Колку и да си паметен... статусите на фејсбук од 2009, првите мислења на фемина или првите постови на било кое виртуелно катче, барем еднаш во животот ќе те натераат да се чувствуваш како будала! Бруки...
Не знам зошто,но имам чувство како да не сум доволно сакана од никого. :/ И не знам,дали претерувам и барам премногу внимание и љубов,сум премногу себична,ама ете,не знам зошто,не се чувствувам сакано,не се чувствувам како некого да сум го направила горд на мене,а и многу често се чувствувам осамено дури и кога се наоѓам меѓу цела толпа луѓе,го мразам ова чувство...Некако ,како сите односи со луѓево околу мене да се површни,како да нема искрени чувства на љубов и меѓусебна почит,како сето тоа да станало навика.Се чувствувам како нешто да недостасува,но не знам што.Ми се чини дека секој ден се' повеќе тонам во осаменост,а демне и депресија,но се тешам дека ќе помине,ако не луѓето околу мене,барем музиката на неколку минути ме опушта и ме оттргнува од сето ова.Се надевам дека во скоро време се ова ќе биде минато,премногу го мразам ова чувство.
Смачено ми е од луѓе кои во живо се прават дека не ме познаваат, а кога им треба нешто прво кај мене бараат помош. Веќе дефинитивно треба да престанам да им помогнам, ама не сум таква.
Колку лоша недела ми мина тоа чудо некое како си достоив на себе си присебна, и сама си се чудам, најсериозно. Повторно мојот јак карактер излезе на површина, многу луѓе ме мразат, ништо на никој не сум згрешила но на секој му смета мојата среќа во малите нешта. Се што имам во животов сум стекнала сама и тоа на многу им смета. Мојот успех е најголема несреќа за луѓево. Ми одзедоа од рацеве многу надежна личност во која гледав се , повторно, но ако. Тоа го сваќам како да не била таа особа за мене, и повторно кога некој ќе ме праша пак вака ќе му одговорам : Па цркнете!!!! И како и многу млади луѓе, чувствувам дека набрзо и јас ќе ја напуштам оваа проклета нација од луѓе!!! Олоши од кои ми се гади
Откриен уште еден лажен пријател,и уште едно мое признание кон мајка ми дека го детектирала уште на почетокот на дружењето. Не дека се изненадив од постапката на дотичната,не е ни прв ни втор а богами ни трет пат. Ама ајде,некако сум поминувала преку тоа. Која будала,човече. Ми иде да се треснам со тавчено за палачинки во вакви моменти. Гледано од страна како најглупав човек на светот испаѓам. Таа зафркни,јас прости,и така во круг... Епа и мене ми прекисна. Официјално има еден икс долг колку нозете нејзини манекенски,и неќам лице веќе да и видам. Би требало да се нервирам ама незнам зошто се чуствувам среќно. Како човек кога ќе се ослободи од стара фотеља или слично. Сега со памет во глава одам кон градење нови се надевам подобри пријателства. Во тоа ме следат моите две најдобри другарки со кои секогаш заедно се справуваме со ситуацииве. Животов не престанува да ме изненадува....
Како знам дека сум глуп интроверт? Утре треба да бидам каде што 1000 луѓе сакаат да бидат и да се направат нешто што не се, што би чекале години да се докачат пред такви луѓе и да се трудат да мислат дека се важни. Такви што би сакале да се наметнат и експонираат, да се упикнат и потоа да се шлепаат и да користат. А јас еве ме фрустрирана и мрзоволна зошто НЕ МИ СЕ ОДИ. ЗОШТО? ЗОШТО МЕ МРЗИ!!! Веќе си замислувам како си заминувам од таму и како одам на кафе со другарка ми... Нека дојде некој да ми мавне бокс. НЕ СУМ ЗДРАВА, не...сериозно не сум. Викнете поп, готова сум. Ова однесување, мислам...
Ме вади од такт помислата кога пред извесено краток период сум дозволувувала личности да ме навредуваат воглавно во лице пред личности кои ми се драги и кои имале оформено добро мислење за мене, ко на пример, професори, деца со кои се дружам и кому им сум драга, пред симпатијата која штотуку ми фрлила око, а после тој настан веќе не сака ни да ме погледне. А јас најчесто стојам збунета и не сум знаела што да им вратам.
Ја знам што си зборам и не сакам некој будала да ми противречи Само неправда,само љубомора!!! Глупаци едни,што се не сте добиле аааа? Сега сами поарно ќе ви биде?И веќе почит аут.Сеа дваестпетчето ваше убаво на раполаѓање ќе ви е. Само знам поарно само во сон ќе видите. Ај сеа правец лудница..
Каков ден. Не, тоа не се опишува во неколку зборови... Ќе ми требаат реферати и реферати, а да се потсетувам, не фала. Туку, станав теткаааа.
Спојлер - Конзумирањето на пиво ја подобрува работата на жолчката, што помага во варењето на мрсната храна. Содржи многу влакна, па две чаши пиво овозможува дел од препорачаната доза, што овозможува што подолго време да се чувствувате сити, изјави доктор Стефан Домениг, секретар на The Original F.X.Mayr Health Centre во Австрија. Сигурно има разни извори и триста стории, али за мене само оваа е прифатлива. Не е фер ова. Сите по одмори се бе пааааааааааа. Цркнав од досада више. Им викам на моите: - Досадно ми е. - Оди до продавница. Океј, се праам дека не слушам. Се вртам наоколу: Oh! LOOK... internet! После некое време: - Досадно ми е. - Чисти ја собата. Значи ДОСАДНО ми е, не сум се мрднала во паметот. Сакам нешто да праам, негде да одам. Ама не да чистам или да одам до продавница. Океј, неам Анкл Стив.
СДК ... хм, кој кажал дека лето е посебна и магична сезона?? Кој ќе го преживее ова лето ќе раскажува ...
Кажи му ги маките на непознат, ќе добиеш искрен совет. А блискиот на тоа ќе одговори:,, Не знам јас тоа, ти си знаеш''.
Премногу самоуверени,самобендисани,луѓе кои знааат се, имаат пробано се ,што и да кажеш тие знаат се, секаде биле, се виделе, се имаат бла бла блаа Е таквите луѓе гледам да стојат што подалеку од мене затоа што шират само негативна енергија а и не планирам да си ги расипам очите од превртување додека ги слушам и се во мое друштво Спојлер ме нервира кога некого добро го знам и познавам а истиот не престанува да реди лаги и измислици кои најпрво очигледно е дека не се вистинити