Дали има поголема среќа од тоа да бидеш првото изговорено име од устето на внучето? Тоа малечко суштество кое рипа од среќа секогаш кога ќе ме здогледа, неможеше да ми донесе поголема радост од оваа денес!!!! Се мачеше кутрото со денови да ми го викне името, и денес му излезе од устето. Ќе го изедев луѓе , уште си се смешкам кога ќе ми текне... Цвеќиња ми цутат во душава Господ сите да не благослови со такви мали среќички кои знаат животот да ни го разведрат, како никој и ништо друго!
Кога ќе помислам на утрешниот тест и фактот што книга немам отворено цел викенд - очи ми се затвораат. А кога ќе помислам на серијата што ја гледам - очите ми се отвораат ко да сум видела торта во фрижидер. И... сеа што праиме? Не бе, што ја е.ам - ќе ја сечам тортата. Во случајов серијата. Крииииво је моооооооооооооооооооооре. Океј, се избацив. Ама таа песна ми се мота моментално у глава.
Наидував понекогаш на интересни твитови на нет па пред некоку недели си направив профил, и се разочарав. За еден интересен твит да прочиташ треба да пројдеш низ многу глупави.Баталив.
Сакам да кажам дека денес ни е годишнина со либето мое Да ми кажеше некој лани ова време, Сандро ќе се испозаљубиш аир не ќе видиш; ќе му се изнасмеев в лице и ќе си заминев! Ама за секое тенџерче си имало капаче! Cheers за најисполнетата година во мојот живот!
Таксистот вчера "Па ти си убаво девојче, што не си се омажиш некаде надвор од државава" - а ја полна вино и вина во себе. ехееееее... Во принцип, уморна. Од се’.
Седиме вчера со две мои пријателки, убаво се немаме видено можеби две недели, со празници обврски натаму наваму. Едната почна да работи пробно во еден call центар, и ја прашувам како и е, дали се навикна полека на работната средина,колегите, и она ми вели- не одам веќе. Не и` одговарало работното време, не знаела дали ќе и го продолжат договорот (?!) и наредните месеци, и било напорно, и не одела. Како така, да се преселува во Скопје и да бара стан, а не знае на што е. Не осудувам никого, секоја кожа е различна, но убаво рекле дека некои луѓе, не сакаат да најдат работа, не од што нема. Не можеш да процениш по две недели дали ќе ти го продолжат договорот (мислам, апсурдно е), и дали ти одговара средината. На крајот на краиштата, сме во поволна ситуација да патуваме до работа,Скопје е блиску, како за почеток. Ама не, кој ќе станува рано, кој ќе се малтретира по патиштата и по автобусите, кој ќе биде дежурен во петок и сабота на шанк и во ноќните клубови до 4, а вака мораш да се прибереш во 12-1 затоа што телото ти бара сон и одмор поради променетото секојдневие,а да не ги спомнувам и обврските кои често знаеме и дома да си ги носиме...а и што има врска, имам добро ситуиран дечко на кој очите му течат пред компјутер од работа,и да не најдам, „гарантиран“ ми е удобен и луксузен живот. Дај боже животот кон сите да биде добро настроен и меден, но, на крајот на денот, кое е задоволството овде? За што станувам наутро?
Разбирам, победивте 70+ пратеници ама огномети во 2 -4 сабајле е премногу. Се исплашив си реков се скараа нешто со албанците , сега ќе ни ебат мајката на сите. Ама на крајот на краиштата дај пукајте славете во пристојно време сите да го видиме огнометот што сите го плативме, да се порадваме и ние дури не ни ебите мајката и нас или да прогласевте празник, неработен ден, нешто такво повеќе ќе ни значеше отколку огнометот.
Сакам да кажам дека времево не растури,можеби сум досадна и само за тоа зборувам,но навистина не го можам. Стануваш наутро,некако добро расположен и оп гледаш темни облаци и дожд,колку и да не сакам некако ми го убива расположението.А колку ми е мило кога ќе ме разбудат сончевите зраци од прозорците,абе имам волја за се.А вака,само би останала во креветчето со ќебенце,нешто за јадење,добро музиче и лаптоп во раце.Ви посакувам убав ден на сите!
