат поручек и поручкував, како термин за јадење наутро.. за појадок, де.
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски

    Неправдата почнува од народот. Секогаш е она - Да му умре козата на комшијата, или како беше...


    Шта речи а не заплакати. Живеам меѓу фрикови кои се репер за нормални меѓу непознатите скиени навики и тајни на обичните луѓе. Единствено унаказено во овој случај може да биде мојата осудувачка природа, а тоа мене како неутрална личност длабоко ќе ме погоди. Никогаш не се предавајте на предрасудите, измислени се од сеирџии.

    Гледајте ги сопствените грешки. Често во животот сме презафатени со проценување на туѓите, што ја избегнуваме целосната слика за сопствената катастрофа.
     
    На Antoninaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.297
    Допаѓања:
    83.253
    Пол:
    Женски
    Колку неможам да поднесам луѓе што гледаат на било каков начин да допрат до пари без никаков труд да си заработат нешто |(
    Значи никогаш не сум се ценкала за цени,не сум барала некој да ми намалува или да ми дава пола цена... да го молам и да му објаснувам као демек немам пари ај за толку дај ми го ...
    Секогаш си сакам да сум си испавна за се и да си купам колку што е да не го ставам во незгодна ситуација продавачот, или па пример на црно да се возам во воз и автобус без карта ма тоа не доаѓа предвид .
    Е денеска ми се случи нешто слично на оваа.Си се возам во воз и доаѓаат 2ца кондуктери после пола саат откаков влегов. Ај им викам од каде до каде што како и они демек проверуваат колку пари е ...
    Јас си извадив точно пари и сеа чекам овие карта да напишат,ми се доближува овој и вели:
    - девојче сеа пред празници требаат пари ај дај ни ти нас по 70 денари и немора да ти даваме карта,таман и за тебе нешто ќе остане
    А јас пак, им кажувам дека не несакам да се замарам со контроли (затоа што нон стоп ги има) ги замолив да ми дадат карта . Не бре не разбира пак истото ми го збори и цело време онака манијачки ми се смее ,глупак ....
    Вели :абе не се секирај ти ако дојде контрола нема да те оставиме на цедило повикај не :o
    Колку сум се изнервирала не сте свесни ,им дадов по 70 денари иако несакав да го направам тоа но неможев повеќе да се замарам со нив и заминаа.
    Си имам грижа на совест сеа што немаше на кого да го кажам нивното однесување иако сигурна сум дека со повеќето патиници прават така.Да на некој им е убаво така за малку пари да одат до местото каде што се тргнати но оваа не е во ред.
    Луѓето се на државна работа земаат плата + со ваквото нивно понашање си вадат дупли дневници.
    И после не ни ја бивало државата ,епа не ја бива сите гледаат да земат по нешто, никој не си го гледа своето парче леб, секој сака повеќе да има и да зграби нешто што не му припаѓа нему |(
     
    На eliesaab, Dream-Girl, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сложни сестри, торта прават. :) Ама несложни... па и тие прават една. Ама одвај. [​IMG]

    Вчера и' беше роденден на мајка ми. Со сестра ми мислам дека ќе се потепавме, што изненадување да и' направиме. [​IMG] Јас два дена потрошив за барање на рецепта за торта, она запнала да нарачаме, е нема бре! [​IMG] Што е? Сакати сме, па не можеме сами една торта да направиме? :wasntme: И ко за инает, одбрав една од потешките торти. [​IMG] Или праиме или ич. Нема трте-мрте. Само трте кај мене. [​IMG]

    Уште сабајлечки ни тргна денот, ќе се поколевме која прво да стане, која да отиде до продавница. [​IMG] И на крај, се убедивме и двете да одиме во продавница. [​IMG] Да не случајно едната потроши повеќе време и енергија. [​IMG] Она излегла, јас шест километри пред неа, врнеше и и двете бевме без чадори. :rofl: Она си се влечкаше, јас си подтрчнував. [​IMG] Влегувам во продавница, зимам корпа. Ја гледам после пет минути, она влегува, со друга корпа. [​IMG] Па се преправавме демек не се препознаваме, зимаме исти продукти. [​IMG] Само разликата беше што она имаше пари, а јас немав скршен динар. Ама битно, инат терам! [​IMG]

    И веќе кога стигнавме до крај, се откажав. Како ќе одам на каса, кога немам пари? :rofl: А бе детски играчки, сцени си правевме. [​IMG]

    Океј, некако средивме тоа со продавницата. [​IMG] Стигнавме дома, видовме - не видовме, инаетот нема да ни помогне, па пополека почнавме да се сложуваме. [​IMG] Бубачки си бевме. [​IMG] Синхронизирано си работевме, она едно, јас друго. :) Лесно беше, само работата беше што јас се брзав за во школо, а преемногу време изгубивме во продавница. [​IMG]

