1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Нешто што највеќе ме иритира кај луѓето е навиката да ја истураат негативната енергија на некого којшто нема никаква вина за нивниот проблем.
    Им згазнал некој на нерви уште од сабајле и буквално цел ден ја истураат нервозата наоколу, со намуртено лице и смркнати веѓи погледнуваат во секој што ќе сретнат по пат и во секој момент се спремни да се скараат со било кого за првата најмала ситница. |(

    Посебно па ми се „симпатични“ оние коишто работат со многу луѓе и тоа што имале лош ден си го сметаат за оправдување да се однесуваат дрско со сите.
    Колку само такви ситуации сум видела, некоја продавачка, касиерка или шалтерска работничка што во моменти на такво расположение да се кара со секој што ќе ѝ пријде и најпристојно ќе ја праша нешто... И секако, логичното оправдување, не ѝ е денот, на лева нога станала...
    Како да ќе експлодираат луѓево во секој момент од толку нервоза, само малце ќе ги чепнеш и ќе се избоцкаш, како на онаа рекламата... :lol:

    Затоа, кога излегувате од дома, заклучете ја и сета нервоза и оставете ги личните проблеми зад себе.
    Ако некој или нешто ве изнервирало, не значи дека имате право да расипете и нечиј туѓ ден, на некоја рандом особа која не ве ни познава, а не пак да има некаква врска со тоа што ви се случило.
    Никогаш не ширете негативна енергија и не ја исфрлајте вашата нервоза на некој што не е ни најмалку виновен за истата. :)
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, cresa-jagoda и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Си се чудам на паметот.
    :rofl:

    Некако Орбитрекот почнав повеќе како загревање да го користам, и ај преминав на наредно ниво - Џилијан ниво. Ај она рипа, рипам јас, она шири нози, ширам јас (во вежбачка смисла :!: ), ама она нема проблем како што имам јас, на пример, трењерки што ми паѓаат оти ластикото им пуштило, парно на 23ти април (или халуцинирам за ова :?: ), паркет што ужасно многу мрда и тропа и комшии над и под.

    Моја претпоставка е дека мислеа оти преместуваме шифоњери, евентуално реновираме и внесуваме нова када во купатило. Можда и мислеа дека го стругам паркетот и редам нов. Да биде глупоста поголема, ми се смачи од трењерките и во наплив на кикс боксинг движења кои сум во филм дека правилно ги изведувам, ги исшутирав на креветот.

    И добиваш олкава крава која рипа на гаќи, се препелка на земја како свинче некое и сред едни стомачни, се фаќам како гледам дека пердето е тргнато, јас оптегната сред најрастурената можна соба, по гаќи и по проѕирна бела блуза, а тие комшии од другата зграда, па, не сум им баш пред нос, ама ме фаќаат на радарот ако се потрудат. Се молам на Бога некој да ме нема видено, оти... ај јас веќе отрпнав, ама трауми ќе си набие некој да ме видеше како вежбав.

    Ви викам арно ми е, вие не, па не. :rofl:
     
    На Mosquiita, Markusa2, bittersweet и 37 други им се допаѓа ова.
  3. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.646
    Седам прееска и гледам некоја емисија на тв ,во која имаше анкета каде што ги прашуваат луѓето дали успеваат бракови помеѓу пообразован маж и понеобразована жена и обратно. И дали би жртвувале кариера за партнерот.

    Не ми се веруваше кога слушнав дека сите испитаници(жени) рекоа дека би се откажале од она што го сакаат,кариера,учење,работа за да му помогнат на мажот. И под тоа не подразбираат преселба,за да го следат на ново работно место на пример. Туку му стануваат 24часовен слуга, затоа што овој не е доволно способен да успее сам. Односно ќе биде бизнисмен пример,ама без чисти чорапи или чувај боже ќе треба сам да си замете понекад по дома.

    Не верувам дека ваквите жени ќе најдат среќа и задоволство. И полека-полека љубовта и огромната подршка што ја имале према мажот ќе преминат во гнев и тивка омраза,затоа што им ги одзел задоволствата да постигнат нешто свое,да се чувствуваат вредни и да остават траг.

    Не се откажувајте од своите соништа. Никогаш не е касно да се остварат. :angel:

    П.С. Ако видовте будала денес само што отвори Космо што пазареше кармини ко да се леб,ја бев. И кокошка сум знам,место да спијам во слободен ден се издигав и отидов ко да ми се од животно значење. :makeup:
     
    На bittersweet, marama, Vikica.cuci и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Недостајеш ;(
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kaley

    Kaley Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    1.256
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    Некои зборови се претешки за да бидат изговорени...
     
    На hermosa, Ketrin.Moon, NineTailedFox и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Милион пати по темава ке го сретнам priceless,милион пати ке го прочитам како princess...
    Ах,очиве мои!
     