Би сакала да ви кажам дека секоја болка поминува, иако понекогаш не изгледа така. Често понесени од емоциите се убедуваме себеси во спротивното но не е точно. Да не е форумов и пријателите кои ретко ме потсетуваат, јас целосно заборавив дека некогаш сум имала така глупава долга врска на која сега ни под разно не би и правела ретроспектива. А мислев дека животот ќе го посветам на анализирање на настани, кавги и пропаднати планови. На сите кои се во врска,, сакам да се запрашате дали сте навистина среќни ? Дали нешто ве влече надолу и ве тера да сте нерасположени, потајно ве мачи дилемата дали го правите вистинскиот избор што трошите време и енергија на личност која можеби не е вистинската ? Вистинскиот одговор е, дека ако го сакавте него/неа, ќе бевте сигурни во тоа и алтернатвен одговор немаше да постои. Бидете сигурни во тоа. А јас ви ветувам дека се ќе преболите и сепак најбитно е првенствено себеси да се сакате, затоа што тој е единствениот пат до вистинската среќа и исполнетост. Да се сакате себеси значи да го барате само најдоброто за вас, поставете разумни критеруми во потрага за партнер и почитувајте ги, вие го заслужувате тоа. Навистина нема потреба да бидете со некој кој ве прави несреќни. Целиов мубает е некако клише. Само сакам да ви ветам дека ќе дојде ден и се ќе помине, ќе бидете среќни и благодарни што сте го направиле вистинскиот избор. Ветувам ќе ја достигнете висината на небото од среќа .
Мразам кога некој ми наметнува обврски, мразам кога треба да се грижам за некого за кого не сакам. Мразам да готвам ради тоа што тоа треба да ми биде обврска. Мразам да одлучува некој во мое име, а на крајот да бидам само известена. Секој си има свое време, место, обврски кои сам си ги организира така како што сака. Конечно сами со сестра ми на неколку дена, после долг период куќа полна со најмалку 10 луѓе и нема мир повторно затоа што некој друг одлучил поинаку. Е добро де, еден ден имавте за вас. Абе ајде!
Се предавам ! ! ! Моето знаме и мојата круна ја предавам на некој друг , некој што е храбар бидејки јас веке не сум ! Бев нај храбрата и нај издржливата девојка, бев онаа која што ги учев другите како мора се да се издржи и како се што е потребно мора да се направи.Бев пример за другите , дури и за мајками , наместо мајками да ме теши по болниците јас неа ја тешев бидејки очигледно бев по храбра од неа, за жал сега таа ме теши мене. За докторите бев 7 светско чудо , бидејки секогаш прифаќав се , на болката гледав кон мое оздравување ... Се гордеев со самата себе колку тоа јас сум храбра и издржлива. Таткоми плачеше само штом ке ме погледнеше , мојата болка и на мојот лик се познаваше , тој и мајками најдобро од сите ме знаеа , очекуваа да заплачам од болка за да знаат дека ме боли но бев премногу издржлива и храбра што единствено по изразот на моето лице знаеа дека нешто ме боли. Другарките ми се чудеа како тоа јас после се се смеам , како не се жалам на болка но ете се издржував , иако понекогаш длабоко во себе ме имачуваа некои прашања а тоа беа Дали со текот на времето ке се навикнам на болка и ке станам имуна ? Или еден ден ке се иморам од сите болку и ке им подклекнам ? Помина време и излезе второтоа тоа е дека болките ме уништија , и станав слаба на повредите, исплашена од докторите , плачлива на инекциите , под стрес од операциите. Сега сум како едно мало ранливо девојче кое се плаши и на заболекар да појде. Кое дури и спрејчето за утрпнување ја пецка. Како само една личност може болките и проблемите во животот да ја променат. Очекував друга промена , очекував по храбра девојка , но ете излезе спротивно. Иако ме боли ова што ке го кажам но ете Се предавам...Неможам повеке , се одкажувам , ова веке не се издржува , премногу работи ми се случија , премногу доктори и операции пред очи ....Но се надевам дека ова е последното нешто што ме мачи бидејки се одкажувам . Немам повеке сила да се борам,.Некои болки едноставно не се издржуваат... Моето знаме го предавам на некој по храбар, бидејки јас веке не сум тоа. Јас престанав да бидам храбра и со насмевка да ги решавам овие проблеми. Кој знае можеби болките пак ке ме направат храбра понатаму во животот , но сега за сега немам сила да се борам.