    После пред крајот, повтортно ќе се потепавме. Извалкавме две/три тенџериња и пет/шест садови за матење. Кад је бал, нек је маскембал. [​IMG] Не се сеќирајте, она се' изми. :rofl: Јас си отидов во школо, а на неа и' оставив се'. :devil:

    Паники не' фаќаа. Специфично беше тестото, односно требаше да се сече на специфичен начин. Почна филот да ни излегува од сите страни. :tmi:

    И на крајот на денот, не знам само колку пофалби добивме. :rofl: Дури и денес, на патерицата од роденденот. Па уште рецепти бараат... па ќе подразмислам на тоа поле. :P

    Инаку, дојдов со намера, да напишам нешто за мајка ми. [​IMG] Ама што да кажам? Во никој случај нема да биде доволно.

    [​IMG]
     
    На sweet-star, Ketrin.Moon, cute-32 и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.281
    Пол:
    Женски
    Готово таа еуфорија кон Велигден и мене цела ме понесе, така што цел ден правам нешто, цртам, вапцав јајца со мама, па цела куќа со украси ни е (јас ја правев :wasntme: ), па и брат ми го натерав јајца и зајаци да ми црта, сум го научила зајак да црта како што треба, кутрото дете не знам како ме трпи. :tmi: :D
    Конечно се е како што треба и како што сакав, вредеше поминатото време, а и јајцата како за прв пат што ги правев со мама одлично излегоа. :D
    Уште вчера купив сликички за јајцата, а тато боите ги купи. :D
    Утре ќе се видам и со братучедка ми по 2 месеци, редно беше и така за Велигден сите заедно. :D
    Ајде среќен нека ни е празников и дај боже уште многу години да го прославуваме. :)
     
    На eliesaab, QueenElena, Mahidevranfan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Почна да ме фаќа велигденската атмосфера, денеска цел ден ме држи таа еуфорија. Позитивна енергија имам и за извоз секогаш пред празници. :sun:
    A највеќе го сакам оној креативниот дел околу празниците, без разлика дали се работи за украсување елка, подготвување подароци, сега вапцување јајца и подготвување на украсите. Колку и да не си расположен, само фати лепаците, боите, украсувај и веднаш ќе те обземе таа магија. :D
    Мајка ми ми вика, за идеите ти си задолжена, и извадив од порано идеите од ликовно, плус и од интернет и - со мерак да се фатиш за работа. A и денеска од школо одма на разгледување украси, кошнички, зајчиња и слични работи... :D
    Едноставно јас без разлика на возраста си се радувам на сите најмали ситници околу празнициве, како мало дете што се вика, не ми се намалува еуфоријата. :D
    Ви посакувам најубав продолжен викенд и среќни празници поминати со најблиските, развлечете насмевка на лицето и радувајте се на секоја ситница поврзана со празнициве. ^_^

    [​IMG]
     
    На Ketrin.Moon, ozbilnazena, ana-girl и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.923
    Допаѓања:
    165.992
    Пол:
    Женски
    Цели плакари хаос од емоции... средувам, класирам, бришам...од се по малце. :)

    Велигденска еуфорија не ме мава од многу причини. Многу луѓе и ствари ми фалат..дури и платата касни па не успеав да си купам ништо.. :|

    На вакви денови, тој не ми излага од глава, со оглед на тоа шо го нема повеќе, им дава доза...дупла доза тага на овие денови.. ми фалиш татко... ми фали и мојата најубава сива ангорка..и ми е тешко тоа шо не успеав да најдам друго сиво мачуле шо ќе ме потсеќа на неа..и со кое ќе си се сакаме бескрајно...

    Се обидувам да останам позитивна во премногу негативна околина. И ми иде, не дека не ми иде, само шо некад ми е стварно се преку глава и нема да биде лошо уште некој да застанеше на мојата страна од чамецот. До тогаш.. ќе морам сама да балансирам...

    Во меѓувреме..се дешаваа ствари.. љубов и поезии.. за ова второво сфатив дека сум лост ин транслејшн... и така.. :)

    Ви посакувам убави денови, иако викаат дека ќе биде ладно, срцата секогаш чувајте ги топли. :)
     
    На julie77, Silver.E и Marossa им се допаѓа ова.
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Колку би било убаво човек да може да бира кај да се роди. :D Пример јас би се родила во Њујорк, го обожавам градот. Обожавам гужви и многу луѓе.
    Многу луѓе, малку се знаат.
    А не како во Македонија, особено во мојот град. Сите се знаат, личности кои ги гледам прв пат во живот ми го знаат цел мој живот и знаеле како дишам.
    Ма немој да ме јебеш бре.
    Затворена личност сум, ако некој сака да ме допре длабоку до срце, ќе мора да копа копа и да ги тргне сите ладни подлоги таму.
    Ако на некој се исповедам целосно, значи му верувам. А тоа не го правам на личност што ја познавам под 10 години.
    Имам само една другарка која знае се за мене, за моите мрачни денови и буквално се. Ја знам 13 години.
    Потребна ми е доверба. А како што сум била излажана, сега тешко некој ја добива мојата доверба.
    Добри глумци има, оскар за сите!