    На LittlePinky, Anabelle.Amorette и Heartbeat им се допаѓа ова.
  7. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    30.639
    Пол:
    Женски
    Ааа,воа веќе не се трпе бе!
    Што е ова сите бесот го истураат на мене? Па јас кукла ли сум? А вас кога се ќе ви плеснат во лице,се лутите тогаш. Абе ајде..
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Srckata28 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Цело е кога имам СЕ.......... :D :D :D :D
     
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Извесно време не пишував, па сакам најпрво да ви го честитам празникот и да ви посакам многу здравје, љубов и среќа.
    Се надевам убаво си поминавте. :)
    Јас, немам зборови со кои би ви опишала како го поминував сево ова време додека ме немаше. Со еден збор ПРЕКРАСНО.

    Има толку многу работи кои сакам да ги кажам, а не знам од каде да почнам, ни како да се изразам, со оглед на тоа што долго време не сум пишувала. :lol:
    Воглавно, се работи за убави работи, испреплетени со нејасни емоции.
    Многу забава, умерени количини алкохол, премногу искрени насмевки и по некое недоразбирање.
    Хаос у глави. :lol:
    Периодов ми е таков. Убав, а сепак нејасен.
    Има многу работи кои сеуште не можам да ги разберам, работи кои ми се чини дека не ми се случуваат, дека сонувам...
    Лица од минатото повторно мешаат прсти во сегашноста.

    Не знам. Не можам да најдам начин на кој ќе се изјаснам. Не можам ни сама да си објаснам некои работи.

    Како и да е, периодов што следува ќе биде бурен период, со многу позитивни емоции, среќа, солзи радосници...
    Се надевам расположениево ќе ми остане како досега. Или евентуално уште повеќе ќе се подобри.
    :)
     
    На bittersweet, SparkyAngel, Ketrin.Moon и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Единствен спас кога ќе те фати пороен дожд за пат накај дома, а идете по улица, очигледно немате чадор и нема каде да застанете е да имате ставено водоотпорна маскара. Во спротивно кај што косата ви е како само да сте излегле од бањање, алиштата ви се утоп, патиките ви шлапаат бидејќи се полни со вода, и во краен случај како мојот денес на пример, дури и телефонот во јакната ви е мокар.
    Луѓето што поминуваат ве гледаат цела размачкана во очите, црна , како да сум се убила од плачење и уште од дождот ти се слева црнило по цело лице.
    Кога ќе почне да ти оди нешто наопаку, не престанува. Марфи те мразам! :doh:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    вака-онака, решив и јас да станам член овде, доброве најдов сите :) не дека не пратам Фемина, и те како си пратам, ама незнам зошто дури сега ми текна да го сторам ова :D

    прва тема ми падна во очи овде па тука решив да шкртнам некој ред :)

    иии да, СДК, среќна сум кога сите околу мене се среќни ! :)

    ете така ......... ;)
     
    На cresa-jagoda, anggell, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    1.214
    Пол:
    Женски
    Не знам што сакам да кажам. Само знам дека сакам некаде да го истурам ова чудно чувство во мене.
    Најмногу ме асоцира на страв.. Се плашам што ќе биде понатаму. Ме асоцира на тага и болни спомени.
    Прв пат се плашам да дојде новото утре.
     
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    А за мене едно рамо за плачење, цврсто рамо на кое ќе можам да се потпрам и плачам со денови :|
    Тоа ми е потребно во моментов...
     
    На kala21, Ketrin.Moon и Kaley им се допаѓа ова.
  14. NineTailedFox

    NineTailedFox Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    Оној момент кога имаш премногу работи да кажеш, но немаш сила и на крај само се откажуваш од се, се затвараш во себе, навлекуваш маска на среќна личност и после тоа се преиспитуваш дали е во ред тоа што го правиш, зашто секогаш ти си тој кој мора да крене атмосфера.. Се прашуваш што не е во ред со тебе, зашто луѓето не можат едноставно да те остават да бидеш тажен.. А зашто па да те оставаат да бидеш тажен кога ти се пријатели? Се очекува од нив да бидат покрај тебе кога ти се потребни. Но ти се што сакаш е да бидеш сам. Ќе помине. Секогаш поминува. Ама додека да помине... :|
     