Од каде за започнам? Има два непобиени факти. А тоа е дека јас и возачот на приватна 19ка сме невидени таленти. Мислам јас сум виден талент, а за него не знам. Си се возам јас така во горенаведената бројка, ама во таа четворката или кратко кажано на „сепарето“. Знаете, кога седите лице во лице со некого. И се чувствувате како на модна писта, каде ве меркаат од глава до петици. Значи тутуле бале сум во објаснување, ама ќе се обидам да го доловам моментот. Барем нема да ме слушате како хистерично се смеам, туку само вакви смајлиња. Треба да бидете благодарни за оваа привилегија. Нејсе, во овој автобус, карши - карши имаше уште едно сепаре. Јас бев во сепарето од десно, а од лево имаше уште едно. Јас се возев назачки, со грбот кон шоферот. И сега... стварно не знам шоферот од каде најде кривина, кога цела Партизанска е права џоа пушка. Остај тоа, туку, која е веројатноста, додека да сврти кривина шоферот, јас од едно „сепаре“ да прелетам во скут, кај другото „сепаре“? Буквално, додека трепнав, се најдов на земја, во положба како да правам склекови. Нозете долу, едната рака на седиштата, главата во прозор. Жива среќа не тежам пеесет кила со се' кревет, инаку ќе излетав низ прозор. А не беа лизгави седиштата, со платно си беа. Ама ете, јас сум била лизгава. Значи не преувеличувам, тоа беше буквално пливање на суво. Само уште јас да бев риба. Океј, можда сом, ама без брките. Среќа на тоа „сепарето“ каде што слетав, имаше две празни седишта, инаку глава ќе си скршев. Море среќа што има „сепаре“, инаку ќе заринкав во седиштата и глава и ќоровинки и све ќе скршев, во тоа торбите со кромид. Вака барем у празно се потепав. Почнаа да ми даваат лекции: - Не се смеј, не е за смеење. Симни се, еве ти ја Румунска, ќе ти оправдаат во школо, не се сеќирај. Ќе ти дадат оправдање. Ама не се смеј, не е смешно. Да одев накај школо, ич немаше да одам во школо. Ама чим идам накај дома, не идам во Румунска. После тоа другарка ми ме држеше на секоја најмала кривина, а јас се ќезам од шестка до шестка. (шестката којашто после ќе ми ја пломбираат) Една жена почна да ми го пипа коленото, да види демек дали ме боли. Обично имам рефлекси на мртов коњ, ама прееска кога ме допре по колено, имав таква потреба од рефлекс, да ја учукам у глава. Кај се допира по колено, бе? - А бе не се смеј. Смешно е да се сопнеш, ама не и глава да скршиш. Еве, мене уште ме држи смеа. Заборавив да ви ги кажам последниците. Коленото ми помина, конечно. Ама затоа од другава нога (ќе ми извините биологија, ама слабо ми оди), на местото меѓу коленото и стапалото од напред, ми е потечено, плус ми е ко засечено малку, со крв. Што коска е таа - поима неам. Се' понадуено станува, машала. Ќе ја виткам после со зелка, ако не се смири.
Кој последен се смее, најслатко се смее. Во животот се се враќа и се се плаќа. Така да си знаете. Убав ден на сите.