    Туку муабетот ми беше дека не ми се живее во Македонија. Досадно место, едно исто, иста влада, истите прости луѓе, кои би ги нарекла со фино име „газољупци“.

    Обожавам да патувам. А осеќам, ме очекува некоја авантура.
    Не останувам во Македонија. Големиот партиот е мртов.
     
    На Dog-lover, LittlePinky, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Ако денес случајно низ град сте виделе три девојчиња кои си разговараат за иднината и разгледуваат низ продавниците, знајте дека едната од нив сум била јас :D
    Се шеткаме низ продавниците, и си разговараме камо среќа нашите татковци да се милионери :wasntme:
    И јас демек најсигурна во своите желби за во иднина: Ако моите не се милионери, јас ќе бидам милионерка. Ќе се запишам на правен, судиската фотеља е моја, секој месец 1000 евра плата..
    8)
    Аха, еве уште сега ми се смешка судиската фотеља, јас уште основно не сум завршила, за работа мислам :wasntme: Добро сега, 1000 евра и милиони не се исто, ама и тоа е супер :D

    Желба си е желба. Ќе си ставам и јас еден катанец на оградата од некој мост, ќе си замислам желба, фрли клучот во Вардар и ќе ти се оствари. Кај сите таму и јас :wasntme:

    Велигденската еуфорија почнува да се чуствува. Низ град сите рашетани, со корпички, зајчиња, велигденски украси во рацете. Имајте убав викенд, бидете весели, насмеани, радосни! :hug: :sun:
     
    На Dream-Girl и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  15. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    сдк .. и покрај тоа што беше многу ладно за мене денес ,сепак беше прекрасен ден. :D
    Се изнашетавме со мајка ми,па дури и баба ја прошетавме ...разгледувавме Велигденски украси,корпи,храна,цвеќе,се што ни беше потребно си купивме.Посебно среќна сум што најдов убави чорапчиња денес,иако не планирав да купам денес тоа.Премногу сакам чорапи,имам премногу и сите убави што ќе ги најдам ги собирам секогаш :lol: :D Убав ден,иако не видов премногу насмевки на сите лица денес..сепак секогаш се трудам да бидам позитивна,да кажам се ќе биде во ред и да пренесам позитивна енергија. :)
    Ако не ви пишам,а не ми се верува дека нема.. :D ви посакувам прекрасни денови,среќен празник,бидете со вашите семејства и бидете насмеани и среќни. :D :) :)
     
    На Ketrin.Moon, Elennaa, Silver.E и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Сакам кога е некој голем празник. Најпрво затоа што сите се заедно со семејството, заедно се прават торти, колачи и конкретно за Велигден вапцување на јајца, а како друго многу ми е мило кога има собирање пред црква и можеш да се видиш со многу луѓе кои не си ги видел одамна :)
    А прославувањата после полноќ во кафани и дискотеки некако минативе години повеќе ме радуваа, оваа година некако проритет ми е да си бидам дома со најблиските (остарев или што е работава :P )
    Но кога ќе размислам, како што немам одамна изелезено, не би ми штетела една вечер во кафана, онака со убаво друштво и убави песни :D
    Освен празничната еуфорија, кај мене е застапена и предколоквиумската |( така да морам да го искористам продолжениов викенд за да читнам нешто...
    А љубов? Е љубов нема... тој фали и прашање е дали некогаш ќе престане да ми фали...
    Ама убави денови се овие, нема да се жалам и да мислам на она што го немам, туку да се радувам на она што го имам :)
    Ајде отидов да гледам некој филм, а вие имајте убава вечер :*
     
    На sweet-star, eliesaab и hermosa им се допаѓа ова.
  17. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Убав ден!
    Кифличките готови, јајцињата се обоени, оваа година сум ги направила нај нај најјјубави :rofl:
    Како детенце им се радував.
    Домот, во велигденски декор, со кошнички, пилиња, сламички во боја, јајциња пластични на стапче, и еден куп чоколадни јајциња .....
    Преубава атмосфера.
    Покрај сработеното, си одвоив време и за себе, си се средував, маникир, педикир, депилација, и веќе сега сум преееуморна, посебно откако ја изедов џиновската овошна салата во која имаше ама се и свашта!
    Мислам дека е време за некое добро (и не многу долго) филмче, кое ќе го гледам баш во легната положба :lol: да можам само да го стегнам дугмето turn off кога ќе ми паднат очите .... и да заминам во некој убав сон ....
    Утре нов ден, нов к'смет!
    Велики петок! :sun: :f:
     