    На Anabelle.Amorette и Cherry03 им се допаѓа ова.
  15. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    СДК ДЕКА ТУЃИНАТА ПУСТА ДА ОСТАНЕ....
    Овој пат тоа дефинитивно го мислам !
    Овој пат најмногу душата ме боли , ја мразам оваа земја ја мразам и другата и третата и петата зошто мора вака да биде !
    Умре веке патриотизмот во мене , разочарана сум од оваа земја бидејки поради ова јас и тој тагуваме , двајцата тајно си плачеме но еден на друг тоа не го покажуваме...
    Се сакаме со пораки со телефон , со технологии вибери , скајпови триста чуда но џабе кога не е до мене.
    Овие раздбелби веке ми станаа како дел од животот , тоа е тоа што ми се случува , една недела заедно еден месец разделени , тоа е мојот живот , тоа е мојата болка , тоа е мојот копнеж, тоа е мојата рана , тоа е тоа што срцето ми го рони од болки.
    Згора на тоа проклети овие печалбарски песни умот ми го извадија , срцето ми го разболија , копнежот ми го разгорија....
    Проклети да се сите кои што се во врска со некој за пусти пари , парите се само лист , да само лист, џабе ви пари ако не е до вас оној што го сакате, ако секоја вечер заспивате со телефонот во рака и скајпот пред очи...Џабе вие се ако не знаете каква е оваа болка , кога ги броите месеците, деновите , часовите , па дури и минутите....
    Не знаете која возбуда е кога очекувате секој момент да пристигне , мислиш срцето неможе повеке да ти чука во градите дека ке ти излета пред носот....
    Болка е кога веке неможеш сам со себе да се соединиш да се смириш и само бараш што да работиш да си го скренеш вниманието малку да не мислиш на таа болка...
    Но иако сум скршена и тажна и никаква нашата љубов е тоа што треба да биде...
    Нашата љубов издржува све...Ова страдање е за наше подобро утре во љубовта , да можеме конечно заедно да се будиме цел живот....
    Нашата љубов не знае за грници , и далечини , и празни ноќи и болно срце...
    Нашата љубов е она што вреди да претрпи се ....А ние двајца тоа го знаеме , се бориме од дното на душата да ја негуваме оваа љубов за која вреди да се бори и да се живее...
    Душо моја среќен пат..Знаеш дека секогаш ке те чекам, немој да ми тагуваш....
     
    На fairy90 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  16. Nina.Simone

    Nina.Simone Нов член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Толку многу ми е досадно на работа, што почнав сај фај филмови у глава да си праам, а имам уште цели 3 досадни саати....али после конечнооооо шопинг пошо пристигна пролетта конечно :dance:
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Готов е! Како џиритка нов! Не можам да му се нагледам :clap:
    :tmi:
    Убаво ме изгледаа минувачи, ги осеќаш како очите ти ги забиваат, се вртат, ќе се акнат во бандера. Две коли ми титнаа дури. :D Е кола не ми беше титнала одамна освен кога излетам ненадејно на некој на пат па ме пцува и титка. :$ :tmi:
    Додека се мачам прецизно да исфарбам буквите, сконцентрирана, јазикот испалзен низ заби и на лево :P се најде еден јунак да застане покрај лудата жена. Знаеш дека немаш право овоа да го фарбаш? :?:
    -Пардон?
    Било исто како да правиш графити ми вика, оти не е во моја сопственост, бла бла бла бла. Ега ве во кукавичките створења, како деца рацете зад грб оти мама рече да не дираш таму. Пријави ме бе! Ало, една луда фарба по знакот! Молам, како што фарба? Па буквите ги фарба да се познаваат. Па со црно. Да, сега се чита.
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Јас немам многу што да кажам ... денес од куќна врата не сум излезена.
    Не, не сум казнета :D Му кажувам на Деки мој, убав на мајка.

    Ми сака нешто душава а не знам што ми сака. Ми донесе швајцарска чоколада :nod: :D
    Ја кријам и од самата себе :D

    Не барам рај после смртта, уживам во него дури сум жива. Озбилно Скромна :D
     
    На bittersweet, anuskaNESTLE и Moira им се допаѓа ова.
  19. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    256
    СДК .. после долго време запловив на едно мирно море, во еден период кога ништо не ме тагнира, кога останувам индеферентна на некои случки кои претходно многу ми влијаеја и само се концентрирам на обавезните обврски без да си создавам притисок.

    Единствено, не можам да останам рамнодушна на погледите на моите родители, нивните отсутни погледи, со изгубен сјај, со измореност од животот кој им се цеди од очите. Не можам и премногу ме боли.
    Јас ги сфаќам нив совршено, и со секој нивен отсутен поглед моите амбиции се туткаат како старо парче хартија, солзите ми се тискаат во очите, зошто сум толку проклето .. немоќна.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ја сакам белата,но љубам кога оловната ќе се распрсне на небото,таа го руши мирот остава немирни гранки и откинати листови остава растреперени тела и разнобојни чадори.
    Ритамот на душата му го препишувам на невремето.
    Тајните треба да бидат тишина,да направаиш за нив вдлабнатина во срцето.
    Јас не верувам во безимени улици,знаеш,некоја ја нареќувам сеќавање а некоја мрак.
    Не знам дали можеш да го заборавиш времето,и да го слушнеш шепотот на ветрот,не знам дали и ти имаш своја ѕвезда.
    Ако морам јас,во мала дрвена кутија да го спакувам животот, ќе ги ставам сите мали нешта кои спомени носат,сите сеќавања и љубови,сите невидливи траги и мириси.
    Нечие нешто во тебе ти недостига,а ти броиш денови,и некогаш ги нарекуваш вечност.

    Есен сред пролетта.
     
    На SparkyAngel, Ethrnity, Madam-A и 3 други им се допаѓа ова.