    Прикачени фајлови:

    • Easter-Eggs20.jpg
      Easter-Eggs20.jpg
      Големина на фајлот:
      262,7 KB
      Прегледи:
      369
    На Someonespecial, Elennaa, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ви кажав што ми е новата опсесија? Не?
    Хороскоп. ]:)

    Сите карактеристики на секој е*ан знак ги научив, кој со која планета е поврзан, расположенија, емоции, кој со кого оди, кој со кого не оди, кој како се однесува насабајле, уште да најдам кој како прднува под ќебе и да ја завршам сагата во мир и спокој. |( Се изначитав све и свашта за натални карти, ги проучив сите планети како ми биле подредени во моментот на раѓање, се чекам да се фатам како нарачувам натална карта од некој сумњив тип и тоа е тоа. Се гледа дека имам попаметни работи за правење и дека сум зафатена за празнициве, нели. :D

    Па така, неделава, кардиналните знаци, меѓу кои спаѓам и јас, неговото величество Ракот, :wasntme: се под огромно влијание на енергијата добиена со помрачувањето на Месечина, и бла бла бла, лонг стори шорт, 4/5 дена плус или минус по настанот требало или треба да покажеме знаци на збрлавување затоа што нашиот знак ќе стане како жешко топче што брзо се движи затворено во пластична кутија. :rofl:

    На ова, да додадеме дека сум во пролетен ПМС, дека дождот ми го ремети притисокот максимално (ова после Германијата, дем ит), дека не можам на раат да си носам балетанки и подвиткани фармерки заедно со широки кошулчиња и блузичиња, дека сум во претпоследни подготовки околу припремите пред полетување и .... БУМ!

    Добиваш лудача со врзано репче како, хм, веројатно нешто слично на сумо-борачите, која или манијачки готви нешто и го слапува после тоа, или е качена врз Орбитрекот и врти како утре да е крај на свет а јас морам да умрам како мачкица , а потоа се тушира со саати и фали уште да се издигнам како Буда врз пареата, со едно АМММММММММ звукче на медитирање, или зен фаза, или што и да е. :D Исто така, овде ја вклучуваме фазата и плискам-чаши-вода-врз-луѓе, ама за ова, ај блејм ит он д мун.

    Плус имам едни две многу добри идеи што искрено се надевам дека ќе ги реализирам, ама навистина ќе се потрудам, затоа што сфатив - и Скопје ми станува веќе тесно и не, не можам лесно да се стационирам и задоволам од една работа. Како да си го изгасив веселото човече на скоро една година, и сега кога го вклучив пак, еееееј, не знае што попрво. Битно да не забегам, дека се случува и да забегаат луѓево така. Ааааа да .... :!: Бонус идеја (ова ќе испадне од некоја страна на фејсбук, ама ајде, ајм фејмос :D ) - да се дава гратис сапунче со секоја купена градска или меѓуградска карта за автобус. Уште некој ненормален ден како денес и ќе поднесам петиција до Влада.

    А во принцип сум арна. :wasntme:
    Забегана, ама арна.
    :D
     
    На Sexybaby86, bittersweet, The.Crab и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Машки
    Си одмарам јас во креветот мој,со лаптоп во рацете,си читкам низ форумов,си грицкам нешто,си пијам сокче...ахх а не чувстувам апсолутно ништо.Некако збунета сум,не знам што ми се случува.
    И ете дојде и овој Велигден,а минатиот има голема причина зошто го паметам-како вчера да беше.
    И поради времево не сум нешто посебно Велигденски расположена.Обично очекувам баш онака пријатно време,а сега мислев дека Божиќ оди,а не Велигден и тоа многу ме изнервира. :swear:
    И еве сеуште си дремам,долга ќе биде ноќва,којзнае кога ќе заспијам. :?:
     
  20. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира кога некој ќе каже Убав си,Убава си,Слатка си,Сладок си ,на што точно мисли?
    Пр. Мене едно девојче на школо мене ми велеи: Лелее,колку си ми уба,колку си уба кога ќе се насмевниш.

    А јас пуста „црна“, пограда од мене нема.Незнам како можам,да бидам најгра на светов.Леле кога само ќе се видам,колку ли сум само грле,леле мори мајко..